Филтрирање и складирање на атмосферска вода

Растечкото завземање на природни површини со објекти, улици или паркиралишта води до зголемено оптоварување на животната средина и на инфраструктурата. Преку оптовареноста на канализациските системи, пречистителните станици и водни корита се зголемува и опасноста од висок водостој. Брзиот одлив на дождовницата од цврсти површини го прекинува природниот кружен циклус и доведува до намалување на нивото на подземни води. Законодавците и општините ја препознале потребата од стопанисување со атмосферски води слично со природата и поддржуваат системи за инфилтрирано поринување на атмосферски води. Операторите се помагаат со субвенции или со даночни ослободувања. Во некои општини законски е пропишано децентрализирано инфилтрирано поринување на површинските води. Зависно од количините и степен на загаденост на дождовницата постојат различни можности за собирање на атмосферски води и целно поринување:

Бокс-систем:
инфилтрирање, задржување и складирање со еден блок-систем: докажан систем при услови со стеснет простор и ограничување во монтажа како на пр.врз основ на димензиите на системот за инфилтрирање и потребите за брза инсталација.

Цевен-систем:
инфилтрирање, задржување и складирање на атмосферска вода која се слева од различни приклучни површини (на пр.кровни и сообраќајни површини). Зависно од степен на загаденост може да се користат цевни ровови или корито-цевка-ров.

Печати