Одржливост РЕХАУ

Ние сме одговорна компанија

Како компанија, секогаш сме размислувале долгорочно и за идните генерации. Затоа, одржливоста ја направивме да биде составен дел од нашата корпоративна стратегија. На овој начин, сакаме да покажеме одговорност кон луѓето и околината.




 

РЕХАУ учествува во иницијативата 50 лидери во одржливост и климатска заштита

Како компанија, секогаш сме размислувале долгорочно и за идните генерации. Одговорно користење на ресурсите, трајни и иновативни производи и одржливи инвестиции се дел од нашата ДНК. Горди сме што сме дел од иницијативата: 50 лидери во одржливост и климатска заштита, како една од 50 водечки компании, кои спроведуваат сериозни мерки, со цел своите деловни модели да ги направат поодржливи.

Иницијативата 50 лидери во одржливост и климатска заштита, обединува водечки компании ширум светот, кои покажуваат желба да преземат ефективни активности во борбата против климатските промени.

Дознајте повеќе: www.50climateleaders.com



50_SCL_LOGO_contentblock - 116516


Што движиме ние:

Icon_CO2_down_White - 100664


29 %

Заштеда на СО2 (2018 во споредба со 2009 година)

Icon_Recycling_Quote_White - 100669


12 %

Квота на рециклирање на вкупна тонажа (2018)

Icon_Recycling_Fensterprofil_White - 100666


97.000 t

Заштеда на СО2 со рециклирање стари прозорци во рамките на производството на прозорци (2018)

Icon_Recycling_Produktion_White - 100668


90 %

Стапка рециклирање на повратните материјали во рамките на производството (2018)


Icon_Recycling_Verpackung_White - 100672


65 %

Од пакувањата се изработени од одржливи материјали (2018)

Icon_Stromsparen_White - 100673


17 %

Заштеда на електрична енергија (kWh / kg) (2018 во споредба со 2009 година)

Icon_Strom_erneuerbar_White - 100677


20 %

Нашите фабрики се снабдуваат со електрична енергија од обновливи извори на енергија (2018)

Icon_Wassersparen_White - 100679


31 %

Заштеда на вода (2018 во споредба со 2009 година)

Нашите главни теми

Кружна економија, начин на снабдување со енергија, кој е неутрален кон климата, промовирање на различностите - ова се нашите централни теми на патот кон уште поголема одржливост. Ние не правиме отстапки - дури ни во оние области за кои е потребен посебен напор. За РЕХАУ, ова е единствениот начин за постигнување на траен успех -  да се зачува квалитетот на животот на планетата за сегашните и идните генерации. Во согласност со нашето ново мото: Инженерски напредок. Подобрување на животoт.

При нашето делување кон одржливост, ние се раководиме од целите за одржлив развој на Обединетите нации:

Klimaziel_Vereinte_Nationen_08_schwarz

Одржлив раст

Одржливиот профитабилен раст е дел од мисијата РЕХАУ. Во овој поглед, одлучувачки се два фактори: од една страна, здрав раст е можен само ако ја подобриме профитабилноста во секоја дивизија. Сакаме да постигнеме одржлив раст со иновативни производи и решенија кои ги задоволуваат потребите на пазарот и недостатокот на ресурси.

Долгорочно: годишен раст од 1 до 3% во просек

Klimaziel_Vereinte_Nationen_10_schwarz

Промовирање на различноста

Иновативната сила лежи во различни  перспективи. Ние ја цениме и промовираме различноста на мешаните тимови и сакаме да ја направиме уште поважна за сите вработени, без оглед на возраста, полот, потеклото или статусот. Главен приоритет за нас е да обезбедиме еднаков третман. Една од целите ни е да го подржиме унапредувањето на жените на раководни позиции. 

Зголемување на процентот на жени на раководни позиции од 10% на 15% до 2025 година (во споредба со 2016 година)

Klimaziel_Vereinte_Nationen_12_schwarz

Напредок на кружната економија 

Одговор на ограничените ресурси и обврската за намалување на емисијата на СО2 на производите на долг рок, може да се најде само во кружната економија. Ова значи дека материјалите, кои може да се рециклираат, да се одржуваат во кружниот циклус, со што ќе има помалку отпад и помала потрошувачка на енергија. За таа цел, ние дополнително ќе ги прошируваме надворешните партнерства, мрежи и услуги.

Зголемување на нашата стапка на рециклирање од 11% на 15% до 2025 година (во споредба со 2016 година)

Klimaziel_Vereinte_Nationen_13_schwarz

Форсирање на климатска заштита

Со иновативно, мрежно снабдување со енергија, ќе дадеме свој придонес за позитивно спротивставување на климатските промени. Нашата цел е дополнително да ги намалиме апсолутните емисии на СО2 во нашите фабрики во Европа. Со години ја зголемуваме енергетската ефикасност на нашите производствени капацитети преку широк спектар на мерки и го зголемуваме учеството на зелена елекрична енергија. Постојано ја зголемуваме употребата на обновливи енергии.

Намалување на нашите емисии на СО2 за најмалку 30% (во споредба со 2018 година)

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection