Прозорци и врати од RAU-FIPRO

RAU-FIPRO: Висококвалитетен материјал за максимална стабилност без челично армирање. 

RAU-FIPRO, е материјал, зајакнат со стаклени влакна и е развиен од REHAU. Материјалите од овој тип, веќе се докажани во најекстремни услови во Формула 1 и во конструкцијата на авиони. Ние ја користиме оваа технологија за нашиот GENEO систем на профили за  прозорци. Патентираното јадро на профилот изработено од RAU-FIPRO дава максимална стабилност. Плус: 90% од сите прозорски елементи, може да се изведат без челично армирање и со тоа да се постигне највисоко ниво на топлинска изолација.

Нашиот високо-технолошки материјал може целосно да се рециклира. Конструкцијата на профилите GENEO со јадро, зајакнато со стаклени влакна и надворешен завршен слој од ПВЦ, се идеални за повторно враќање на рециклиран материјал зајакнат со стаклени влакна во јадрото на нови профили.

Гарантираме дека старите прозорци изработени од RAU-FIPRO, ќе ги вратиме во нашата програма за рециклирање ЕкоПлус за повторна преработка и создавање на нова вредност.

REHAU EcoPuls

ГЕНЕО Прозорци


GENEO Прозорци 

Врвен систем на профили за прозорци зајакнати со стаклени влакна, со длабочина на вградување 86 mm и Uf-вредност до 0,79 W/m²K

GENEO овозможува висока стабилност на прозорецот со висококвалитен материјал комбиниран со систем за зацврстување IVS. Така GENEO достигнува врвни вредности на топлинска изолација Uf- до 0,79 W/m²K, целосно без топлински мостови и ја намалува потрошувачката на енергија до 76%.

Предности:

  • Полесно ракување и монтажа поради намалување на тежината за 40% со изоставување на челичното армирање
  • Лесно отварање и затварање, со ново развиена геометрија на дихтунзи која го намалува потребниот притисок при затварање.
  • Мазна површина ХДФ (HighDefinition-Finishing) која е исклучително лесна за чистење
  • Профилот е еколошки и може да се рециклира

Технички податоци

Општо 
Видливост на рам/крило:99 mm до 179 mm
Видливост на средна пречка на прозорецот:110 mm до 214 mm
Длабочина на вградување:86 mm
Број на комори:6 (функционални комори)
Дебелина на стакло:макс. 53 mm
Систем за дихтување:

2 преклопни дихтунзи , 1 средишен дихтунг, 1 средишен дихтунг за пасивни куќи кај GENEO ПХЦ

Дизајн на профилоткрило со израмнувачка површина, заоблено крило со полуизрамнувачка површина,  дизајнирано крило со полуизрамнувачка површина
Карактеристики 
Топлинска изолација Uf0,79 W/m²K
Звучна изолација:Rw = 47 dB
Заштита од провала на самиот профил (EN 1627): RC3
Отпорност на ветар (EN 12210): B5
Отпорност на силен дожд (EN 12208): 9A
Пропустливост на воздух (EN 12207): 4
Сила за отварање (EN 13115): 2
ГЕНЕО Влезни врати


GENEO Влезни врати

Врвен систем со 86 mm длабочина на вградување и Ud-вредност до 0,54 W/m²K

Нашиот врвен систем GENEO во 90 % од сите случаи може да се реализира без челично армирање а со тоа и без топлински мостови. GENEO Влезната врата, комбинирана со термомодули и исполна за влезна врата со дебелина до 53 mm– достигнува Ud-вредност до 0,51 W/m²K.

Предности:

  • Најдобра топлинска изолација и извонреден дизајн: Ud:0,54 W/m²K
  • Висока стабилност благодарение на виссококваллитетниот материјал RAUFIPRO
  • Индивидуална звучна изолација: зависна од исполната
  • Совршена оптика со скриен механизам
  • Ја има во сите бои  
  • Еколошка, со можност за рециклирање

Технички податоци

Општо 
Видливост на рам/крило:169 mm
Видливост на праг/крило:127 mm (висина на праг 20 mm)
Длабочина на вградување:86 mm
Број на комори:6
Дебелина на стакло:макс. 53 mm
Систем за дихтување:2 преклопни дихтунзи, 1 средишен дихтунг
Дизајн на профил:крило со израмнувачка површина
Карактеристики 

Топлинска изолација Ud:

0,54 W/m²K
Звучна изолација:зависно од исполната
Отпорност на провала (EN 1627): RC3
Отпорност на невреме (EN 12210):B2
Отпорност на пороен дожд (EN 12208):4A
Пропустливост на воздух (EN 12207):3
ГЕНЕО Подигачко-лизгачки врати


GENEO Подигачко-лизгачки врати

Врвен систем со 86 mm длабочина на вградување Uf-вредност до 1,3 W/m²K

Подигачко-лизгачката врата GENEO може да има должина до 10 m, висина до 2,70 m и тежина од само 400 kg, за изглед на голема стаклена површина. За широки погледи кон природата и зимските градини. Со своите вредности за топлинска изолација, GENEO покажува карактеристики на стандардите за пасивни куќи.

Предности:

  • Лесна употреба со соодветна техника
  • Сигурна инвестиција со исполнување на европските стандарди за заштеда на енергија
  • Благодарение на лесниот материјал и големите димензии се монтираат лесно
  • Ги има во сите бои

Технички податоци

Општо 
Видливост на рам/крило: 169 mm
Длабочина на вградување рам/крило:203 mm / 86 mm
Број на комори:5
Дебелина на стакло:макс. 53 mm
Големина на лизгачко крило:макс. 300 cm x 270 cm (ширина x висина)
Дизајн на профил:крило со израмнувачка површина

Карактеристики

 
Топлинска изолација Uf:1,30 W/m²K
Звучна изолација:Rw до 43 dB
Отпорност на провала (EN 1627):до RC2
Отпорност на невреме (EN 12210):B3
Отпорност на пороен дожд (EN 12208):9A
Пропустливост на воздух (EN 12207):4

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection