BAU-D329 - 17796810

Одвод во објекти

На прв поглед

Комплетен систем за едносемејни куќи и големи објекти.

Нашиот асортиман на цевки, спојни елементи и додатоци РАУПИАНО ПЛУС, е универзално применлив и компатибилен со конвенционалните ХТ и КГ системи, во сите димензии од DN 32 до DN 200 – со оптимална звучна изолација и заштита од пожар.

17 dB

Лесна инсталација 
со РАУПИАНО ПЛУС

F90

Заштита од пожар
со РАУПИАНО ПЛУС

30 %

Побрза монтажа
со РАУПИАНО ПЛУС

Премиум звучно-изолирана цевка –
одобрена од институтот Фраунхофер

Тивка како шепот, РАУПИАНО ПЛУС значително паѓа под законски обврзувачките минимални услови, за звучна изолација на санитарните инсталации. Исполнета е и заострената VDI-директива 4100 .

Заштита од пожар: Брзо, едноставно и според стандардите. 
Дури и ако работата мора да оди брзо на градилиште, не смее да се случат никакви грешки, кога станува збор за заштитата од пожари. Нашите решенија за противпожарна заштита се дизајнирани за едноставно планирање и едноставна монтажа и на тој начин едноставен тест за прием.

Времето за монтажа е редуцирано на минимум
Исклучувањето на грешките при планирање и инсталација и намалениот трошок за монтажа заштедуваат до 30 % од времето за работа во споредба со СМЛ-гусените цевки.

Звучна изолација: Одобрено од институтот Фраунхофер:

Тивка одводна инсталација

Нашиот систем на звучно-изолирани цевки РАУПИАНО ПЛУС, е со ниво на звук од само 17 db(A)* под бараните вредности од Директивата VDI 4100 за звучна изолација. Потивко од шепот, бидејќи сите компоненти – цевките, спојните елементи и технологијата на прицврстување – придонесуваат РАУПИАНО ПЛУС да функционира без бучава.

Raupiano

Нашата повеќеслојна технологија, која апсорбира звук
Средниот слој на цевките е со висока тврдост и благодарение на звучно-абсорбирачките материјали, со кои е исполнет, достигнува густина на цевката од 1,9 g/cm³. На тој начин во голема мера се намалува нивото на звучност.

Raupiano

Помалку звуци од удар, во делот за пренасочување
Насочената оптимизација на масата на местото на удар на свиокот DN 90 до DN 160, го намалува развојот на бучава. Хидраулички оптимизираните внатрешни контури на разграноците истовремено ја намалуваат и бучавата од протокот.

Raupiano

Помалку бучава во градежната структура благодарение на стегите за прицврстување со висока изолација.
Нашиот патентиран систем на стеги за прицврстување, обезбедува уште поголема тишина. Тој го намалува преносот на звукот врз ѕидот, на кој е монтирана инсталацијата.


* Прицврстување со патентиран потпорен прицврстувач за звучна изолација од РЕХАУ (P-BA 274/2016)

Дали знаевте?

Уште потивко, благодарение на одвојување на бучавата од градежната структура.

Нашиот патентиран прицврстувач со високо ниво на амортизација ја одвојува бучавата, која се пренесува градежната структурата. Составен од стега за  прицврстување и водилна стега, значително го намалува преносот на бучава на ѕидот на кој е изведена инсталацијата. Точниот момент на затегнување на водилната стега, се одредува со затворачот на клипот и држачот на растојание. Покрај тоа, специјалната геометрија на гумената подлошка обезбедува центрирање на цевката на исто растојание од сите страни на стегата.

Заштита од пожар: F90 со нулта растојание

Најмал потребен простор при највисока безбедност на планирање

Нашиот систем на звучно-изолирани цевки РАУПИАНО ПЛУС, е одличен и при заштитата од пожар. Во комбинација со  цевките за вода и греење, РАУТИТАН, се исклучува потребата од проверка на минималните растојанија кои треба да се почитуваат. И двата системи заедно ги дадовме на проценка, а експертското мислење потврдува има нула растојание, речиси за сите комбинации. Тоа важи и за комбинацијата на РАУПИАНО ПЛУС со незапаливи метални водови.

Нашите решенија за заштита од пожар се одобрени од градежната инспекција и исполнуваат период на отпор на пожар од најмалку 90 минути.

100% топлинска изолација

Без да се занемари топлинската изолација, нашите решенија за заштита од пожар може да се користат и кај топлинско изолирани тавани, како на пример, во подземни гаражи.

Заштедуваат простор и се безбедни

Raupiano plus grafik - 56538

314-D008_550942_0 - 550942


000130D5_3885_0 - 3885


00013D03_3882_1 - 3882

Лента за заштита од пожар која заштедува простор, DN од 40 до 110
Дизајнирана за вградување во плафон со заштеда на простор, нашата лента за заштита од пожар е паметно решение за монтажа од само едно лице – без бушење и дупчење. Исечи, залепи и готово.

Противпожарни манжетни DN 50 до 125 и DN 40 до 200
Без оглед дали се монтирани под плафон или на ѕид, нашите противпожарни манжетни„КОМПАКТ“ се идеални со особено ниска висина на вградување од само 30 mm. Нашите поголеми противпожарни манжетни  „ПЛУС“ се погодни за вградување во плафон или во ѕид.

Аголни манжетни DN 75 до 125
Аголната противпожарна манжетна, е идеален избор кај особено тесни простори и за водови кои се појавуваат под агол. Се монтираат под плафонот.

Економичност: Без компромиси

ZGT_09389 - 62578723

35 % заштеда на простор

Заштедете до 35 % простор: Во споредба со СМЛ, РАУПИАНО ПЛУС заштедува простор, бидејќи зафаќа малку место. Решенијата за заштита од пожар на РЕХАУ особено заштедуваат простор. Освен тоа, се елиминираат потпорите на доводните цевки кои се задолжителни кај СМЛ-лиени цевки. Тенката РАУПИАНО ПЛУС стега, овозможува слободен простор за монтажа – дури и кога е тесно.

9 наместо 5 бањи
Бидејќи онаму каде што кај СМЛ-лиените цевки димензијата е 80, кај РАУПИАНО ПЛУС димензијата е 90. Со повисок проток од 20 % може да се поврзат 9 наместо 5 бањи на една одводна цевка.

30% побрза монтажа

Во споредба со СМЛ-гусените цевки, со нашите звучно-изолирани цевки се заштедува до 30% од времето за работа. Тоа е овозможено со исклучување на можни грешки при планирање и инсталација, како и со намален трошок за монтажа.


Пониски трошоци за материјал
РАУПИАНО ПЛУС ги намалува трошоците за материјал за до една третина, споредено со класичната комбинација од СМЛ-лиените и ХТ-пластичните цевки. Заедно со заштедената монтажа, ова е исплатливо и за инсталатерите.

Предностите од намалени трошоци за монтажа и материјал, може да се докажат со реализиран голем објект со 313 станбени единици, каде што инвеститорот и изведувачот ја пресметале инсталацијата со СМЛ и ХТ. Пресметката се заснова врз спецификација на материјалите. Времето на монтажа потекнува од надворешна, независна студија на Инунг Шпенглер, техничар за санитарија и греење во Минхен.

wirtschaftlichkeit - 114522

Видеа

Downloads

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection