ПРАВНИ УПАТСТВА

Добредојдовте на нашата веб-страница. РЕХАУ се радува за вашиот интерес за нашето претпријатие и нашите производи. Во следниве редови сакаме да ви ги соопштиме правните упатства за односот кон информациите, кои за вас ги поставивме на интернет.

I. Договори за користење на нашата веб-страница
Информациите и препораките (понатаму: „информациите"), кои стојат на располагање на оваа веб-страница, се подготвени според нашето најдобро знаење и совест. Затоа се трудиме постојано да ги ажурираме информациите, така што во моментот, кога ќе ги погледнете, тие да се точни и најнови.

Сепак, групата РЕХАУ (понатаму: претпријатието) не се обврзува под какви било услови на ажурирање или исправки на информациите, објавени на нејзината веб-страница. Исто така, претпријатието го задржува правото, да ја менува или коригира содржината на својата веб-страница, во секое време без претходна најава. Не се даваат ветувања или гаранции во поглед на потполноста или точноста на овие информации.

Претпријатието не одговара за штети од кој било вид, кои може да произлезат од користењето на овие информации, од доверливоста на овие информации или од производ што е во врска со тоа.

Овие информации не смее да се толкуваат како препораки за користење на какви било информации, производи, процеси, опреми или состави. Исклучени се и сите јасно кажани или премолчени гаранции во врска со трговската способност, соодветноста за одредени намени или непрестапувањето против законите.

Претпријатието не изрекува јасни или премолчени ветувања или гаранции, дека користењето на овие информации не повредува некои патенти, автроски права или заштитни марки на производи. Информациите не смее да се сфаќаат како формулирања, кои се во спротивност со какви били патенти, авторски права или заштитни марки.

II. Интелектуална сопственост
Авторски права
Сите информации што се содржат на оваа веб-страница, се сопственост на претпријатието и им подлежат на авторските права, кои важат во моментот, кога на веб-страницата ù се ставени на располагање на јавноста. Копиите од документите што се содржат на оваа веб-страница, смеат да се користат само за информациски цели и се само приватна употреба.

Трговски марки
Доколку не е наведено поинаку или произлегува јасно од околностите, сите имиња на фирми, логоа, како и внесени производи и заштитни марки (означени со ® односно ™), споменати на веб-страницата му припаѓаат на претпријатието. Тие не смеат да се користат без претходна писмена согласност на претпријатието.

Обврска на корисникот
Секој посетител на интернет-страниците, којшто му става на располагање информации на претпријатието, му дозволува на претпријатието неограничени права на пренос во однос на овие информации и го авторизира претпријатието, според сопствено наоѓање, истите да ги употреби. Приложените информации од страна на посетителите важат за недоверливи. Тие мора да се прецизни и во согласност со правото и не смеат да им штетат на интересите на трети лица.

Hypertext-Links
Претпријатието во ниеден случај не одговара за содржината на веб-страниците, за кои се нудат линкови. Овие линкови се поставени само како сервисни линкови за корисниците на веб-страницата/страниците на претпријатието. Нивните содржини претпријатието не ги смета за сопствени.

Engineering progress

Enhancing lives