Fußbodenheizung

Очекувајте повеќе од Вашиот дом со подно греење и ладење

Во домот не сакаме ограничувања, ни кога станува збор за идеи, ни кога се работи за удобност во амбиентот.
Со подно греење од РЕХАУ можете да очекувате повеќе од Вашиот дом.


Повеќе комфор, повеќе место и повеќе квалитет на живеење

Системот за подно греење и ладење на РЕХАУ Ви отвора голем број можности. Очекувајте топлина што ќе се почувствува, но нема да се види. Тоа остава повеќе простор за Вашите замисли и чувство на благосостојба.


Уживајте во целосната флексибилност

Многу време се користи при уредувањето на домот. Бојата, мебелот и декорацијата – сè треба да биде токму онака како што сме замислиле. Зошто притоа да правиме компромиси?

Системот за подно греење и ладење на РЕХАУ Ви дава можност да ѝ дадете одврзани раце на Вашата замисла како да си го уредите домот. Веќе нема радијатори и/или вентилоконвектори што го блокираат скапоцениот простор, туку повеќе простор за Вашите идеи.

Очекувајте повеќе слобода:

Повеќе слободно време

Системот за подно греење на РЕХАУ не привлекува прашина, не мора да се лакира и нема тешко достапни агли кога се чисти со правосмукалка.

За сите подни облоги

Без оглед дали се работи за под од плочки, паркет, теписон или ламинат – системот за подно греење и ладење на РЕХАУ е практичен/идеален за сите видови подни облоги.

За новоградба или санација

Системите за подно греење и ладење на РЕХАУ имаат мали димензии за монтажа со што се овозможува вградување според индивидуалните потреби.   



Поголем фактор на благосостојба – во секое време и насекаде

Околу 90 % од времето го поминуваме во затворен простор. Соодветната амбиентална температура во голем дел го создава квалитетот на животот. Треба ли да се откажеме пријатноста и удобноста?

Системот за подно греење и ладење на РЕХАУ обезбедува рамномерна распределба на топлината во целата просторија. За разлика од поединечните радијатори, подното греење рамномерно ја загрева просторијата на начин што топлината се дистрибуира насекаде со што не се создаваат студени или премногу топли зони. Очекувајте пријатна клима во просторијата – без оглед каде стоите или седите.

Уште поголема удобност нуди системот за контрола на температурата во поединечните  просториии НЕА СМАРТ 2.0 (NEA SMART 2.0) којшто овозможува регулирање на собната температура онлајн преку интернет.

Дознајте повеќе за регулирањето на температурата


Поголема одржливост

Во прилог на удобноста и флексибилноста, треба да се каже дека системот за подно греење и ладење на РЕХАУ овозможува заштеда на енергија – што е добро за околината, но и за вашиот џеб, а набавката не е поскапа отколку кај конвенционалните радијатори. Тогаш, зошто би се одлучиле за стандардно решение кога има повеќе одржливи решенија за истата цена?

Кога станува збор за одржливоста, добро е да се знае дека системот за подно греење и ладење на РЕХАУ можете да го комбинирате со различни обновливи извори на енергија, како што се: сончевата термална или геотермална енергија – факт што го потврдуваат и KFW (Германска финансиска групација) и многу други  институции.



Заштеда на енергија до 20 %

Имате прашања за подно греење и ладење?

Често поставувани прашања на подно греење

Очекувајте повеќе совети и поддршка.

Советување, објаснување, поддршка. Клиентите во денешно време очекуваат повеќе од самата инсталација. Но, нели би било убаво ако исто така би имале лице за контакт за стручна поддршка? Ништо полесно од тоа. Ви стоиме на располагање со нашето портфолио на иновативни производи и услуги. Контактирајте нѐ.

Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.

Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.

An error occured, please try again later. (Form was not sent!)

Сите полиња означени со * се задолжителни и мора да се пополнат пред испраќање на формуларот.

Engineering progress

Enhancing lives

КОНТАКТ

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection