Темперирање на бетонско јадро

Удобна и еколошка варијанта за загревање на згради

Се поголемата потреба за удобност, наметнува високи барања од денешната иновативна технологија за градење. Перспективен систем за ладење и греење кој ги исполнува овие високи барања е системот за темперирање на бетон (BKT).
Принципот за темперирање на бетон се заснова врз искористување на способноста на на градежните делови на објектот да акумулираат топлина.  БКТ го поддржува процесот на акумулација на топлина или ладење од  огромните бетонски делови и тоа  со загревање односно ладење на водата која циркулира во цевките, вградени во бетонските плочи.  Така се созадава тн. „бесконечен“ акумулатор на топлина/ладење. Земајќи ја во предвид  оваа економичност, темперирањето на бетонот е најактуелната и најмодерна тема во технологијата за климатизација.

  • Ниски инвестициски и оперативни трошоци
  • „Пријатно ладење" без појава на промаја
  • Намалена размена на воздух во комбинација со вентилациски системи
  • Без појава на тн. синдром на болна зграда „Sick-Building-Syndrom“
  • Употреба на алтернативни системи за произведување на ладна и топла вода
  • Ниско и енергетски поволно  ниво на температура на дојдовниот вод

Предности на системот::

  • Цврста, издржлива РАУТЕРМ С цевка, PE-Xa, 17 x 2,0 mm или 20 x 2,0 mm
  • Без О-прстени, со долготрајна и непропустлива технологија на поврзување
  • Подвижните навлаки  се поставуваат во бетонот без отвори за ревизија
  • Брза и лесна монтажа со однапред конструирани индутриски модули
  • Сигурно растојание на полегнување со фабричка предконструкција
  • Променливи големини на модули во стандардни и специфични димензии за индивидуална конструкција на згради
  • Поставување во форма на единечни или двојни меандри за рамномерна температура на површината
  • По потреба можна е изработка на  индивидуални должини на спојните водови со цел поврзување  со разделникот за греење
  • Поддршка во планирањето, изработка на тендерска документација од страна на специјализирани компании со примена на експертизата на РЕХАУ
Печати