АВАДОК CP - Дополнителен приклучок за канализациски цевки

Опис

Опис

АВАДОК CP (ребрести цевки) е спојувачки систем од полипропилен за странично спојување на канализациски цевки од ПВЦ и ПП на постоечки композитни цевководи.

АВАДОК -принцип: Дупчење - Навртување – Заптивање

АВАДОК CP својата сигурност и непропустливост, која е потврдена од MFPA, ја реализира преку својата двојна заптивачка функција: од една страна се врши заптивањето преку потисокот на спојната заптивка кон внатрешната пресечна површина на јадрената бушотина, а од друга страна преку притисок од вкрсните заптивки на внатрешниот ѕид од композитната цевка, што се постигнува со навртување на навртната потпора во спојната заптивка.

Предности

Предности

  • Универзално користење за сите композитни цевки на пазарот кои исполнуваат ÖNORM EN 13476-3.
  • Само три типа за сите пречници DN/OD 315 до DN/OD 1200.
  • Едноставно, брзо и сигурно навртување.
  • Трајна докажана заптивност преку дефинирано пресување на сојната заптивка за голем волумен.
  • Без испакнати цевководи со приклучок во круната за навртување.
  • Отпорен на товар на свлекување и отстапувања.

Испорака

Испорака

  • АВАДОК KG-CP DN 160 за канализациски композитни цевки од DN/OD 315 до DN/ID 800
  • АВАДОК KG-CP DN 200 за канализациски композитни цевки од DN/OD 800 до DN/OD 1200
  • АВАДОК DN 160 и DN 200 на AWA ШАХТА PP DN 1000

Прибор: монтажен клуч, пили за дупчење

Еден Сет се состои од:

  • Спојна заптивка од SBR со mit спојна уста на внатрешната страна
  • Навртувачка круна од ПП, изведена како цевна водилка
  • Подмачкувачко средство и упатство за монтажа

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати