Информации за заштита на податоци

РЕХАУ се радува на Вашиот интерес за нашата компанија и нашите производи. Сакаме да се чувствувате пријатно кога ќе контактирате со РЕХАУ. Поради тоа, безбедноста на Вашите лични податоци како име, адреса, телефонски број и адреса на е-пошта што се појавуваат кога стапувате во контакт со РЕХАУ, за нас е мошне важна.

Овие информации за заштита на податоците се наменети за лицата со кои комуницира РЕХАУ, вклучително клиенти, добавувачи, даватели на услуги, други деловни партнери, заинтересирани лица, посетители на нашите веб-локации, корисници на нашите апликации, други корисници на нашите производи или услуги и посетители на нашите локации (заедно означени како „Вие“ или „Вам“). Тие ги содржат информациите според чл. 13 и 14 од ГДПР.

1. Поими

Обработката на личните податоци се врши во согласност со прописите за заштита на личните податоци и интерните правила. 
Поимот "лични податоци"  ги опфаќа сите информации кои се однесуваат на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува. "Обработка на лични податоци" претставува секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

2. Назив и адреса на контролорот, надлежен орган

Контролор согласно Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП):
РЕХАУ Дооел
ул. Борис Трајковски 7 бб
1000 Скопје

Надлежен орган:
Агенција за заштита на личните податоци
Бул.Гоце Делчев бр.18 
Скопје,
Е-маил: info@privacy.mk 

3. Цели на обработка и правна основа

Рехау, ги собира и обработува вашите лични податоци во следниве случаи:

  • Доколку не контактирате директно, преку нашата веб страница, или преку услугите за клиенти на РЕХАУ или ако не посетите на нашите локации, учествувате на нашите настани, анкети за мерење на задоволство, натпревари, и сте заинтересирани за нашите производи или имате било какви проблеми,
  • Ако купувате услуги или производи од нас,
  • Ако барате информации за нашите прозиводи или услуги,
  • Ако купувате производи на РЕХАУ,
  • Ако вие нудите или продавате производи или услуги.

Ве молиме да ни помогнете вашите лични податоци да ги чуваме ажурирани, со тоа што за соодветнтите промени ќе не известите навремено, особено вашите податоци за контакт.

Доколку Рехау обработува ваши личните податоци, обработката се однесува на вашето име и вашите деловни податоци за контакт, како што се компанијата, функцијата, телефонскиот број или е-пошта, како и датумот на договорот и трансакцијата. Дополнителни категории на податоци може да се соберат за одредени цели опишани детално подолу во оваа политика.

Покрај собирањето на вашите податоци од нашите формулари за контакт на нашата веб -страница, ние исто така ги собираме податоците директно од вас или од општо достапни извори (на пример, деловен регистар, органи и интернет) ограничено на неопходниот степен за постигнување на таа цел.

4. Цел и правна основа на индивидуална обработка на личните податоци

Во продолжение на оваа политика, согласно законските обврски, ве известуваме за која цел се обработува секој личен податок собран за вас. Рехау може да во насочи кон оваа политика, и доколку е тоа потребно да ви даде дополнително ифнормации.

4.1. Обработка на личните податоци за подготвка, склучување и извршување на договори

Рехау како производна компанија, обработува лични податоци во рамки на постапките за купо-продажба, како и за извршување на договорни обврски. За таа цел, податоците се обработуваат за склучување на договор, обработка на понуда, консултирање со клиенти, произведување и испорака на стоки, управување со договори и постапување по жалби.

Во контекст на овие активности, се обработуваат следниве категории на личните податоци:

  • Податоци за контакт/ лични податоци на вработените (име, презиме, адреса, е-маил адреса, телефон)
  • Логистички податоци, како што се адреса за достава,
  • Податоци за склучување на договор, односно за исплата  

Податоците потребни за подготвување на понуда и извршување на договор можеби ќе биде потребно да ги пренесеме на трети страни кои се интегрирани во синџирот на снабдување или на друг начин се потребни за извршување на договорот.

Со цел проверка на кредитната способност на нашите деловни партнери, ние ги обработуваме податоците што ги добиваме согласно законските обврски на кредитните бироа (како што е македонското кредитно биро). Покрај, тоа, со цел минимизирање на ризикот од неисполнување на обврските, Рехау го задржува правото да ги пријави искуствата со клиентите во соодветните евиденции кои ги регистрираат искуствата со плаќања и ги оценуваат компаниите (Кредитор, Биснод). Ова не се однесува на искуствата на плаќања со физички лица.

Со цел оптимизирање на финансиските трансакции, Рехау го задржува правото да пренесе побарување од своите деловни клиенти на компанија за наплата на побарувања  како дел од финансирање на побарувања. Само податоците поврзани со компанијата (име на должникот, причина, износ, рок на достасување на побарувањето) ќе се пренессат со цел наплата на побарувањата. Доколку е неопходно за потврдување на побарувањето, компанијата за наплата ќе ги пренесе гореспоменатите податоци на трети страни за проценување на кредитот. Правната основа за финансирање/факторинг на долгови е член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП.

Правен основ за финансирање (пренесување) на долгови, доколку обработка на личните податоци се вклучени во исклучителни случаи, е член 10 став 1 точка 6 од Законот за заштита на личните податоци.

Доколку личните податоци се собираат директно за понуда или исполнување на договор, Рехау ќе ве информира кои податоци се апсолутно неопходни. Член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП ќе претставува правен сонов за обработка на личните податоци, кога податоците не се презмени директно од вас туку од вашиот работодавач или друго трето лице со кое вие или вашиот работодавач сте во договорни обврски.  Податоците ќе бидат обработени онолку колку што е неопходно за извршување на договорот или за исполнување на понатамошни правни т.е. обврски и одговрност за исправноста на производот (пример. Должноста за информирање, појаснување и предупредување).

Ако обработката се врши врз основа на член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП, вие имате право на приговор на обработката на личните податоци кое се однесува на активнсотите на обработка на вашите лични податоци.

4.2. Користење на портал за клиенти

РЕХАУ им нуди на своите клиенти да употребат портал за клиенти со цел да се поедностави  обработката на нарачките, кое овозможува пристап до одредени конфигурирања на производи и други услуги. Со регистрацијата ќе бидете информирани кои податоци се неопходни за користење на порталот за клиенти. Целта и правната основа се опишани во точка 4.1 од оваа политика. Понатаму, дополнителни податоци ќе се користат за контакт со клиентот (согласно точка 4.9).

Кога го користите порталот за клиенти, индивидуалните трансакции се чуваат и архивираат во согласност со законските прописи за складирање врз основа на чл. 10 став 1 точка 3 од ЗЗЛП.

Можете да ја откажете употребата на порталот за клиенти и складирањето на вашите лични податоци во порталот за клиенти во секое време,  ако истите веќе не се неопходни за исполнување на договорот. Ве молиме контактирајте ја продажната канцеларија одговорна за вас (линк: „контактирајте не“ во порталот за клиенти). Складирањето на трансакциите останува непроменето.

4.3. Користење портал за добавувачи

РЕХАУ одржува портал за добавувачи. При регистрацијата како добавувач, ќе бидете информирани за видот и обемот на податоците што се потребни за регистрација. Податоците се користат за сите деловни процеси поврзани со набавка на стоки и услуги, вклучително мерки за обезбедување квалитет, управување со односите со добавувачите, договори за обработка, управување со ризик, употреба на информациски и комуникациски системи, оптимизација на внатрешните процеси и администрација на порталот за добавувачи. За овие цели, можеби ќе биде неопходно да ги пренесеме Вашите лични податоци на други компании во групацијата РЕХАУ, а потоа ќе следи стапување во контакт на овие компании со Вас.

4.4. Процедура за аплицирање (член 10 став 1 точка 2 ЗЗЛП)

За постапката за аплицирање има дополнителните известувања за заштита на личните податоци кои ќе бидат доставени одделено во самата апликација. Следниве информации важат за сите апликации.

4.5. Учество на настани и посети на лице место (член 10 став 1 точка 6 ЗЗЛП)

Со задоволство очекуваме да се сретнеме лично за време на посета на една од нашите локации или на некој од нашите настани. Ние ги обработуваме вашите лични податоци со цел да организираме и спроведеме настани и да ви обезбедиме информативен материјал. Во случај на настани, можеме да ги проследиме вашите податоци до говорниците и учесниците. Ова е важно за да се обезбеди непречено одвивање на настанот. Исто така, ги користиме податоците собрани во овој процес за да ги процениме и обработиме нашите настани.

РЕХАУ исто така ги користи анкетните онлајн прашалници за да добие повратни информации. Ако учествувате во соодветна анкета, важат политиките за заштита на податоците на давателот на услугата од истражувањето (https://www.surveymonkey.com/mp/legal/privacy/).

За документирање на настаните, како и за медиумите и за односите со јавноста, може да се направат слики и видео снимки од настаните. Исто така во овој проце ќе бидат обработи и личните податоци (слики). Вие имате право на приговор на ваквата обработка на личните податоци во секое време за причини кои се однесуваат на вашата конкретна ситуација. Тие ќе го земат предвид вашиот приговор и ќе ги преземат неопходните мерки.

4.6. Користење на услуги (консултирање)

Покрај нашите производи и системски решенија, РЕХАУ нуди различни услуги. Ова исто така вклучува консултации и услуги што ги нудиме по телефон, е-пошта, формулари за контакт, а можеби и на лице место. Со оваа услуга би сакале да ве поддржиме при изборот на системите РЕХАУ и нивната примена.

Во контекст на оваа услуга, неопходните податоци што ги давате во врска со барањето за услуга, како што се податоци за контакт / лични податоци (презиме, име, адреса, е-пошта, итн.) може да се складираат заедно со засегнатите производи и проблемот за кој се дава консултација. На овој начин, сакаме да се осигураме дека можеме да ви дадеме конкретни дополнителни совети во случај на какви било прашања подоцна, врз основа на претходната историја на дадени услуги. Основата на ова складирање е оправданиот интерес за ефективна и конзистентна консултантска активност. Вашите податоци ќе бидат зачувани само во директна врска со дадената услуга. Рехау исто така ќе ги обработува овие податоци,  со цел податоците за дадената услуга кои се релевантни и потребни за одбрана во идни побарувања и постапки за одговорност а особено во врска со одгворност кое произлегува од поризводот. Податоците ќе бидат избришани ако веќе не се потребни за оваа намена, најдоцна по поминување на законските рокови за иницирање на овие постапки.

Доколку вашите лични податоци се обработуваат само врз основа на член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП, вит имате право на приговор врз основа на вашата конкретна ситуација.

4.7. Пристап до просториите на компанијата за испорака на стоки ли извршување на услуга или работни изведби

Во овој случај, ние ги собираме не само вашите податоци кои се директно неопходни за извршување на договорен однос, како што се име, презиме, компанија, податоци за фактура, податоци за идентификација на возилото, туку и времетраењето на вашиот престој во РЕХАУ врз основа на член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП. Доколку се случи итен случај и неопходна евакуација, целта е да се знае за лицата што престојуваат во зградата или во просториите. Ако сте во просториите за деловни прични, времетраењето на вашиот престој може да се искористи за да се проверат и оптимизираат внатрешните процедури и да се провери закллучоците за податоците за перформансот (на пример, фактури).

Кога се испорачува стока, камерите се користат и за следење на логистичките процеси на различни локации.

Врз основа на законски обврски или член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП, за да се докаже исполнувањето на обврските за безбедност на патиштата, се документираат и безбедносните упатства дадени на посетителот.

Се разбира, можете да не се согласите со обработката врз основа на член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП во секое време врз основа на вашата конкретна ситуација.

На нашите простории видео надзор се врши само на отворени простории. Соодветните знаци ќе ви го посочат ова. Овој видео надзор служи за да го обезбеди нашето производство и нашите системи за обработка на податоци. Ова обезбедува уште поголема заштита на личните податоци.

4.8. Коорпоративна комуникација и надворешни слики (член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП)

Како дел од нашето учество во настани, посетата на нашето саемско присуство и други настани, а со цел документирање на настанот со медиумите и односите со јавноста и коорпоративните комуникации, се прават слики и видео снимки од овие настани. Во овој процес се обработуваат и лични податоци (слики).

Објавувањето на материјалот со слика се одвива и електронски на социјалните медиуми како што е Фејсбук и во печатените медиуми. Правна основа за оваа обработка е член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП за кооорпоративна комуникација, како и законот за авторски права.

Доколку е можно фактички и правно разумно, на секој поединечен настан повторно ќе се упатува на сликите. Доколку обработката на сликите се одвива врз основа на чл. 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП , имате право на приговор во секое време, врз основа на вашата конкретна ситуација. Можете да го искористите ова право со тоа што однапред ќе го известите фотографот за овие причини и тој ќе го земе предвид тоа во својата работа. Со задоволство ќе ви ги доставиме деталите за предметниот настан.

4.9. Усогласеност, спроведување на законот и превенција на криминални активности (член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП)

Рехау ги обработува личните податоци, до степен кој е предвиден со закон, за да утврди правни побарувања и да се брани во правни спорови. Во контекст на барањата за усогласеност на компанијата, податоците исто така може да се користат за спречување, разјаснување или спречување на кривични дела. Покрај претходно споменатите категории на личните податоци, доколку е потребно за оваа намена се користат и податоците кои се однесуваат на кредитоспособноста, податоците за посети, податоците за кориснички сметки,  како и податоците за кореспонденција, податоците за купо-продажба. РЕХАУ, исто така, користи внатрешен систем за укажувачи, при што за пријавување може да се поднесат анонимни и персонализирани пријави. Овие податоци ќе бидат избришани или целосно анонимизирани во согласност со важечкото законодавство или веднаш по завршувањето на соодветниот случај.

Безбедноста генерално е осигурена преку системите за безбедност на зградата и постројките, како и  за обезбедување на нашите системите за обработка на личните податоци, како што се контрола на пристап или видео надзор. Наведените контроли се извршуваат само на отворено на нашите простории. Дополнителни и детални инфомрации за истите можете да добиете на лице место.

Понатамошна обработка на вашите лични податоци вршиме со цел проверка на деловните проверки во рамки на законските барање за усогласеност со законот. Доколку личните податоци не се добиени директно од вас, истите ги собираме и од јавно достапни извори и база на податоци како дел на правнат правната проверка (due diligence).  Податоците собрани од овие извори се обработуваат исклучиво за оваа цел и се бришат веднаш штом е веќе не се потребни за таа цел. Оваа обработка на личните податоци се основа на член 10 став 1 точка 3 од ЗЗЛП, имајќи предвид дека правната проверка на деловните партнери претставува законска обврска, или врз основа на член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП, легитимниот интерес на компанијата за евалуација на нејзините деловни партнери со цел намалување на ризикот. Доколку обработката се однесува врз основа на член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП, вие имате право на приговор на обработката врз основа на вашата конкретна ситуација.

4.10. Комуникација за рекламирање и истражување на пазарот (Член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП)

Врз основа на член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП или доколку сте дале согласност за обработка (член 10 став 1 точка 1 до ЗЗЛП), ние ги обработуваме вашите лични податоци за рекламна комуникација, анкети за задоволство на клиентите, рекламни кампањи и за спроведување на наградна игра. На овој начин, ни можеме дополмнително да го подобриме нашиот асортиман на производи и услуги и да дејствуваме со по тагетирани мерки.

Во контекст на овие активности, може да се обработат потребните податоци како што се податоци за контакт / лични податоци (презиме, име, адреса, е-пошта). Во рамки на дадената согласност, дополнителни податоци може да се обработуваат за оваа цел, како што се: интереси, лични преференции, професија.

Кога станува збор за активен (постоечки) клиент или доколку се согласувате со тоа, горенаведените информации ќе ги донбиете по е-маил. За деловните партнери кои не се потрошувачи, информациите се дават по телефон или аналогно.

За наведените цели, можеби е неопходно да ги пренесеме вашите лични податоци на компании кои се дел од групацијата РЕХАУ за подобро да одговориме на вашите желби или постојано да ги подобруваме нашите производи и услуги. Во секој случај, согласно член 25 став 2 од ЗЗЛП, имате право на приговор во секое време на обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг или во согласност со членот 11 став 3 од ЗЗЛП да ја повлечете согласноста во секое време, а правното дејствие се однесува само на идна обработка на податоци.

За понатамошен развој на нашите производи, услуги и деловни процеси, како и за истражување на пазарот, ги анализираме податоците што ни се достапни а кои се однесуваат на деловни трансакции, договори и барања. Во никој случај во оваа обработка не е можно да се извлечат заклучоци односно информации за поединечни физички лица. Се разбира, ние ја почитуваме вашата одлука доколку не сакате да ги користиме вашите лични податоци за да ги поддржиме нашите односи со клиентите - особено за директен маркетинг или истражување на пазарот.

4.11. Усогласеност со законските обврски (член 6 став 1 точка 3 од ЗЗЛП)

РЕХАУ подлежи на голем број законски обврски во врска со обработката и чувањето лични податоци. Овие се однесуваат, на пример, на комерцијални и даночни прописи, а во согласност со законот за облигациони односи и законите кои се однесуваат на даноците.

Со цел усогласување со овие обврски, ние ги обработуваме вашите податоци во неопходниот обем и, доколку е потребно, ги предаваме на одговорните органи во рамките на законските обврски за известување.

4.12. Цели на понатамошна обработка

Обработката на личните податоци се врши и во контекст на процедурите за управување со квалитет и подобрување на задоволството на клиентите, за понатамошно развивање на производи и услуги, да се спроведе истражуваање и развој и да се подобри ИТ безбедноста и ИТ операциите,. Последната точка, исто така, вклучува обработка за да се идентификува и спречи неовластен пристап до личните податоци.

Обработка на овие лични податоци се врши согласно 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП. Без дадена соодветна согласност, не може да се извлечат заклучоци за индивидуалните физички лица.

Во индивидуални случаи оваа обработка може да биде предмет на приговор врз основа на вашата конкретна ситуација.

4.13. Пренос на личните податоци во трети страни

За горенаведените цели, личните податоци може да бидат откриени на трети страни кои помагаат на контролорот во спостигнување на целите. Обработката се врши во смисла на член 32 од ЗЗЛП, и согласно член 30 од ЗЗЛП кпога станува збор за заеднички контролор или како пренос на податоци во контекст на користење на професионални услуги.

За пренос на податоци до приматели во трети земји (види точка 6 подолу).

5. Времетраење на чување

Ние ги чуваме вашите лични податоци само онолку долго колку што е неопходно за целите за кои се прибрани или додека чувањето е законско или во рамките на службените прописи. Ние веднаш ги бришеме или блокираме вашите податоци кога тие повеќе не се потребни.

Покрај тоа, ние ќе ги избришеме или блокираме вашите податоци веднаш по отповикувањето на вашата согласност и во случај на оправдано противење на обработката на податоците.

6. Планиран пренос на податоци до трети земји

За целите наведени во оваа политика за приватност, можеме да ги споделиме вашите лични податоци со други компании во рамки на РЕХАУ групацијата. Другите компании можат да ги користат вашите лични податоци во свој интерес за исти цели како и ние. Особено, тие можат да ги обработуваат вашите лични податоци за наведените цели во. Во рамките на РЕХАУ групацијата, вработените имаат пристап само до вашите лични податоци, до колку тоа е потребно за извршување на нивните должности.

Податоците се пренесуваат од филијалите во ЕУ/ЕЕП кон филијалите надвор од ЕУ/ЕЕП, или врз сонова на одлука за адвекатност на Европската Комисија (Член 45 став 3 од GDPR) или врз основа на стандардни клаузули (Член 46 став 2 точка Ц од GDPR) кое содржи соодветни гаранции за субјектот на личните податоци.

Текстот на стандардните клаузули за заштита ан личните подаотиц се објавени на следниот линк: https://ec.europa.eu/info/law/law-topic/data-protection/data-transfers-outside-eu/model-contracts-transfer-personal-data-third-countries_en

Преносот на личните податоци од Рехау во Република Северна Македонија во земја членка на Европската Унија или во Европскиот економски простор се врши врз основа на член 48 став 2 од ЗЗЛП. Пренос на личните податоци во трети семји се врши врз основа на член 49 и 50 од ЗЗЛП.

Ние исто така можеме да ги откриеме вашите лични податоци на трети страни надвор од компаниите РЕХАУ со цел да се здобијат со технички или организациски услуги кои ни се потребни за исполнување на наведените цели или други деловни активности. Нашите даватели на услуги со договор се обрзани да ги обработуваат личните податоци исклучиво во наше име и според наши инструкции. Ние, исто така, ги обврзуваме нашите даватели на услуги да превземаат технички и организациски мерки кои обезбедуваат заштита на личните податоци. Доколку давателите на услуги се наоѓаат во земји во кои важечките закони не обезбедуваат никаква заштита на лични податоци споредливи со македонски закони, ние со договор ќе се осигураме дека релевантните даватели на услуги ги почитуваат законските нивоа на заштита на податоците. При меѓународен пренос на лични податоци во трети земји, друштвото ги презема сите технички и организациски мерки со цел податоците да бидат заштитени. Дополнилтелно, Рехaу целосно ги имплементира законските одредби кои се однесуваат на меѓународниот пренос на податоци. За повеќе информации можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на личните податоци.

7. Онлајн користење на податоците / посета на нашата веб-локација

Во продолжение ќе дознаете кои информации по потреба ги собираме при посета на нашите веб-локации и како потоа ги третираме. Веб-локациите на РЕХАУ може да содржат врски кон веб-локациите на други понудувачи, на кои не се однесува оваа изјава за заштита на податоците.

Кога ја посетувате нашата веб-локација, зачувуваме податоци за пребарувачот и оперативниот систем што ги користите, датумот и времето на Вашата посета, како и IP-адресата. Овие податоци се потребни за да функционираат локациите, особено за да се обезбеди непречено поставување на врската и да се обезбеди разумно користење на нашата веб-локација. Не можеме да Ви ги доделиме овие податоци.

Без Ваша соработка, не собираме никакви лични податоци преку нашата веб-локација. Самите Вие одлучувате дали сакате да ни ги дадете таквите податоци во рамките на регистрација, нарачка, анкета итн.

Освен тоа, на нашата веб-локација посебно ги користиме следниве технологии:

7.1. SnapEngage Live-Chat-Tool

Оваа веб-локација користи SnapEngage, услуга за Live-Chat на SnapEngage, LLC. Ако се согласувате со функцијата на насловните страници за колачиња, односно активно користите Live Chat SnapEngage, колачињата што овозможуваат анализа на Вашето користење на веб-локацијата се зачувуваат на Вашиот компјутер. Овие генерирани информации се пренесуваат исклучиво на сервер на SnapEngage во ЕУ и се складираат таму со цел да се оцени Вашето користење на разговорите и да ни бидат достапни како извештаи. SnapEngage по потреба ќе ги пренесе овие информации на трети страни кога тоа е пропишано со закон или кога таквите трети страни треба да ги обработуваат информациите во име на SnapEngage. SnapEngage во ниеден случај нема да ја поврзе Вашата скратена IP-адреса со други податоци на SnapEngage. За повеќе информации, погледнете ги напомените за заштита на податоците на SnapEngage, до кои можете да пристапите овде: http://snapengage.com/privacy-policy/.
SnapEngage ќе ни ги проследи овие информации на барање. Ова се прави исклучиво за внатрешна употреба, доколку е дозволено, по потреба и за да стапиме во контакт со Вас.

7.2. Chatbot / DialogFlow

Кога сакате да ја користите нашата услуга „РЕХАУ Chatbot“ (на пример преку нашата веб-локација www.rehau.com или во рамки на мобилни апликации), мора изречно да се согласите со оваа примена на нашите насловни страници за колачиња. Во овој случај, се собираат и чуваат личните податоци, меѓу кои истории на разговори, IP-адреси и колачиња од страна на давателот на услуги Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Dublin 4, Ирска и Botcopy Inc., a Deleware Corporation што се наоѓа во Санта Моника, Калифорнија. Овие информации се неопходни за обезбедување на услугата „РЕХАУ Chatbot“.
Понатамошни информации во врска со ова ќе најдете на: https://policies.google.com/privacy како и на https://www.botcopy.com/privacy/ и https://www.botcopy.com/gdpr/.

7.3. Услуга за веб-аналитика Google Analytics

Ако се согласувате со нашето присуство на веб на насловни страници за колачиња, оваа веб-локација користи Google Analytics, услуга за веб-аналитика на Google Inc. Google Analytics користи колачиња, текстуални датотеки што се зачувуваат на Вашиот компјутер и овозможуваат анализа на користењето на веб-локацијата. Информациите што се генерираат преку колачето за Вашето користење на оваа веб-локација по правило се пренесуваат на сервер на Google во САД и се складираат таму. РЕХАУ ја активираше анонимизацијата на IP на оваа веб-локација, според тоа, Вашата IP-адреса ќе биде претходно скратена од Google во земјите-членки на Европската унија или во другите земји-договорнички на Договорот за Европската економска област. Само во исклучителни случаи, целосната IP-адреса ќе се испрати до сервер на Google во САД и таму ќе се скрати. Во име на операторот на оваа веб-локација, Google ќе ги користи овие информации за да го оцени Вашето користење на веб-локацијата, да состави извештаи за активноста на веб-локацијата и да обезбеди други услуги поврзани со активноста на веб-локацијата и користењето на интернет на операторот на веб-локацијата. IP-адресата што ја пренесува Вашиот пребарувач како дел од Google Analytics нема да се спои со други податоци на Google. Може да спречите складирање на колачиња со соодветно поставување на софтверот на Вашиот пребарувач; сепак, Ви укажуваме дека во овој случај, доколку е применливо, нема да може целосно да ги користите сите функции на оваа веб-локација. Оттаму, може да спречите Google да ги собира податоците генерирани од колачето и поврзани со Вашето користење на веб-локацијата (вкл. Вашата IP-адреса) и да се обработуваат овие податоци од страна на Google, така што ќе го преземете и инсталирате приклучокот за пребарувач достапен на врската http://tools.google.com/dlpage/gaoptout.

Исто така, може да спречите Google Analytics да собира податоци, така што ќе кликнете на следнава врска. Ќе се постави колаче за одбивање што ќе го спречи идното собирање на Вашите податоци кога ќе ја посетите оваа веб-локација: деактивирај Google Analytics


Повеќе информации за Условите за користење и заштита на податоците ќе најдете на https://www.google.com/analytics/terms односно на https://policies.google.com.
Ви укажуваме дека на нашата веб-страница Google Analytics е проширена со кодот „gat._anonymizeIp();“, со цел да се гарантира анонимно собирање на IP-адресите (т.н. маскирање на IP).

7.4. Google Tag Manager

Ако се согласувате со нашето присуство на веб на насловните страници за колачиња, оваа веб-локација користи Google Tag Manager. Tag Manager не снима лични податоци. Алатката се грижи за активирање на други ознаки што од своја страна може да снимаат податоци под одредени услови. Google Tag Manager не пристапува до овие податоци. Ако се извршила деактивација на ниво на домен или колачиња, таа останува за сите ознаки за следење што ќе се имплементираат со Google Tag Manager. Напомените за заштита на податоците од Google за оваа алатка ќе ги најдете овде: https://policies.google.com/privacy.

7.5. Google Ads Remarketing

Ако се согласувате со нашето присуство на веб на насловните страници за колачиња, нашата веб-локација ги користи функциите на Google Ads Remarketing, со тоа ја рекламираме оваа веб-локација во резултатите од пребарувањето на Google, како и на веб-локациите на трети страни. Понудувач е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Dublin 4, Ирска („Google“). За таа цел, Google поставува колаче во пребарувачот на Вашиот краен уред, што автоматски овозможува рекламирање засновано на интерес со помош на псевдоним ИД за колачиња и врз основа на страниците што сте ги посетиле.

Секоја понатамошна обработка на податоците ќе се случи само ако сте се согласиле со Google дека Вашата историја на интернет и пребарувачи на апликации ќе бидат поврзани со Вашата сметка на Google од страна на Google и дека информациите од Вашата сметка на Google ќе се користат за персонализирање на рекламите што ги гледате на веб. Во овој случај, ако сте најавени на Google додека ја посетувате нашата веб-локација, Google ќе ги користи Вашите податоци заедно со податоците на Google Analytics за да креира и дефинира списоци на целни групи за ремаркетинг меѓу уредите. За таа цел, Вашите лични податоци ќе бидат привремено поврзани од Google со податоците на Google Analytics со цел да формираат целни групи. Поставувањето на колачиња за претпочитани реклами може трајно да го деактивирате со преземање и инсталирање на додатокот на пребарувачот достапен на следнава врска: https://adssettings.google.com/authenticated.

Алтернативно, кај Digital Advertising Alliance на интернет-адресата www.aboutads.info може да се информирате за поставувањето на колачињата и поставките во врска со ова. Конечно, може да го поставите пребарувачот така што ќе бидете информирани за поставувањето на колачиња и поединечно да одлучите дали ќе ги прифатите или ќе исклучите прифаќање на колачиња за одредени случаи или воопшто. Во случај на неприфаќање на колачињата, функционалноста на нашата веб-локација може да биде ограничена. Понатамошни информации и одредбите за заштита на податоците во што се однесуваат на рекламирањето и Google може да ги видите овде: https://policies.google.com/technologies/ads.

7.6. Користење на Google reCaptcha

Во нашите формулари за контакт со кои може да поставувате барања за услуги и информации до РЕХАУ, ја користиме услугата reCAPTCHA на Google.
Барањето служи за да се препознае непријателски напад на нашата веб-локација, при што се прави разлика помеѓу внесувања од човек и автоматизирани, машински внесувања. Користењето на оваа апликација е неопходно за обезбедување на услугата што РЕХАУ ја нуди преку своите формулари за контакт и затоа се заснова на член 6 I б од ГДПР. Таа е неопходна е за давање на услугата, бидејќи во спротивно веб-локацијата не би била доволно заштитена од автоматско шпионирање, злоупотреба и спам. Според тоа, користењето исто така е и во интерес на примателот на услугата. За таа цел, Вашиот внес ќе се пренесе до Google и таму понатаму ќе се обработи. На Google му се пренесуваат IP-адресата и, по потреба, другите податоци што ги користи Google за услугата.

Според тоа, нашите формулари може да ги користите за контакт само ако се согласувате Google reCaptcha да се користи за заштита на локацијата.

Во исклучителни случаи, Вашите податоци може да се обработуваат и во земји без соодветно ниво на заштита на податоците надвор од Европската унија (во т.н. трети земји).

Со цел да обезбедиме соодветно ниво на заштита на податоците при пренос на лични податоци во овој случај, преземаме дополнителни мерки во согласност со член 44 и следните од ГДПР и на тој начин осигуруваме дека преносот е генерално дозволен (на пр. со склучување стандардни договори на ЕУ) .

До онаа мера до која ефективноста на стандардните договорни клаузули не е конечно разјаснета, преносот на податоците го засноваме на член 49 од ГДПР, особено на Вашата изречна согласност, односно на потребата од обезбедувањето формулари за контакт без ризик.

ЕУ ги смета САД како земја без соодветно ниво на заштита на податоците; особено постои ризик Вашите податоци да бидат обработени од американските власти за контролни цели, во даден случај без доволно можности за правна заштита.

Повеќе информации за Google reCAPTCHA, како и за изјавата за заштита на податоците, ќе најдете на https://www.google.com/recaptcha/intro/v3.html или https://www.google.com/privacy.

Одговорно тело за оваа обработка на податоци е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Dublin 4, Ирска.

До лицето одговорно за независно обезбедување на услуга и одбрана од непријателски напади се пренесуваат следниве податоци: Вашето веб-барање, IP-адресата, типот на пребарувач, јазикот на пребарувачот, датумот и времето на Вашето барање, едно или повеќе колачиња што во одредени околности може да го идентификуваат Вашиот пребарувач.

Доколку не се согласувате со користењето на Google reCAPTCHA, тогаш не смеете да ги пополнувате формуларите за контакт во кои се користи Google reCAPTCHA!

Доколку сакате да ги користите услугите на РЕХАУ без користење на Google reCAPTCHA, во секое време може да ни испратите е-пошта или писмо, а ние потоа ќе се погрижиме за Вашето барање на други начини.

7.7. Приклучок за Facebook

Ако се согласувате со нашето присуство на веб на насловните страници за колачиња, на нашата веб-локација ќе го користиме „пикселот за акција за посетители“ од Facebook Inc. На овој начин може да се следи однесувањето на корисниците откако ќе бидат пренасочени на веб-локацијата на давателот со кликнување на реклама на Facebook. Овој метод се користи за оценување на ефикасноста на рекламите на Facebook за статистички цели, како и за цели за истражување на пазарот, и може да помогне во оптимизирањето на идните мерки за рекламирање. Собраните податоци се анонимни за нас, што значи дека не ни овозможуваат никакви заклучоци за идентитетот на корисникот. Сепак, Facebook ги складира и обработува податоците, така што е можно поврзување со соодветниот кориснички профил и Facebook може да ги користи податоците за свои рекламни цели во согласност со Директивата за користење податоци на Facebook: https://mk-mk.facebook.com/about/privacy/.

Податоците може да му овозможат на Facebook, како и на неговите партнери, поставување реклами на Facebook и надвор од него. Покрај тоа, за овие цели може да се складира колаче на Вашиот компјутер.

Може да се спротивставите на собирањето пиксели од Facebook и користењето на Вашите податоци за поставување реклами на Facebook. За таа цел, може да ја повикате страницата поставена од страна на Facebook и да ги следите упатствата за поставките за рекламирање што е засновано на употреба: https://www.facebook.com/settings?tab=ads
Алтернативно, може да објавите приговор на веб-локацијата http://www.youronlinechoices.com/. Поставките се независни од платформата, што значи дека важат за сите уреди, на пр. десктоп-компјутери или мобилни уреди.

7.8. Facebook Remarketing

Ако се согласувате со нашето присуство на веб на насловните страници за колачиња, на нашата веб-локација ја користиме функцијата за ремаркетинг „Custom Audiences“ на Facebook Inc. (1601 S. California Ave, Palo Alto, CA 94304, САД; „Facebook“). Оваа функција е наменета за насочување на посетителите на веб-локацијата со рекламирање засновано на интерес на социјалната мрежа Facebook. За таа цел, на веб-локацијата е имплементирана ознаката за ремаркетинг на Facebook. Преку оваа ознака, при посета на веб-локација се воспоставува директна врска со серверите на Facebook. Со ова ќе му се пренесе на серверот на Facebook која од нашите страници сте ги посетиле. Facebook овие информации ѝ ги доделува на Вашата корисничка сметка на Facebook. Ако ја посетите социјалната мрежа Facebook, тогаш ќе Ви се прикажат персонализирани реклами на Facebook, засновани на интерес.

Функцијата за ремаркетинг „Custom Audiences“ може да ја деактивирате овде. Повеќе информации за собирање и користење на податоците од страна на Facebook, за Вашите права во врска со ова и можностите за заштита на Вашата приватност ќе најдете во напомените за заштита на податоците на Facebook на https://mk-mk.facebook.com/about/privacy/.

7.9. Facebook Lead Ads

Ако се согласувате со нашето присуство на веб на насловните страници за колачиња, користиме Facebook Lead Ads, со цел да добиеме податоци за контакт од корисниците коишто на Facebook се интересираат за нашите производи и услуги. Нашите рекламни огласи на Facebook на тој начин се прошируваат со понатамошни опции за интеракција, особено опцијата за корисникот преку формулар за контакт да побара дополнителни информации за нашите производи и услуги. Доколку некоја заинтересирана страна испрати таков формулар, податоците дадени од корисникот ќе бидат зачувани како Lead на Facebook и ќе се пренесат до нас. Овие податоци ги користиме само за намената наведена во Lead Ad. Ова може да биде, на пример, име за лично ословување, е-пошта за испраќање на саканите информации за производот или телефонски број за стапување во контакт по телефон. Понатамошни информации во врска со ова ќе добиете директно од Facebook на https://mk-mk.facebook.com/about/privacy/.

7.10. Приклучок за YouTube

Ако се согласувате со нашето присуство на веб на насловните страници за колачиња, за интегрирање на видеата на нашата веб-локација користиме приклучоци за YouTube LLC (ги застапува Google Inc.). Во овој случај, штом ја користите нашата веб-локација, се воспоставува врска со серверите на YouTube и се прикажува приклучокот. Со ова ќе му се пренесе на серверот на YouTube која од нашите страници сте ги посетиле. Ако притоа сте регистрирани како член на YouTube, YouTube ги доделува овие информации на Вашата лична корисничка сметка. При користење на приклучокот, на пример, откако ќе кликнете на копчето за почеток на видео, овие информации исто така се доделуваат и на Вашата корисничка сметка. Ова доделување може да го спречите со одјавување од Вашата корисничка сметка на YouTube и други кориснички сметки на компаниите YouTube LLC и Google Inc. пред да ги користите нашите веб-локации и да ги избришете соодветните колачиња од компаниите. Понатамошни информации за обработка на податоци и информации за заштита на податоците од страна на YouTube (Google) ќе најдете на: https://www.facebook.com/about/privacy/.

7.11. Приклучок за Microsoft

Ако се согласувате со нашето присуство на веб на насловните страници за колачиња, нашата веб-локација користи следење на конверзии од Microsoft Corporation. Притоа, Microsoft Bing Ads поставува колаче на Вашиот компјутер доколку сте стигнале до нашата веб-локација преку реклама на Microsoft Bing. Microsoft Bing и ние на овој начин може да препознаеме дека некој кликнал на реклама, бил пренасочен на нашата веб-локација и стигнал до однапред одредена целна страница (страница за конверзија). Притоа го дознаваме само вкупниот број на корисници кои кликнале на реклама на Bing и потоа биле пренасочени на страницата за конверзија. Не се соопштуваат лични информации за идентитетот на корисникот. Ако не сакате да учествувате во процесот на следење, исто така може да го одбиете поставувањето на колаче што е потребно за ова – на пример преку поставката на пребарувачот што генерално го деактивира автоматското поставување колачиња. Понатамошни информации за заштитата на податоците и колачињата што ги користи Microsoft Bing може да најдете на веб-локацијата на Microsoft: https://privacy.microsoft.com.

7.12. Outbrain

Ако се согласувате со нашето присуство на веб на насловните страници за колачиња, на нашата веб-локација ја користиме технологијата на давателот Outbrain UK Ltd., со која нашите корисници се упатуваат на понатамошна, можеби и интересна содржина во рамките на нашата веб-локација и на веб-локации на трети страни. Понатамошните препораки за читање што, на пр., Outbrain ги интегрира подолу, се одредуваат врз основа на досегашните содржини читани од страна на корисникот. За приказ на овие понатамошни интереси што се засноваат на интереси, Outbrain користи колачиња. За анонимизирање на IP-адресата, се отстранува последниот октет на IP-адресата, со цел да може да се гарантира целосна анонимност.
Во секое време може да му се спротивставите на следењето од страна на Outbrain за приказ на препораки засновани на интересот на https://my.outbrain.com/recommendations-settings/home.

7.13. Adform

Ако се согласувате со нашето присуство на веб на насловните страници за колачиња, на оваа веб-локација ќе се користи технологијата на Adform A/S. Овој систем користи колачиња за следење и управување со дигиталните рекламни кампањи. Adform со поставувањето на колачињата не зачувува лични податоци како име, адреси на е-пошта или други лични податоци. Сите информации се чисто анонимни и содржат технички информации, како на пример зачестеноста на рекламите и датумот на прикажување на рекламниот материјал, користениот пребарувач или инсталираниот оперативен систем. Притоа не е можен заклучок за Вашата личност. Бидејќи IP-адресите во Германија се оценуваат како лични податоци, Adform никогаш не зачувува целосни IP-адреси во Германија, туку го скратува последниот октет со цел да се усогласи со заштитата на податоците.
Во секое време може да ја повлечете својата согласност. За таа цел, користете ја следнава врска: https://site.adform.com/privacy-policy-opt-out. Со ова се зачувува таканаречено колаче за исклучување (OptOut) на Вашиот уред, што им сигнализира на техничките системи дека во иднина не смеат да се мерат понатамошни податоци и дека нема да смеат да се постават колачиња.

7.14. Сметка на РЕХАУ / cidaas

Кога ја користите нашата услуга „Сметка на РЕХАУ“ (на пример преку https://accounts.rehau.com или во рамки на мобилни апликации), ќе бидат побарани и зачувани минималните лични податоци потребни за обезбедување на услугата. Основната услуга – назив на производот „cidaas“ – притоа ќе се стави на располагање преку нашиот обработувач на налози Widas ID GmbH, Maybachstraße 2, 71299 Wimsheim.
Понатамошни информации во врска со ова ќе најдете на: https://www.cidaas.com/privacy-policy/.

7.15. Cloudflare

Кога ја користите нашата услуга „Сметка на РЕХАУ“ (на пример преку https://accounts.rehau.com или во рамки на мобилни апликации), личните податоци, меѓу кои и анонимизираните IP-адреси и колачињата, ги собира и чува до седум дена давателот на услуги Cloudflare, Inc., 101 Townsend St, San Francisco, CA 94107, САД. Овие информации се неопходни за зголемување на безбедноста на услугата и се користат исклучително за оваа намена.
Понатамошни информации во врска со ова ќе најдете на: https://support.cloudflare.com/hc/en-us/articles/200170156-Understanding-the-Cloudflare-Cookies како и на: https://www.cloudflare.com/privacypolicy.

7.16. Други колачиња

Колачињата се всушност мали текстуални датотеки што најчесто од некоја веб-локација се поставуваат на компјутерот. Колачињата притоа исполнуваат многустрани цели на примена. Тие технички никогаш не се ризични, бидејќи им недостасува „активна“ способност. Тие не можат да изведат примена која ќе биде штетна. Тие содржат исклучиво информации кои се потребни за удобно користење на интернетот. Освен тоа, самите си поставивме краен рок за бришење колачињата. Без Ваша обновена согласност, тие ќе се чуваат најмногу 12 месеци од првото собирање. За таа цел, преземаме технички мерки на претпазливост за да обезбедиме автоматско бришење.

Класични примери за задачи на колачињата: податоци за пријавување, обезбедување количка, анализа на корисници, полиња за формулари. Информации што може да се складираат во колачињата: животен век, име на сервер, единствен ID, податоци за содржината.

Користење колачиња:

  • Функција
    Функциските колачиња односно сесиските колачиња се чисто технички колачиња што се потребни за беспрекорна функција на нашата веб-локација.

Сите други колачиња ги користиме само ако сте дале согласност како дел од нашата насловна страница на Управникот за согласност за колачиња. Овие колачиња ги структуриравме на следниот начин:

  • Статистика
    Преку статистичките колачиња, односно колачињата за следење, се разбира целосно анонимно, се оценува однесувањето на корисниците при посетата на нашата веб-локација. РЕХАУ, како и, доколку е применливо, одговорното тело, добиваат вредни информации за начинот на користење на веб-локацијата, што им овозможува на РЕХАУ и, доколку е применливо, на одговорното тело, подобро да ги усогласат истите со интересите на посетителите
  • Маркетинг
    Како дополнение на нашите сопствени колачиња, користиме колачиња од трети страни, со цел да прикажеме персонализирани реклами на нашите и другите веб-локации. Овој процес се нарекува „повторно таргетирање“. Тој се заснова на Вашата активност на нашата веб-локација
  • Други
    Освен тоа, додатоците што се користат на нашата веб-локација користат свои колачиња. За видовите и целите на колачињата може да се информирате на наведените локации на давателите на услуги од трети страни.

Понудувач на колачиња за прелистување
Колачиња за прелистување

Consentmanager:Ја интегриравме алатката за управување со согласност „consentmanager“ (www.consentmanager.net) од Jaohawi AB (Håltgelvågen 1b, 72348 Västerås, Шведска, info@consentmanager.net) на нашата веб-локација, за да добиеме одобрувања за обработка на податоците, односно користење на колачиња или споредливи функции. Со помош на consentmanager ја имате можноста да ја дадете или одбиете својата согласност за одредени функционалности на нашата веб-локација, на пр. за целите на интегрирање надворешни елементи, интегрирање стриминг содржини, статистичка анализа, мерење опсег и персонализирано рекламирање. Со помош на consentmanager може да ја дадете или одбиете својата согласност за сите функции или, пак, да ја дадете својата согласност за поединечни цели или поединечни функции. Исто така, накнадно може да ги промените поставките што сте ги направиле. Целта на интегрирањето на consentmanager е да им овозможиме на корисниците на нашата веб-локација да одлучат за гореспоменатите работи и да понудат опција за промена на поставките што веќе се направени во рамки на понатамошната употреба на нашата веб-локација. Во текот на користењето на consentmanager, се обработуваат лични податоци, како и информации од користените крајни уреди, како што е IP-адресата.
Правна основа за обработката е чл. 6 ст. 1 стр. 1 бук. в) во врска со чл. 6 ст. 3 стр. 1 бук. а) во врска со чл. 7 ст. 1 од ГДПР како и алтернативно бук. ѓ). Со обработка на податоците, consentmanager ни помага (според ГДПР одговорното лице) во исполнувањето на нашите законски обврски (на пример, обврска за обезбедување докази). Нашите легитимни интереси за обработката се наоѓаат во зачувувањето на корисничките поставки и претпочитувања во однос на користењето колачиња и други функционалности. Consentmanager ги зачувува вашите податоци сè додека се активни Вашите кориснички поставки. Две години откако ќе се направат корисничките поставки, ќе следува ново барање за согласност. Направените кориснички поставки потоа се зачувуваат повторно за овој временски период.
Може да поднесете приговор на обработката. Вашето право на приговор се заснова на причините што произлегуваат од Вашата ситуација. За целта на спротивставување, обратете се преку е-пошта на info@consentmanager.net.

8. Сигурност на податоци

Ние имаме технички и организациски безбедносни процедури за заштита на безбедноста на вашите лични податоци и заштита на Вашите лични податоци од неовластена или незаконска обработка и / или од случајно губење, менување, откривање или пристап.

9. Вашите права

За сите прашања, инфомрации во врска со заштитата на вашите лични податоци можете да го контактирате офицерот за заштита на личните податоци на Рехау во Скопје, на маил: skopje@rehau.com/

Заштита на личните податоци е мониторирано од следниве тела, каде што може да се обрати секое лице:

Офицер за заштита на личните податоци на ниво на Групација РЕХАУ
ДР. Александер Валтер 
REHAU Industries SE & Co. KG
Rheniumhaus
Helmut-Wagner-Str. 1
95111 Рехау, Германија
Телефон: +49 9283-770
E-маил: datenschutz@rehau.com

Вие сами имате можност да ја проверите усогласеноста со регулативите за заштита на податоците од страна на РЕХАУ. Ги имате следните права:

  • Право на информираност
  • Право на пристап на обработените податоци
  • Правото на приговор
  • На сите аткивности на обработка на личните податоци основано на член 10 став 1 точка 6 од ЗЗЛП, имате право на приговор основан на вашата конкретна ситуација
  • Право на не давање на согласност за диектен маркетинг
  • Право на исправка, бришење и ограничување
  • Право на пренос
  • Правот да доставите барање до надзорниот орган, www.dzlp.mk

Ако имате прашања во врска правата во однос на обработка на лични податоци, можете да се јавите на нашето лице задолжено за заштита на лични податоци, кој е достапен и во случај на прашања, предлози или поплаки. По барање и во согласност со законот РЕХАУ веднаш ќе ве информира за тоа кои лични податоци од вас се чуваат кај нас. Ако, и покрај нашите напори да се осигура точноста и навременоста, се утрдат неточни податоци, ние ќе го поправиме истото, на ваше барање.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection