SYNEGO SLIDE

СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE)

Уште поедноставно.

Најпосле, создадени се лизгачки врати кои можат да се отворат и затворат со малку напор и со едноставни движења на рацете.

Прозорците пак, во истата варијанта, овозможуваат максимална флексибилност во дизајнирањето на просторот за живеење.

Откријте ги современите архитектонски можности и иновативните концепти за уредување на просторот. Лизгачките прозорци и врати од системот на профили СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE), изненадуваат со исклучителни можности за уредување на просторот.

Елегантнен спој помеѓу внатре и надвор.

SYNEGO SLIDE

Повеќе простор за живеење

Кога го планирате вашиот станбен простор - без оглед дали станува збор за нова градба или реновирање – имате можност да создадете повеќе простор со модерен концепт за живеење. Лизгачките прозорци, изработени со профилот СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE) овозможуваат прозорски отвори, кои заштедуваат  простор, истовремено создавајќи одличен спој помеѓу внатре и надвор. Притоа се исклучително лесни движење.

SYNEGO SLIDE

Насекаде совршен изглед

Дизајнерските решенија се заокружуваат со можноста за целосно ламиниран профил, со што се создава унифициран изглед на прозорците и вратите.

SYNEGO SLIDE

Над 400 можности за дизајн

Програмата КАЛЕИДО КОЛОР (KALEIDO COLOR) нуди огромен избор на различни бои и површини. На овој начин, самата фасада и просторот за живеење целосно се дизајнираат според индивидуални идеи.

Програма на бои КАЛЕИДО КОЛОР (KALEIDO COLOR)


Максимална големина 4 m x 2,6 m

Уште поедноставно.

СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE) се отвара и затвара многу брзо и лесно. Овозможува целосно ново и особено лесно ракување, со лизгачката врата или лизгачкиот прозорец. Отворањето и затворањето работи, речиси, само по себе и се изведува со минимален напор.

Лизгачкиот елемент рамномерно се притиска на рамката, со помош на иновативен механизам за заклучување. Со целосниот  дихтунг наоколу, се создава високо ниво на заптивност - дури и против силен дожд.

СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE) ги има најдобрите вредности.

Целосно координиран систем со исклучители својства.

IFF_00217_MK - 1078848

Пријатна топлина

Старите прозорци, се најголемата енергетска слабост во куќата. Тие не се доволно изолирани и претежно технички застарени. Резултатот од тоа е загуба на значителна топлина низ прозорците.

Лизгачките прозорци и врати СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE), имаат одлични својства на топлинска изолација. Вредноста на топлинска изолација Uf достигнува до 1,3 W / (m²K). На тој начин, загубата на топлина, кон надвор, е минимилна и таа останува во просториите.

IFF_00216_01 - bearbeitet - 1074816

Тивок дом

Како кај веќе докажаниот  основен профил СИНЕГО (SYNEGO) и кај  СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE), може да се користи високо квалитетното стакло со звучна и топлинска изолација. Ова не само што ја поддржува енергетската ефикасност, туку гарантира и звучна изолација.

Системот на тој начин го подобрува квалитетот на живеење, бидејќи го намалува звукот до 43 децибели. Така, бучавата се намалува до 20 пати.

SYNEGO SLIDE klizni prozori i vrata

Голема отпорност на силен дожд

Иновативниот механизам за затварање кај  СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE), обезбедува рамномерно распределен контактен притисок врз лизгачкиот елемент. Ова овозможува совршено лежиште за дихтунгот наоколу, со што се обезбедува одлична заптивност на силен дожд.

700-D071 - 60413

Безбедност

Паметните решенија на РЕХАУ го одвраќаат натрапниците.

Безбедност до класа на отпор RC 2

Прозорците со класа на отпор RC 1 имаат ниско ниво на заштита од кражба и затоа можат, да бидат насилно отворени за релативно кратко време. Кај прозорци кои имаат повисоки класи на отпор, потребни се значително повеќе време и тешки алатки, за да бидат отворени. Лизгачките прозорци и врати од СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE) постигнуваат класа на отпор до RC 2.

Спречување на насилно отварање

Алармниот модул РЕХАУ Смарт Гард (REHAU Smart Guard), кој се интегрира во самата рамка, ги открива натрапниците и ги предупредува, пред да направат штета. Во итни случаи, може да се вклучи и главниот аларм, преку безжична врска.

Постои можност системот да се поврзе со паметниот дом (Smart Home),  со цел создавање на индивидуални алармни програми.

Паметни концепти за простории

Прозорците СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE) даваат многу лесни и флексибилни можности за уредување на просторот. Со нив, елегантно, се заштедува на простор.

На овој начин имаме можност да го поставиме мебелот според наш вкус, без никакви оганичувања. Можеме да поставиме цвеќиња на подпрозорската даска, дури и кога прозорецот е отворен. Лизгачките прозорци ни даваат слобода, за уредување на просторот пред нив, бидејќи воопшто не им е потребно место за отварање.

Овој концепт е овозможен, со крилата на прозорецот, кои се отвараат паралелно со ѕидот, на кој се поставени и не излегуваат во просторијата, заземајќи значително место.

Уредете го вашиот простор за живеење според сопствените желби, без да мора да ги земате предвид елементите на прозорците кои се отвораат во просторијата.

AL-D1804_CL - bearbeitet - 1074679

Активна одржливост

Како глобално активна компанија, РЕХАУ има посебна одговорност за луѓето и околината. На овој начин, ние постојано го оптимизираме користењето на ресурси и енергетската ефикасност во нашите фабрики и производи. Профилите за прозорци на РЕХАУ со ознака  ЕкоПулс (EcoPuls), веќе содржат процент од 40% до 75% рециклирани материјали и го претставуваат овој позитивен еколошки печат.

Дознајте повеќе за ЕкоПулс (EcoPuls)

Совети и поддршка.

Со задоволство ќе помогнеме при вашиот избор на прозорец, кој е потребен. Контактирајте со нас за да ги добиете сите потребни информации околу прозорците. 

Ви благодариме на барањето. Ќе Ве контактираме колку што е можно побрзо.

Вашето барање не можеше да се испрати. Проверете ги задолжителните полиња.

An error occured, please try again later. (Form was not sent!)

Сите полиња означени со * се задолжителни и мора да се пополнат пред испраќање на формуларот.

Maтеријали за превземање

Engineering progress

Enhancing lives

КОНТАКТ