Разделник за подно греење

РАУТЕРМ СПИД разделник за подно греење

РАУТЕРМ СПИД разделникот за подно греење има фабрички монтирани СПИД конектори, кои овозможуваат едноставна и брза врска помеѓу цевката и разделникот. Поврзувањето на цевките за подно греење со разделникот се изведува без алат и со тоа се заштедува време до 45%.

СПИД конекторот совршено се совпаѓа со цевката РАУТЕРМ СПИД  со димензија од 16 mm. Разделникот за подно греење РАУТЕРМ СПИД  по желба на клиентите, може да се испорача и како РАУТЕРМ СПИД  Unit готов за употреба.

Брзо и лесно:

  • Монтажа без алати
  • Претходно монтиран СПИД конектор
  • оптичка контрола на длабочината на вградување на цевката

Разделникот за подно греење РАУТЕРМ СПИД  објаснет во видео:

Монтажа без алати

рекордно брзо

оптичка контрола 

претходно монтирани конектори

Разделник за подно греење Easyflow

Со само едно завртување и сè е готово - хидраулично балансирање.

Разделникот за подно греење Easyflow со своите саморегулирачки делови овозможува автоматско хидраулично балансирање.

Како резултат на тоа, протокот континуирано се приспособува на потребите и се избегнува преголемото загревање.

Така, веќе нема предолги пресметки и подесувања на системот.

Разделникот има од 2 до 15 излези и е идеален за сите приклучоци, како што се топчест вентил  или мерачите на топлина.

Главниот приклучок има надворешен навој од 1 цол  и дихтува рамно со површината.

HKV Easyflow е идеално погоден за дополнително опремување или реновирање.

Разделникот на грејното колото Easyflow објаснето во видео:

Поткрепени аргументи

  • Брзо и едноставно пуштање во погон само со еден вртеж
  • Постојан волуменски проток независен од создадените диференцијални притисоци
  • Оптичка контрола на избраните опции на разделникот
  • Еднаш се подесува и толку

Разделник за греење HKV-D

Разделниците за греење HKV-D можат да бидат приклучени на цевките  за подно греење брзо, сигурно и лесно со помош на навртка со стезен прстен. Тие се изработени од висококвалитетен нерѓосувачки челик и се достапни за до 12 грејни кола со и без мерач на проток за исклучување индивидуалните грејни кола.

Покрај можноста за двонасочен приклучок на разделникот , сите грејни кола на РЕХАУ ја нудат предноста за предмонтажа на конзоли - ова заштедува многу време при извршувањето на градежните работи.

Додатоци

Широкиот асортиман на додатоци како што се топчести вентили, вентили за регулирање или мерачи на топлина ви нуди максимална флексибилност. Секако, нудиме и соодветни решенија за индустриски и специјални примени.

Печати