ДИВАЈН Резиденс - Атинска

ДИВАЈН Резиденс - Атинска

27.11.2020

Во текот на нашето долгогодишно присуство на пазарот во Македонија, успеваме да соработуваме со компании кои имаат визија за иднината и план за совладување на предизвиците во градежништвото со модерни технологии. 

Позната по својата автентичност и висококлавитетни дела, градежната компанија, повеќегодишен партнер на РЕХАУ, со искуство, од над 27 години, во реализација на високо-квалитетни градежни проекти со истакнати меѓународни брендови, во согласност со најновите технолошки достигнувања и барања на ISO 9001, OHSAS 18001, ISO 14001 и FSC стандардите, решава да дизајнира и создаде луксузна станбена зграда во срцето на македонскиот главен град Скопје, со што би се подигнале стандардите на тековниот пејзаж на недвижнини. Водејќи се од идејата да обезбеди, домување од прва класа, препознатливо по својата одлична функционалност, врвен квалитет и енергетски ефикасни паметни системи, се раѓа проектот ДИВАЈН Резиденс - Атинска. Станува збор за зграда од 3 ката со 12 ексклузивни станови и 4 канцелариски простории сместени во урбана околина на над 2033 м2.

Идејата за вградување на РЕХАУ системите доаѓа од посетата на сопственикот на градежната комапнија, на повеќе РЕХАУ референтни објекти во Македонија и  Австрија, меѓу кои и РЕХАУ Продажното Биро во Гутрамсдорф, Австрија. Инспириран од посетите, одлучува во својата приватна куќа да ги вгради површинските системи за греење и ладење од РЕХАУ. Објектот е пуштен во работа во 2018 година.

По согледување на придобивките, од вградените РЕХАУ површински системи за греење/ладење во својот дом, сопственикот на градежната компанија, ја продолжува соработката со РЕХАУ, со желба да даде нова димензија на станбеното домување на Македонија. Идејата и визијата на инвеститорот, за нов концепт на станбено домување кој подразбира здраво и комфорно живеење и стручноста на РЕХАУ, со повеќе-годишно KNOW-HOW, во имплементација на иновативни системи за површинско греење и ладење, водат до решение за инсталирање на БКТ (термичко активирање на градежни конструкции) систем за ладење во објектот Дивајн Резиденс – Атинска. Така, станбенaта зграда Дивајн Резиденс Атинска станува првиот РЕХАУ референтен објект со вграден БКТ систем за ладење во нашата земја и поширокиот регион. 

ДИВАЈН Резиденс - Атинска

ДИВАЈН Резиденс - Атинска

Модерната архитектура, климатските влијанија како и зголемените барања за удобност, поставуваат високи стандарди за денешната иновативна градежна техника.
Со цел исполнување на овие стандарди на објектот Дивајн Резиденс – Атинска вградени се повеќе РЕХАУ системи:

  1. Подно греење/ладење со Такер систем и цевка РАУТЕРМ С (RAUTHERM S) 17х2.0 – 17 000 m
  2. БКТ (BKT) систем кој се користи за ладење, инсталирани 11 000 m цевка РАУТЕРМ С (RAUTHERM S) 17х2.0
  3. РАУТИТАН (RAUTITAN) – систем за водовод
  4. РЕХАУ ГЕНЕО (GENEO) прозорци

Како систем за греење во објектот е предвиден систем на подно греење. Проектирањето на системот е во согласност со EN 1264  и  EN 15377 стандардите. Системот се снабдува со топлинска енергија од централната градска дистрибутивна мрежа. Тој целосно ги задоволува потребите за греење на објектот. При проектирана надворешна температура од  -15 °C, внатрешната температура во објектот е од 20 до 24 °C, со што се задоволени стандардите на проектирање, а што е најважно исполнети се барањата на стандардите за максимална термичка удобност во поглед на греењето.

Поради тоа што од денешна перспектива не може да се предвиди запирањето, па макар и успорувањето на климатските промени кои во моментот се случуваат, во проектирање на објектот и внатрешните инсталации, мора уште од сега свесно и серизно да се земат во предвид надворешните климатски услови. Имајќи го тоа во предвид, термичкото активирање на градежни конструкции (БКТ) како систем кој може да грее и лади, е важен дел при одржливо проектирање и одржлива градба – градба ориентирана кон иднината .

Во објектот е инсталиран систем за термичко активирање на меѓуспратната конструкција, со што цевките се поставени во долната зона на армираната бетонска плоча и системот функционира како таванско ладење. Инсталирани се околу 11 000 метри цевка РАУТЕРМ С 17х2.0. Ладењето е безшумно, пријатно и рамномерно распространето во целиот простор.

ДИВАЈН Резиденс - Атинска

Рамномерната температура на површините во просториите кои се ладат со системот за термичко активирање на градежни конструкции, обезбедува исклучителна термичка удобност. Поради отсуството на конвективниот начин на оддавање на топлина, кај површинските системи за ладење, струењето на прашина и штетни материи не постои. Од ова произлегува дека просториите кои се ладат со систем на термичко активирање на градежни конструкции, од здравствен аспект, треба да се квалификуваат на повисоко ниво од просториите кои се ладат со конвенционалните системи и уреди за ладење.

Подното ладење се користи како дополнителен систем за ладење, со цел покривање на целосните потреби за ладење на објектот.

Како извор на енергија за ладење ќе се користи енергијата на подземната водата од бунари кои се наоѓаат во непосредна близина на објектот. Бунарската вода, директно преку изменувач ја предава енергијата на медиумот кој струи во системот, без употреба на друг извор на енергија ( Free - Cooling).

Со овие системи на греење / ладење се обезбедува стабилна и континуирана температура помеѓу 20 и 26 °C текот на целата година, без големи осцилации на температурата што придонесува до поголема ефикасност на самиот систем и поудобен престој во објектот.

Дополнително на ова, пасивниот принцип на ладење или т.н. „Free – Cooling“, како што кажува и самиот назив обезбедува ладење на објектот со незначителна потрошувачка на енергија.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection