RAUTITAN Trinkwasserleitungen

Очекувајте повеќе од водата за пиење


Во секојдневието внимаваме прехранбени производи кои ги купуваме да имаат највисок квалитет.

Зошто би отстапувале од тоа кај водата за пиење? Со РЕХАУ може да очекувате повеќе од водата за пиење.


Повеќе од само инсталација за вода

Водата може да направи повеќе отколку само да тече низ водоводот. РЕХАУ ги искомбинира повеќедецениското искуство и иновативните материјали во ефикасен систем: Системот РАУТИТАН се залага за повеќе квалитет, хигиена, безбедност и притоа помала потрошувачка на енергијата.

Очекувајте повеќе од инсталацијата за вода – со РЕХАУ и системот за вода за пиење РАУТИТАН.



Повеќе квалитет благодарение на материјалот без олово

Кога купувате за семејството, квалитетот е важен критериум. Ние внимаваме на тоа да ги земеме најдобрите производи. Зошто не и кај водата за пиење?

Од системот за вода за пиење РАУТИТАН може да очекувате повеќе квалитет. Со своите нови приклучоци тој е целосно ослободен од олово и ја обезбедува најдобрата вода за пиење за сите – секој ден.


Trinkwasserhygiene

Повеќе хигиена

Хигиената е задолжителна кај прехрамбените производи  – зошто не и кај водата за пиење? Ако системот за вода за пиење е инсталиран неправилно, цевките обезбедуваат идеална основа за легионели и други патогени: Долгите застои во цевките го поттикнуваат растежот, а во одредени температурни подрачја патогените се размножуваат многу брзо.

Како да обезбедиме повеќе хигиена:

Движење

Се препорачува прстенест цевовод: Кога ќе ја отворите чешмата, целата содржина на цевоводот се движи и секое место се измива.

Изолација

Цевките РАУТИТАН се изолирани посебно ефикасно. На тој начин, значително побавно настануваат температури разлики што се погодни за бактериите.

Непропустливост

Технологијата на поврзување на РАУТИТАН е особено непропустлива и спречува создавање бактерии – официјално потврдено од Институтот Фраунхофер.   



Повеќе безбедност

Повеќе безбедност со РАУТИТАН – и тоа на долги патеки. Цевките од високотехнолошкиот материјал PE-Xa издржлив на висок притисок се основа за повеќедецениска безбедна употреба.

Кај техниката за поврзување, РЕХАУ се користи исклучиво на стабилни материјали, кои се употребуваат и во космонаутиката. Тие се особено отпорни на корозија. Ова нуди поголема заштита кај проблематичните квалитети на водата за пиење.

 

Материјал од космонаутиката

за Ваша безбедност

 


Заштедете повеќе енергија

Топлата вода не треба многу да се олади, а студената вода не треба многу да се  стопли. Но, и при краток застој, водата во цевките може да се стопли или олади. Со ова не само што настануваат идеални услови за живот за микроорганизмите – туку и чини пари.

Од изолацијата на цевките РАУТИТАН може да очекувате повеќе: Потрошувачката на енергија за топла вода е значително намалена. А со тоа остануваат повеќе пари за убавите нешта во животот.

Контакт

Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.

Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.

An error occured, please try again later. (Form was not sent!)

Сите полиња означени со * се задолжителни и мора да се пополнат пред испраќање на формуларот.

Engineering progress

Enhancing lives

КОНТАКТ

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection