REHAU Lyteus

Иновации

Способен за промена, вмрежен, дигитален - патот да се биде иноватор во светски рамки

Меѓународните пазари се подложени на постојани промени, комбинирани со сè поголема конкурентска околина. Барањата на нашите клиенти исто така се менуваат. Потребни се производи, кои ќе бидат убедливи не само во однос на квалитетот. Важноста на услугите и дополнителните функции, постојано се зголемува. Како дел од стратешката иницијатива РЕХАУ 2020, ние спроведуваме промени, кои се потребни за нашата компанија, со цел да продолжиме да ги исполнуваме овие барања. Ние се фокусираме на нови полиња на работа, нови материјали, нови технологии и нови бизнис модели и се потпираме на агилни пристапи и методи, за да ги прекинеме повлечените структури. Стратешките партнерства - на пример со цел понатамошен развој - се наменети да му помогнат на РЕХАУ да постигне уште поголем успех на пазарот.

Fabian_Christian_01 - 56999205

„Успехот на РЕХАУ се темели на иновации. Постигнуваме профитабилен раст, преку баланс помеѓу иновациите во нашиот основен бизнис и развојот на целосно нови области. Постојано работиме на забрзување на технологијата во нашата организација и придвижување на дигиталната трансформација. Инвестициите во нови производи, процеси и бизнис модели се всушност инвестиции во иднината на нашата компанија “.

Кристијан Фабијан, раководител на технологија и перформанси во РЕХАУ

Дигитализација и удобност

Smart Guard

Паметна заштита од провала

Паметната заштита од провала од РЕХАУ, треба да ги заплаши провалниците, уште пред да настане штета.  Акустичкото предупредување и светлосните сигнали се вклучуваат, кога некое лице само ќе се приближи до прозорецот.
Повеќе

Smart Sense

Кога мебелот станува кориснички интерфејс

Полимерниот профил, кој е осетлив на допир го претвора мебелот во кориснички интерфејс: така може да се прилагоди висината на масата, да се регулира светлината итн.
Повеќе

 

Алтернативни материјали и технологии

REHAU Lyteus

Светлина од ролна

РЕХАУ ја истражува технологијата на осветлување како дел од ЕУ-проект
Повеќе

Dr. Ahmad Al-Sheyyab

Лесни, полесни, ултра-лесни - композитни компоненти од РЕХАУ

Д-р Ахмад Ал-Шејаб и иднината на лесната конструкција.
Повеќе

MP-D129_480948_0 - 480948

Водород - извор на енергија на иднината

Водородот е одличен извор на енергија, кој може да се користи за производство на електрична енергија, од вода. Неговиот потенцијал на совршен акумулатор на енергија се должи на неговата разноврсност, која ја  придвижува и специјалистот за полимери РЕХАУ.
Повеќе

MP-D133_441322_1 - 441322

РЕХАУ поставува нови стандарди во авионската технологија

Сеопфатното ‘’Know-how’’ во обработката на полимери со високи перформанси и мала тежина, ја комплетира понудата на РЕХАУ за авионската индустрија: ‘’RAU-FLIGHT’’ значи нов вид композиција - со уникатен принцип за материјали.
Повеќе

AGI_168504365 - 51409

Нови материјали за 3Д печат

Tехнологијата ‘’Large Area Additive Manufacturing (LAAM)’’ може да се прошири со полимерни материјали кои се оптимално прлагодени за овој процес. 
Повеќе

 

Процес и обработка

Dr. Steven Schmidt

Рециклати на вештачки материјали за нови  производи

Веќе подолго време, РЕХАУ се посветува на употреба на одржлив материјали, како што се природни влакна или биополимери и ја промовира темата рециклирање.
Повеќе

MP-D119_339637_0 - 339637

Ласери за обработка на вештачки материјали

Ласерското заварување, обележувањето и сечењето се основни процеси за РЕХАУ при обработка на вештачки материјали.
Повеќе


Мрежи и партнерства

Dr. Ralf Sander

Поврзана РЕХАУ технологија

РЕХАУ го поврзува развојот на нови процеси и централното инженерство на процесите под поимот „Корпоративно истражување и развој на технолочките процеси“ (C-R + D PT).
Повеќе

Dr. Thomas Rhönisch

РЕХАУ Мрежа на компетенции за материјали

Зад областа на „Корпоративно истражување и развој на материјалот“, или ‘’C-R&D MAT’’, е глобално активната мрежа на РЕХАУ компетенции за материјали.
Повеќе


Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection