Регулирање на температурата: Често поставувани прашања

Уште прашања? Овде ќе ги најдете сите одговори на тема регулирање на собната темпратурата со НЕА СМАРТ 2.0.

FAQ Temperaturregelung

Која е намената на НЕА СМАРТ 2.0?

НЕА СМАРТ 2.0 е модерен и ефикасен систем за регулирање на површинските системи за греење и ладење со најразлични функции. Благодарение на стандардниот интегриран LAN / WLAN интерфејс на централната база, системот може да се управува практично преку паметен телефон, таблет или компјутер од дома или во движење. Поврзувањето на системот со „облак“ (Cloud) овозможува функции за далечинско одржување, оптимизација и анализа.

Важни карактеристики се:

  • Јасен и висококвалитетен дизајн на регулаторот на собна температура (собниот термостат)
  • Целосно автоматска контрола на целиот систем
  • Во серија со LAN / WLAN интерфејс за работа преку веб прелистувач или апликација
  • Паметни функции кои обезбедуваат високо ниво на удобност и ефикасна работа
  • Наменет е за нови инсталации и како дополнителна опрема

Што овозможува НЕА СМАРТ 2.0?

Основната функција на системот е удобно и економично загревање на просториите,  согласно нашите желби. Во зависност од инсталираниот систем, можни се многу други функции:

  • Ладење на просторија преку комбинираните површини за греење / ладење
  • Автоматска или рачна промена помеѓу греење, неутрален статус и ладење
  • регулирање на оптималната температура за снабдување на површините за греење / ладење ("контрола на работната температура на медиумот")
  • Одвлажнување на воздухот во просториите

Преку временски програми но и преку функциите во апликацијата, потребните вредности може да се менуваат помеѓу температурата на удобност (нормална функција) и еко-температура (намалена работа).

Како се користи НЕА СМАРТ 2.0 системот?

Системот се користи на следниов начин:

  • Директно преку контролорот на просторијата (поставување на посакуваната температура, промена на режимот на работа), или исто така
  • локално преку прелистувачот на вашиот паметен телефон, таблет или компјутер (само во куќата, употреба на интегрирана веб-страница) или
  • преку облак со апликацијата НЕА СМАРТ 2.0 - каде и да сте

Апликацијата НЕА СМАРТ 2.0 не само што е  лесна за употреба, туку има и многу други карактеристики што го прават системот навистина паметен систем.

Што значи регулирање на температурата во секоја просторија поединечно?

Температурата на собата може да се постави индивидуално за секоја просторија користејќи индивидуален регулатор на просторијата. Регулаторот за поединечни простории ги контролира вентилите на соодветното коло за греење. Употребата на индивидуален регулатор за секоја просторија е пропишана во Германија со Уредбата за заштеда на енергија (EnEV).

Дали НЕА СМАРТ 2.0 е наменет за користење како дополнителна опрема во веќе постоечки објекти?

Да, НЕА СМАРТ 2.0 може да користи и во веќе постоечки објекти. Безжичните регулатори на температура во просториите се идеални, бидејќи нема потреба од кабел за поврзување на регулаторот и централната база. Ова заштедува работа на штемање и чистење.

Постоечката технологија за жична контрола исто така може да се замени со НЕА СМАРТ 2.0. Во повеќето случаи без никаков проблем, може да се искористат веќе постоечките постојните линии на системот за регулирање на температурата кој се заменува.

Кои можности ги нуди апликацијата НЕА СМАРТ 2.0?

Апликацијата НЕА СМАРТ 2.0 нуди широк спектар на опции за ракување и следење на вашиот систем, без оглед каде сте.

Вие можете:

  • Да ги именувате просториите и да ги поставите посакуваните температури.
  • Да создадете временски програми за посакуваните температури и да ги доделите на просториите.
  • Да изберете режими за работа „нормално работење“ и „намалено работење“ за сите или одделни простории.
  • Да ја користите функцијата „Заминување на одмор“.
  • Автоматски да штедите енергија кога никој не е дома.
  • Да префрлувате помеѓу режимот за греење и ладење.
  • Да гледате приказ на проценки и статистика.
  • Да добивате информации за потребна работа на одржување.

Со кои паметни телефони може да се користи апликацијата НЕА СМАРТ 2.0?

Апликацијата во моментов поддржува паметни телефони со оперативните системи Андроид од 4.1 нагоре, или iOS од 9 нагоре. Најновата верзија на апликацијата може да се преземе од продавницата за апликации Apple (iOS) или Google Play Store (Android).

Може ли НЕА СМАРТ 2.0 да работи и без Интернет?

НЕА СМАРТ 2.0 може да работи без интернет како регулатор на температура на поединечни простории. Основните функции кои се потребни се веќе дадени. Сепак, целиот спектар на функции, како паметни функции и оперативност преку некоја апликација, се гледа и може да се користи само кога системот НЕА СМАРТ 2.0 е поврзан на Интернет.

Централната база НЕА СМАРТ 2.0 има LAN и WLAN интерфејс како стандард за поврзување на Интернет.

Каде може да го купам НЕА СМАРТ 2.0 регулаторот?

НЕА СМАРТ 2.0 се продава и инсталира од специјализирани компании.

Дали НЕА СМАРТ 2.0 може да се вклопи во системите за паметни домови (Smart Home)?

Со гласовна контрола на Алекса, НЕА СМАРТ 2.0 може да се интегрира и во системите за паметни домови.

Која функција ја има светлосната рамка на регулаторот?

Светлосната рамка ги има следниве функции:

  • Потврда за внесените вредности
  • Суптилно осветлување, на пр. како ориентација или светло за бебиња

Како функционира Геофенсингот и кои предности ги имаме со него?

Благодарение на геофенсингот, НЕА СМАРТ 2.0 базата ја добива локацијата на вашиот паметен телефон. Греењето се исклучува автоматски кога сите станари го напуштаат домот и повторно се загрева навреме пред првиот да се врати дома. Затоа, системот за контрола кој зависи од локацијата може да обезбеди дополнителна заштеда при површинското греење/ладење.

Кои подесувања на НЕА СМАРТ 2.0 регулаторот може да се направат со гласовното управување Алекса?

  • Информација за собната температура за секоја просторија поединечно
  • Поставување на бараната собна температура за секоја просторија поединечно
  • Активирање / деактивирање на светлосната рамка на НЕА СМАРТ 2.0, соба по соба 
  • Регулатори за собна температура во Бус изведба.

Какви вештини постојат за говорната контрола со Амазон Алекса?

За контрола на регулаторот НЕА СМАРТ 2.0, постои истоимена вештина која може да се вчита во апликацијата Алекса.

На кои јазици може да се користи говорната контрола на Амазон Алекса?

Од април 2019 година, говорната контрола на Алекса може да се користи на англиски, француски, италијански и шпански јазик.

Каде можам да добијам помош при инсталирање на Амазон уредите или при поставување на говорниот сервис за контрола Алекса?

Сите релевантни информации можат да се најдат на Интернет на веб-страницата „Амазон“. За да го направите ова, преку главното мени одете на "Сите категории -> Ехо и Алекса -> Запознајте се со Alexa".Тука ќе најдете корисни информации за уредите и услугите на Амазон Алекса. Ако имате дополнителни прашања, ве молиме контактирајте со сервисот за клиенти во Амазон директно. На овој начин, ќе добиете технички информации во врска со услугата за говорниот контролор Алекса.

Каде можам да ги купам уредите преку кои ќе ја користам услугата за говорна контрола на Алекса?

Паметниот звучник Амазон Ехо или многуте други уреди на Амазон кои го поддржуваат сервисот за говорна контрола на Алекса можете да ги купите преку еден од бројните продажни канали на Амазон  или преку веб-продавницата на Амазон. Ако не сте сигурни, ве молиме контактирајте со сервисот за клиенти во Амазон директно. Овде можете да добиете професионални информации за сервисот за говорна контрола Алекса или совет за купување на други компатибилни уреди од Амазон.

Може ли НЕА СМАРТ 2.0 да се комбинира со секое површинско греење / ладење?

Во суштина, регулаторот за собна температура на поединечни простории НЕА СМАРТ 2.0 може да се комбинира со секој систем на површинско греење / ладење кој работи со вода. Дури може и веќе постоечко подно греење во постоечки објекти да биде надградео со НЕА СМАРТ 2.0. Сепак, треба да се напомене дека системот за регулирање на собна температура  НЕА СМАРТ 2.0 е затворен. Тоа значи дека не е можна комбинација со компоненти за регулирање од други производители.

Како НЕА СМАРТ 2.0 ми помага да заштедам трошоци за енергија?

Системот НЕА СМАРТ 2.0 овозможува заштеда на енергија до 20%, бидејќи токму прецизната и интелигентна контрола ефикасно спречува прекумерно затоплување и со тоа непотребна потрошувачка на енергија. На пример, со функцијата „откривање на отворен прозорец“ системот забележува ненадеен пад на собната температура кога се отвора прозорецот и автоматски го исклучува греењето, привремено, за да заштеди енергија. И благодарение на технологијата на геофенсинг, НЕА СМАРТ 2.0 го вклучува греењето само кога сме дома - или на пат кон дома.

Како може НЕА СМАРТ 2.0 да ја зголеми удобноста на живеење?

Најудобно е кога насекаде во домот имаме еднаква температура. Уште поудобно е кога не треба да се грижиме за тоа. Токму ова е причината зошто НЕА СМАРТ 2.0 учи од нашето однесување и начинот на кој го користиме греењето и автоматски се прилагодува - без наша интервенција.

Што подразбираме под поимот – надргадување од воздух "Over-the-Air"-Updates ?

Системите кои преку Интернет се поврзани со облак, ја добиваат најновата верзија на софтверот кога е потребно и без интервенција од страна на корисниците.

Дали моите податоци се сигурни во РЕХАУ?

Заштитата на податоците за корисниците е главен приоритет за РЕХАУ. Се почитуваат законските услови за заштита на личните податоци. Сите релевантни канали за комуникација се шифрираат, како и личните податоци на корисниците на серверот. Овластувањето за пристап до апликацијата и податоците содржани во нив се контролира од страна на специјално поставен сервис од страна на РЕХАУ.

Јас го купив НЕА СМАРТ 2.0 од специјализирана компанија. Каде можам да се обратам за гаранција?

Секако, ги имате вашите законски и договорни права во случај на неисправни дефекти на производите кон вашиот договорен партнер.

Контакт

Дали имате прашања во врска со нашето подно греење? Со задоволство ќе ве советуваме.

Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.

Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.

An error occured, please try again later. (Form was not sent!)

Сите полиња означени со * се задолжителни и мора да се пополнат пред испраќање на формуларот.

Engineering progress

Enhancing lives

КОНТАКТ