Греење за тревници (стадиони)

За да се избегнат одложувања на натпревари поради временските услови

Одложувањето на натпревари поради снег и мраз се значителен финансиски ризик. Греењето на тревникот (стадионот) спречува замрзнување на теренот. Германскиот фудбалски сојуз греењето на тревникот во стадионите од 1-вата и 2-та Бундеслига го дефинира  како задолжителен стандард.

РЕХАУ е лидер на пазарот со повеќе од 170 реализирани стадиони и други терени во светот!

  • Заштита од мрзнење на теренот со РАУТЕРМ цевки поставени под коренот на тревата
  • Натпревари во текот на целата година
  • Намалување на ризикот од повреда на играчите
  • Ниски инвестициски и оперативни трошоци
  • Употреба на алтернативни извори на енергија
  • Систем за развод (разделник) според принципот на Тихелман за да се избегнат различни загуби на притисокот


Предности

  • Брза и лесна монтажа со поставување со флексибилни РАУТЕРМ цевки
  • Специфични должини на котурите наменети за објектот, без остатоци на должини
  • Точно прицврстување на цевките со системот РАИЛФИКС за рамномерно загревање на игралиштата
  • Претходно изолиран разделник според Тихелман за намалување на загубата од топлина
  • Испорака точно навреме

Варијанти

Греење на природни тревници

Заштита од замрзнување и таложење на снег врз игралишта со природна трева.

Цевките РАУТЕРМ се поставуваат под коренот на тревата, така што не се ограничува длабинската обработката на тревникот

На тој начин рамномерно се распределува топлината и температурата кај сите корени истовремено

Специјални сензори за температура за да се спречи оштетување на коренот на тревата

Греење на вештачки тревници

Заштита од замрзнување и таложење на снег врз вештачките тревници и одржување на флексибилноста на еластичниот слој

Печати