BAU-D1521 - 73786

Регулатор на температурата на поединечни простори НЕА (NEA)

Приходот од продажбата на технологијата за паметни куќи (Smart Home технологијата) ќе изнесува околу 5,3 милијарди евра во 2022 година*. Затоа уште денес треба да го користите НЕА СМАРТ 2.0 – регулаторот на собна температура, со кој флексибилно се покриваат барањата за регулација на системот за подно греење и ладење. Од регулирање на собна температура во едносемејни куќи до комплексни решенија за до 60 простории.

Профитирајте од паметниот систем, кој нуди многу предности.

Schnelle Installation

Едноставна инсталација, брзо пуштање во работа и одржување

Lösung für alle Anwendungsfälle

Едно решение за сите случаи на примена

Elegantes Design

Елегантен дизајн, паметни функции

Service und Support

Првокласен РЕХАУ сервис и поддршка

Einbindung in Smart Home-Systeme

Вградување во постоечки Smart Home системи на паметни куќи

954705_Umsatzwachstum - 87808

Раст на продажбата во областа на паметниот дом

NEA SMART 2.0

* Statista DMO: Извештај за паметен дом 2017



Секогаш вистинско решение


При нова градба или реновирање

НЕА СМАРТ 2.0 е достапен како безжична или Бус (Bus) изведба. Безжичната варијанта овозможува замена во реновирањето, без потреба од копање и малтерисување. (Бус)Bus изведбата е со едноставно ожичување, како решение, кое може да ги замени, речиси сите постоечки системи.

Бидете флексибилни

Безжична и Бус(Bus) технологија во еден уред - со централната единица за регулација НЕА СМАРТ 2.0, можни се и комбинирани инсталации. Благодарение на различните модули, системот, во секое време може да се прошири според потребите.



Побргу завршување со работа

Едноставна инсталација

Независно дали инсталирате НЕА СМАРТ 2.0 како безжична или (Бус)Bus верзија, двете изведби во пракса се убедливо едноставни за инсталација.

Брзо пуштање во работа

Со НЕА СМАРТ 2.0 Вие профитирате од централното програмирање на сите регулатори –  преку паметен телефон, таблет или компјутер.

Освен тоа, системот за регулација го компензира недоволниот хидраулички баланс, на пр. преку автоматско приспособување на параметрите за регулација, како и врз основа на функцијата за автоматско стартување.


Fernwartung


Со можноста за далечинското одржување, се зголемува и задоволството на клиентите

Во иднина, заштедете време на закажување термини на самото место и, наместо тоа, одберете можност за далечинско одржување и дијагностика. Вашите клиенти ќе бидат воодушевени што ќе можете брзо да одговорите!



НЕА СМАРТ 2.0 компоненти на системот

NEA SMART 2.0 (weiß)

Регулатор на собна температура

  • Висококвалитетен дизајн
  • ЛЕД –Матрикс (LED-Matrix)-екран
  • Бус (Bus) и безжична варијанта
  • Достапно во црна и бела боја
Stellantrieb

Основа

  • Централна единица за регулација за 8 простории
  • Хибридна технологија, погодна за безжичен и Бус (Bus) регулатор
  • LAN/WLAN како стандардна варијанта
  • Со можност за модуларно проширување
Zentrale Regeleinheit

Актуатор

  • Затворен без напон
  • Енергетски ефикасен, потрошувачка на енергија од само 1 Watt
NEA SMART 2.0 Erweiterungsmodul

Модул за проширување

  • За до 4 дополнителни простории и до 8 термички актуатори
  • Покажување на состојбата преку LED
  • За монтирање на ѕид или на шина
NEA SMART 2.0 App

Апликација за паметен телефон

  • Конфигурација на системот преку паметен телефон
  • Достапно ширум светот
  • Далечинско одржување и набљудување



Заедно до успех

Како сигурен партнер, ве подготвуваме за „Smart Home“ пазарот на иднината

Поддршка во продажбата

Ние Ве поддржуваме со професионално подготвен рекламен материјал – индивидуалено со Вашето лого. Вас, ова значи заштеда на пари и време. Со задоволство ќе ја прифатиме Вашата компанија и во нашиот онлајн пребарувач на партнери.

Советување и поддршка во планирањето

Со задоволство ќе Ве поддржиме со нашата поддршка во планирањето, уште во пред-нацрт и нацрт фазата поврзана со проектот – со вклучени упатства на лице место.

Софтвер

Без оглед дали станува збор за деловни или индустриски објекти, со РЕХАУ софтверот за планирање и пресметка ТЕХКОН (TECHCON) нудиме професионална алатка за планирање, проектирање и подготовка на спецификација на материјал за греење и водовод.

РЕХАУ академија

Искористете ја нашата сеопфатна понуда на семинари и веб презентации, за производи или за актуелни теми. Дознајте повеќе во нашиот планер на семинар или на www.rehau.mk/akademija

Smart Home-Partner

БИМ (BIM – Building Information Modeling) (Моделирање на градби со постоечки информаци)

РЕХАУ нуди (БИМ) BIM-содржина за голем број на производи, кои може да се применат во различни BIM-платформи. Со (БИМ) ќе ги спречите: проблемите, одложувањата и промените во планирање на градбата и ќе го подобрите почитувањето на термините и трошоците, со поголема транспарентност и контрола во целиот тек на изградбата.



Предности

Предности за Вашите клиенти:

  • Секогаш вистинска температура, за да се чувствувате добро, благодарение на автоматското прилагодување на навиките за греење, на Вашите клиенти
  • Екстра комфор преку можноста за гласовна контрола со Алекса (Alexa)
  • До 20 % помали трошоци за греење, благодарение на паметните функции како Геофенсинг, препознавање на отворен прозорец,
  • режим за заштеда на енергија и контрола на прозорците преку апликација
  • Елегантен, безвремен дизајн со модерен LED-Matrix-екран и опционална светлечка рамка
  • Совршено координиран целосен систем, за греење и ладење од едно место

Предности:

  • Едно решение за сите случаи на примена  – од едносемејна куќа па сè до зграда со 60 простории
  • Голема флексибилност: Можна е комбинирана инсталација со Бус(Bus) и безжични регулатори на простории
  • Можно е проширување на функцијата дополнително, во случај на проширување на градбата или нејзино реновирање
  • Едноставна инсталација и пуштање во употреба без алати, со интуитивен помошник за инсталација на
  • градилиште
  • Заштеда на време и големо задоволство на клиентите, благодарение на можноста за далечинско одржување
  • Автоматско софтверско ажурирање на инсталираните системи, безжично



Најважните прашања за паметна контрола на греењето НЕА СМАРТ 2.0

Во нашата сеопфатна збирка на ЧПП ќе ги дознаете најважните детали и информации за НЕА СМАРТ 2.0.

Прочитајте повеќе


Kontakt aufnehmen

Сега стапете во контакт со овластен претставник за продажба.

Сакате да станете наш специјализиран партнер за НЕА СМАРТ 2.0? Стапете во контакт сега со овластен претставник за продажба.

Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.

Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.

An error occured, please try again later. (Form was not sent!)


Einzelraumregler Nea


Безусловно верувате во испробаниот и тестиран регулатор на температура на поединечните простории (NEA)НЕА?


Регулаторот на температура НEA овозможува удобна и безбедна контрола на температурата, за секој да се чувствува удобно. Опремен со многу практични функции, тој е прецизен регулатор, а со изборот на различни временски програми е лесен за употреба. Како комплетно решение со разделник за регулaција, тајмер, далечински сензор и актуатор.

Предности:

  • Едноставна монтажа во дозна или директно на ѕид
  • Едноставно ракување преку три копчиња
  • Tочно поставување на собната температура
  • Бесшумно вклучување


Engineering progress

Enhancing lives

Контакт

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection