РЕХАУ поставува нови стандарди во авионската технологија

Polymere Überflieger

Полимерни високи летала

Во воздукопловството секој грам мртва тежина се брои, и е директно пропорционален со потрошувачката на гориво. Лесната конструкција е една од оние теми, кои особено влијаат на конструкцијата на авионите. Зголемените цени на керозин и итна потреба за намалување на емисиите,  стануваат се по значајни. Покрај тоа, безбедноста, сигурноста и економичноста на опремата во кабините се главни криериуми при планирање и избор на материјали. Клуч за успехот се лесни, цврсти и флексибилни материјали.

Со својата огромна експертиза за развој на профили, црева, додатни делови и системи за дихтување, РЕХАУ нуди ефикасни решенија за  авионската индустрија, за обложување на ентериерот во кабината уште од 1980 година. Сеопфатното ‘’Know-how’’ во обработката на полимери со високи перформанси и мала тежина, ја комплетира понудата на РЕХАУ за авионската индустрија: ‘’RAU-FLIGHT’’ значи нов вид композиција - со уникатен принцип за материјал. 30 микрони мали, незапаливи шупливи стаклени сфери, кои се вградени во вештачки материјал без воздух, го прават материјалот полесен, но и поцврст, иако потенок: Интелигентниот дизајн дозволува да се произведуваат компоненти со тенки идови, што придонесува за дополнителна оптимизација на тежината, но не го ограничува капацитетот на оптоварување. По долгото и детално следење, РЕХАУ доби одобрение за производот за авионската индустрија во 2012 година.

‘’RAU-FLIGHT’’ oзможува намалување на  тежината од 10 до 12,6 проценти во однос на незајакнатите термопласти. Пример: Кај долгите рачки-држачи со вкупна тежина од 48 кг, заштедени се околу 5 кг. Ова има директно влијание врз потрошувачката на керозин: Секоја година, авион во кој се вградени околу 100 килограми пластични делови во кабината, заштедува вкупно 2.000 литри керозин, со употреба на ‘’RAU-FLIGHT’’ и намалување на тежината од 12,6%.

Со ‘’RAU-FLIGHT’’, РЕХАУ поставува комплетно нови стандарди во однос на oптика и хаптика: оптичките својства на шупливите стаклени сфери, овозможуваат површините на профилите да бидат константни, мат и рамномерни. Рецепт, гранулат, производство и логистика, се од едно место. Решенијата на РЕХАУ убедуваат и со својата заштита од пожари.

Меѓународните клиенти во воздухопловната индустрија како што се „ Eurocopter “ или „Lufthansa Technik “ ги ценат иновациите на РЕХАУ. Во авион А350 од Ербас С.А.С.,  ‘’RAU-FLIGHT’’ е вграден во форма на браници и рачки, капаци на шините за седишта, профили за браници и канали за кабли.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection