BAU-D530_01 - 84301740

Системи за подно греење за новоградби

РАУТЕРМ СПИД самолеплив систем: Брз систем од 1 човек

Високоефикасен за куќи, дуплекси и згради
РАУТЕРМ СПИД самолеплив систем – залепи и готово!

Посебна карактеристика: Спојување на самолепливата цевка, со рамната леплива подлога од 3 mm, за јасно разграничување на градежните работи.

Предности:

  • Поставување од 1 човек без алат
  • До 30 % побрза инсталација
  • До 6 % повеќе леплива површина за сигурна потпора


РАУТЕРМ СПИД самолеплива подлога: Со топлинска и звучна изолација

Полистиролната плоча, обложена со самолеплива облога, овозможува полегнување на цевки без дополнителни алати. Достапна со различни дебелини на изолација.

Предности:

  • Без пробивање на изолацискиот слој со дополнителни прицврстувачи.
  • Гарантиранo oтпорен на звучни вибрации од газење
  • Јасно разграничување на работите


РАУТЕРМ СПИД сајлент: Брз, тивок, одржлив

РАУТЕРМ СПИД сајлент ги обединува предностите на самолепливата технологија со извонредните својства на минералната волна.

Предности:

  • тивко до 32 dB*
  • Незапалива изолација од минерална волна
  • Еколошки и одржлив

* Проценета намаленост на звучни вибрации Lw = 32 dB (мерна вредност според DIN EN ISO 10140-1 стандарди) при изградба на цврст плафон и порамнувачки естрих во согласност со DIN 18560 со маса на површината од околу 126 kg/m² (вкл. РАУТЕРМ СПИД K 16x1,5 mm со покриеност на цевките од 45 mm)

РАУТЕРМ СПИД плус самолеплива подлога: со 3 mm дебелина, рамна, за сигурно разграничување на градежните работи

РАУТЕРМ СПИД плус самолепливата подлога е со дебелина 3 mm и рамна, која едноставно се одмотува на лице место врз, веќе претходно поставената, изолација и се лепи врз долната подлога. На тој начин, сè е подготвено за поставување на цевките.

Предности:

  • Може да се постави на различни изолации и подови
  • Јасно разграничување на градежните работи
  • Не е потребно дополнително лепење на плочата
  • Брзо позиционирање благодарение на лепливиот слој, на задната страна
  • До 90 % помал волумен при транспорт и складирање

РАУТЕРМ СПИД со подлога Варионова: Екстремно ефикасен

Брзо и сигурно за висококвалитетни станбени и деловни простории
Со брзото поставување и извонредната проодност како плус за последователните завршни занаетчиски работи, комбинацијата од подлога Варионова и РАУТЕРМ СПИД цевка е изборот за објекти кои се критични, заради краткото време за изведба.

Предности:

  • Најпогодна за поставување од само 1 лице и побрза изведба, благодарение на 30 % пофлексибилните цевки.
  • Апсолутно безбедна потпора на цевките – исто така и во делови каде што се врти цевката

РАУТЕРМ СПИД со Такер-плоча: Побрзо на поголеми површини

Вистинска класика за проектирањеНашите висококвалитетни Такер-плочи обединуваат звучна и топлинска изолација, како и фиксирање на цевката во една компонента. Соодветниот Такер-уред, оптимизиран за потребите на градилиште, гарантира брзо поставување.

Предности:

  • Нема заглавени или скршени Такер-игли, благодарение на исклучително стабилна технологија
  • Побрзо поставување благодарение на 30 % пофлексибилните цевки
  • Апсолутно безбедна потпора на цевките – исто така и во делови каде што се врти цевката

РАУФИКС шина: Универзално решение

Флексибилна примена
Нашето индивидуално решение за мали и големи површини, како и за места со големо оптоварување.

Предности:

  • Едноставна структура на системот
  • Варијабилно поставување на шините, благодарение на можноста за полегнување на цевките без дополнителен алат
  • Примена, која не зависи од избраната изолација, наменета  и за градби со високо оптоварување

РАУТЕРМ (iso) СПИД K и РАУТЕРМ (iso) TAC 10

За инсталација на проодните водови за континуирано снабдување кај топловодното подно греење согласно стандардот EnEV. Се исполнуваат барањата за регулирање на температура во простории со корисна површина поголема од 6 qm.

Двете решенија се одликуваат со тоа што, проодните водови се инсталираат во самото ниво на изолација. Потоа поставените системи со подлога за полегнување РАУТАК 10 или РАУТЕРМ СПИД плус, служат како ефикасен слој за покривање и од една страна ги штитат, инсталираните цевки во понатамошниот тек на изградбата, како и придружната изолација. А друга страна, протокот на топлина од континуираниот вод во просторијата е значително намален, што ја овозможува способноста за регулирање на температурата во просториите.

Двата покривни слоја дејствуваат како ефикасен слој за распределување на товарот. Освен тоа, се зачувуваат својствата на звучната изолација, што се потврдува со компаративни мерења на независен институт. Брзата инсталација благодарение на стабилната подлога на превиткување РАУТАК 10, односно цврстата подлога РАУТЕРМ СПИД плус, ги прави двете решенија посебно атрактивни.

Систем за сува градба: Кога треба да се изработи брзо, едноставно и лесно

Благодарение на многу краткото време за полегнување, малата висина на поставување и малата тежина, системот за сува градба е наменет за реновирање.

Предности:

  • Брза изведба на должините, на плочите за полегнување, со помош на интегрирани предодредени точки на кршење
  • Ниска висина на поставување
  • Со својата мала тежина, посебно е погоден како систем за санирање на историски објекти.  
  • Може да се примени и за подно греење на спортски подови со еластична површина.

Базична плоча TS-14: Ниска висина на поставување и висок квалитет

Со висина на поставување од само 25 mm, краткото време на завршување и малата тежина, нашата базична плоча е најпогодна за проекти на санирање.

Предности:

  • Соодветно за греење и ладење, во станбени и нестанбени објекти
  • Идеално за историски објекти поради малата тежина
  • Без подигнување на топлоспроводливите ламели или цевките
  • Мало разбранување на температурата

Контакт

Имате прашања? Вработените во нашите канцеларии за продажба со задоволство ќе Ви помогнат.

Барање за контакт

Engineering progress

Enhancing lives