Современата технологија е составен дел од нашето секојдневие. Зошто не и во нашите прозорци?
Со РЕХАУ, ќе ги воодушевите клиентите – без оглед дали барате необични дизајни, иновативни материјали или паметни решенија.
Современата технологија е составен дел од нашето секојдневие. Зошто не и во нашите прозорци?
Со РЕХАУ, ќе ги воодушевите клиентите – без оглед дали барате необични дизајни, иновативни материјали или паметни решенија.
Нашите прозорци, влезни врати, балконски врати и подичгачко-лизгачки врати, даваат многу можности за планирање и оптимално се прилагодуваат на потребите на клиентите.
За да имате повеќе слободен простор за креативни идеи и за да може да инвестирате повеќе време за консултации, развивме низа од корисни алатки и услуги. Тие даваат подршка во планирањето и ги намалуваат административните трошоци.
Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.
Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.
An error occured, please try again later. (Form was not sent!)
Нова дефиниција на прозорците со РАУФИПРО ИКС (RAU-FIPRO X)
РАУФИПРО ИКС (RAU-FIPRO X), понатамошниот развој на нашиот докажан материјал, засилен со влакна, создава нови можности за прозорски профили – уникатни со X-факторот:
Tоа значи: помалку челик и помала тежина при транспорт и монтажа. За крајните корисници: нови перспективи во однос на големината, дизајнот, енергетската ефикасност и звучната изолација.
Паметни решенија за безбедност и удобност
Прозорец, кој што вентилира автоматски преку систем со сензори. Прозорец, кој служи како како автоматска заштита од погледи и сонце, со што ги заменува ролетните во текот на денот, а завесите во вечерните часови? На вакви решенија работи нашиот оддел за развој.
Отворете нов потенцијал за продажба, на пазар во кој се повеќе се застапени паметните домови.
Предности:
Новитет во светот: Превентивна заштита од провала
Системот РЕХАУ Смарт Гард (REHAU Smart Guard), интегриран во самиот прозорец, ги препознава провалниците и активно ги одвраќа уште пред да спружат раката. Во случај на вонредна состојба, Смарт Гард го пријавува обидот за провала во централата на Паметниот дом и ја стартува индивидуално конфигурираната програма за аларми.
Целосна разновидност во дизајнот и изгледот на прозорците
Со програмата КАЛЕИДО КОЛОР, постои огромен избор на бои и дизајни. Зависно од саканиот изглед и структурата на површината, се применуваат различни постапки, како лакирање или ламинирање на фолијата. Со алуминиумскиот капак, прозорците добиваат висококвалитетен изглед на алуминиум. Резултат: преку 400 можности за дизајн.
Трендови, кои воодушевуваат
Соодветно на актуелниот тренд на дизајнот „Скандинавија“, кој е достапен во три различни тонови на даб, КАЛЕИДО ВУДЕК овозможува, прозорците да изгледаат и на допир да се чувствуваат како да се направени од дрво.
КАЛЕИДО ВУДЕК:
Прозорци, кои изгледаат и се чувствуваат како да се направени од дрво
Одлична одржливост
Веќе долго време заштитата на околината, игра голема улога при купувањето. Нашите производи се одликуваат со својот еколошки печат:
Ние ги рециклираме Вашите прозорци
Ги демонтирате старите прозорци од пластика и монтирате нови? Ние го преземаме рециклирањето. Материјалот кај нас се собира, се чисти, се меле, сортира, делумно се оплеменува и на крај повторно се искористува за производство на нови прозорски профили.
Од старите прозорци повторно стануваат нови, иновативни и одржливи прозорски системи – со истиот квалитет како и прозорците од свеж материјал. На тој начин, нашите прозорци ЕКО ПУЛС штедат енергија во текот на целиот животен век на производот, а не само кога се монтираат.
Ние сме партнер во добивањето на нови клиенти и маркетинг активностите
Ние даваме подршка во сите проекти околу прозорецот. Потпрете се на нас како искусен партнер. Партнер, кој ги познава барањата на клиентите и знае како успешно се добиваат нови нарачки. Предност: Нашите клиенти се фокусираат на основниот бизнис.
Помош со конфигураторот на прозорци
Конфигураторот на прозорци на РЕХАУ може едноставно да се интегрира на веб-страницата. Тој на клиентите, меѓу другото, им нуди брз преглед за програмата на профили и нивните својства, како и едноставна конфигурација на посакуваните прозорци и врати.
Брз избор и брза нарачка
Нашиот дигитален портал за корисници заштедува скапоцено време при нарачките. Тука имате директен пристап за следење на налогот, до техничките информации, текстовите за објавува, информации за клиентите и многу повеќе. А кога се потребани консултации, лицето за контакт е достапно со еден клик.
Engineering progress
Enhancing lives