Раутерм спид самолеплив систем

Брз систем за кој е потребен само еден човек

Високоефикасен за куќи, дуплекси и згради

РАУТЕРМ СПИД  самолеплив систем – тоа значи поставување на подното греење во нова димензија. Посебна карактеристика: Спојувањето на самолепливата цевка со рамна самолеплива подлога од 3 мм нуди одлично решение за вашите градежни проекти, со јасно разгранучување на работата. РАУТЕРМ СПИД  самолеплив систем – залепи и готово!

РЕХАУ – Вашиот сигурен број за подно греење:

Профитирајте од совршено усогласените решенија. Од системите за полегнување, цевките, техниката на разделници,  па сè до техниката за регулирање на температурата.

Ново: РАУТЕРМ СПИД  – цевка за подно греење

Брза инсталација, флексибилна употреба, бескомпромисен квалитет.

До 30 %

побрза инсталација

До 6 %

повеќе леплива површина за посигурна потпора

Без дополнително потребни алатки

Доволно е еден човек за


Најбрзо што може:

До 30% пократко време на поставување од конвенционалните системи за поставување: директното прилепување на подлогата и фиксирањето на цевката се изведуваат удобно и без многу напор. Корекции можат да се направат многу лесно и едноставно.


Лепи безбедно и добро:

Поголемата леплива површина овозможува прецизна инсталација со истовремено подобра потпора на цевката - благодарение на отпорноста кон нечистотии дури и при исклучителни услови.


Брзо и лесно:

Конвенционалното поставување и фиксирање на самолепливата цевка РАУТЕРМ СПИД  се изведува без алатки. За монтерите тоа значи брза работа и начин за работа кој не го оптоварува ‘рбетот.

Подлога за поставување

Раутерм спид  самолеплив систем

Ексклузивна вест: Рамна изолациска подлога од 3 mm за сигурно разграничување на работите

РАУТЕРМ СПИД  плус едноставно треба да се одмота на страната каде што фабрички е поставена изолацијата и се лепи врз самолепливата подлога. Така сè е подготвено за поставување на цевките. Освен тоа, единствената 3-милиметарска тенка самолеплива  подлога се карактеризира и со до 90% помал волумен при транспорт и складирање.

Како ролна за поголеми простории

Раутерм спид  самолеплив систем


Како подлога за помали соби

Раутерм спид  самолеплив систем


Се разбира, постои и: РАУТЕРМ СПИД  самолеплива подлога со вклучена изолација:

Самолепливата подлога РАУТЕРМ СПИД  претставува полистиролна плоча плоча обложена со самолеплива облога и овозможува полегнување на цевки без дополнителни алати. Оптималните својства на топлинска и звучна изолација се задржуваат во целост, бидејќи при дополнителното прицврстување не се пробива низ изолацискиот слој.

РАУТЕРМ СПИД плус предности

  • Може да се постави на различни изолации и подови
  • Не е потребно дополнително лепење на плочата
  • Јасно разгранучување на работите
  • Брзо позиционирање со помош на задната страна на слојот врз кој се лепи

РАУТЕРМ СПИД плус ренова

Новина во светот направена од  РЕХАУ:
Прв интегриран систем со сите предности на самоплепливо поставување, особено за реновирање!

Преку постоечките дупки постои директен контакт со нивелирачкиот слој што овозможува  најниска вкупна градежна висина на вградување. Како резултат на оваа најниска вкупна висина на вградување од само 21 mm и можноста за полегнување врз различни подлоги, РАУТЕРМ СПИД  плус ренова  е најпогоден систем за реновирање.

РАУТЕРМ СПИД  плус ренова појаснето во видео:

РАУТЕРМ СПИД плус ренова предности

  • вкупна висина вградување од само 21 mm
  • Нема опасност од отвори
  • Едноставна распределба на подлогата без преклопувања
  • До 90% намален простор за транспорт и складирање
  • Слојот за нивелирање по само 5 часа е прооден

Нискомонтажен систем

Кога секој милиметар е важен

Новата РАУТЕРМ СПИД  K цевка со пречник од 10 милиметри, заедно со 3-милиметарската РАУТЕРМ СПИД  плус самолеплива подлога и порамнувачкиот естрих Кнауф Н 440, претставуваат првиот нискомонтажен систем врз самолеплива подлога.

Вака се овоможува  30% понизок естрих од вообичаените подни облоги.

Сите предности на РАУТЕРМ СПИД  плус подлогата влегуваат во игра. Таа се поставува брзо и едноставно и може да се изведе со само еден човек: одмотај, постави и готово. Не е потребно дополнително лепење на спојните делови. Поради исклучување на долна изолација, подлогата има монтажна висина од само три милиметри. Ова исто така се рефлектира и во 90 отсто помал обем на производот, што доведува до намален простор за складирање и транспорт. Преостанатите должини на самолепливите подлоги, може да се обработат и искористат доста лесно.

Предности

10 mm самолеплива цевка

Ова го има само во РЕХАУ. Првата и единствена самолеплива цевка со димензија од 10 mm со сите предности на самолеплива инсталација.

Ниска градежна висина од 41 mm

Тенката тримилиметарска самолеплива подлога и новата РАУТЕРМ СПИД  K цевка со димензија од 10 mm обезбедуваат ниска градежна висина.

Подот се зацврстува и врз него може да се оди по само 5  часа.

Денес, брзиот напредок во градежништвото е исклучително важен заради ефикасност во работата. Со РАУТЕРМ СПИД  плус системот за ниска градба оди сè според планираното.

30% понизок  порамнувачки естрих

Во споредба со нормативниот порамнувачки естрих, овде може значително да се намали висината на естрихот, а со тоа да се намали висината на конструкцијата.

Погоден за сите видови површини

Овој систем е најпогоден за санирање. Сеедно дали е естрих, плочки или изолација. Со новиот систем за ниска монтажа не постои никаков проблем.

 

РАУТЕРМ СПИД сајлент

Брзо. Тивко. Одржливo.

Иновативните РАУТЕРМ СПИД  сајлент системски подлоги ги комбинираат предностите на самолепливата технологијата со извонредните материјални својства на минералната волна:

  • Минералната волна е материјал со отворени пори кој е идеален за апсорпција на звучни вибрации. На овој начин, системските подлоги РАУТЕРМ СПИД  сајлент имаат измерена тест-вредност на проценетата редукција на звучни вибрации од 32 dB * според DIN EN ISO 10140. Така, тие се идеално приспособени на барања за висока звучна изолација.
  • Минералната волна како изолациски материјал  по природа е незапаллив. . Поради тоа, системските подлоги РАУТЕРМ СПИД  сајлент се карактеризираат со низок ризик од запалливост.
  • Минералната волна е направена од природна и практично неограничена суровина – камен. Така системските подлоги РАУТЕРМ СПИД  сајлент се еколошки и одржливи.


 

РАУТЕРМ СПИД сајлент преглед на предности

Vorteile RAUTHERM SPEED silent

  • тивко до 32 dB*
  • незапалива изолација од минерална волна
  • еколошки и одржлив
  • брз систем на полегнување преку докажана самолеплива технологија
  • полегнување на цевките без алати

*) Проценета намаленост на звучни вибрации ΔLw = 32 dB (мерна вредност според DIN EN ISO 10140-1 стандарди) при изградба на цврст плафон и порамнувачки естрих во согласност со DIN 18560 со маса на површината од околу 126 кг / м² (вкл. РАУТЕРМ СПИД  K 16 x 1, 5 мм и препокриеност на цевките од 45 милиметри)

Флексибилност

Чекор напред

Со новата, пофлексибилна слоевита структура станува можно: РАУТЕРМ СПИД  К цевката е до 30% пофлексибилна и посвитлива во споредба со конвенционалните цевки за подно греење, со што се олеснува инсталацијата. Комбинацијата на материјали е специјално дизајнирана за употреба при подно греење/ладење. Тесните намотувања на самолепливата лента околу цевката резултираат и со поголема површина за лепење до 6%.

Така се овозможува прецизна инсталација благодарение на отпорноста од нечистотии дури и при тешки услови. Докажаните предности, како што се обработливоста до -10°C, отпорноста на пукнатини и искористувањето на преостанатите  должини на цевки со технологија на подвижни навлаки, се разбира, се дел од РАУТЕРМ СПИД  К.

Videos

Печати