Индустриско подно греење

Индустриско подно греење - современ концепт за греење за индустриски објекти

Аеродромски хангари, логистички центри, производствени сали итн. - индустриското подно греење е комбинација на ниски инвестициски и оперативни трошоци со поволен температурен профил.

Цевките РАУТЕРМ С за кои нема потреба од сервисирање, се вградени во склоп на бетонската подна плоча и нудат одлична слобода во дизајнирање на ентериерот . Големиот учинок на зрачење на топлина и нискиот температурен режим на работа обезбедуваат поволни оперативни трошоци. Ниските температури овозможуваат употреба на алтернативни извори на енергија и/или употреба на неискористена отпадна топлина.

  • Рамномерна температура во халите
  • Удобно темперирана подна површина
  • Ниско ниво на кревање прав
  • Ниска брзина на воздухот
  • Ниска работна температура
  • Без трошоци за одржување

Предности

  • РАУТЕРМ С цевките од Пекс А (PE-Xa) за тешки услови на игралиштата
  • Брза и лесна монтажа благодарение на флексибилноста на Пекс А (PE-Xa) РАУТЕРМ С-цевките
  • Проверка на потребата од подната изолација заради оптимизација на трошоците
  • Поставувањето во форма на меандри обезбедува рамномерно распределена  температура во халата
  • Се избегнува појава на провев, се спречуваат топлите воздушни перници под плафонот и резултирачките топлински загуби
  • Го нема вообичаеното воздушно струење како во климатизирани простории, така што се создава помалку прашина и бактерии
  • Издржливоста на индустриската подлога не се намалува со подното греење

Варијанти

Индустриско подно греење во бетон армиран со челични влакна:

По правило, долното засилувачко армирање може да се користи како носач на цевки т.е. РАУТЕРМ С цевките се прицврстени директно на армирањето од пониските засилувачки слоеви со кабелски врски.

Без дополнителни трошоци  за елементи за држење на цевките и поголема „слобода при дупчењето“.

Индустриско подно греење во неутрална положба:

При поставувањето во неутрална зона, РАУТЕРМ С цевките се монтираат напречно на држачите на растојание.

Индустриско подно греење во челична арматура:

Во бетонските подлоги армирани со челични влакна, класичното зацврстување на подлогите, на пр. челични подлоги, челични прачки итн. е заменето со додавање челични влакна. За да се обезбеди потребното монтажно растојание, цевките за греење се поставуваат врз РАУФИКС шините.

Печати