Цевки и технологија на поврзување

Софистициран систем

Лесно поставување

Системите за поставување цевки и технологијата за поврзување се далеку од целосната слика. Системот е совршен само ако неговите додатоци се проектирани за сите инсталациски ситуации и потреби. Затоа, сеопфатниот систем на додатоци на РЕХАУ нуди можност за решавање на инсталациски проблеми, кои ја прават  работата на градилиште полесна, поекономична и поудобна.

Техника на поврзување со подвижна навлака

Со технологијата на подвижни навлаки се добива квалитет „Произведено во Германија“. Се користат  спојки на цевки кои може да се постават брзо, економично и ефикасно.




Интелигентна опрема за монтирање

Нашата професионална и софистицирана програма на додатоци, обезбедува непречена работа  во сите услови и градежни ситуации.




Предности

  • трајна и безбедна врска без О-прстени
  • најдобра ефикасност благодарение на оптимални хидраулични својства
  • применлива во бетон и кошулка
  • економично искористување на преостанатите должини на цевки

Преглед на цевките

РАУТЕРМ СПИД самолеплива цевка

Чекор понапред

Со новата, пофлексибилна слоевита структура на цевката станува можно: РАУТЕРМ СПИД  К цевката е до 30% пофлексибилна и посвитлива во споредба со конвенционалните цевки за подно греење, со што се олеснува инсталацијата. Комбинацијата на материјали е специјално дизајнирана за употреба за подно греење/ладење. Тесните намотувања на самолепливата лента околу цевката резултираат и со поголема површина за лепење до 6%.

Така се овозможува прецизна инсталација благодарение на отпорноста од нечистотии дури и при тешки услови. Докажаните предности, како што се обработливоста до -10°C, отпорноста на пукнатини и искористувањето на преостанатите  должини на цевки со технологија на подвижни навлаки, се разбира, се дел од РАУТЕРМ СПИД  К.

РАУТЕРМ СПИД

Новата генерација цевки

Со новата, пофлексибилна слоевита структура станува можно: РАУТЕРМ СПИД  цевката е до 30% пофлексибилна и посвитлива во споредба со конвенционалните цевки за подно греење, со што се олеснува инсталацијата. Комбинацијата на материјали е специјално дизајнирана за употреба за подно греење/ладење.

Докажаните предности, како што се обработливост до -10°C, отпорност на пукнатини и искористеноста на преостанатата должината со технологија на подвижни навлаки , се разбира, се присутни и кај РАУТЕРМ СПИД .

РАУТЕРМ С

РАУТЕРМ С цевка: Цврста цевка

Цевките за подно греење РАУ Пекс А (RAU PE-Xa)  се со квалитет „Произведено во Германија“. Тие се флексибилни РАУТЕРМ С цевки, компатибилни за градилишта и непропустливи на кислород.  Трајната непропустливост на техниката на спојување со подвижна навлака и отсуство на О-прстен (нема мртов простор меѓу спојката и цевката) овозможуваат брзо, лесно и сигурно поврзување на цевките.

Предности:

  • Погодна за градилишта – обработливост до -10°C
  • Отпорна на формирање на пукнатини
  • Подвижни навлаки за едноставни, безбедни спојки и искористеност на преостанатата должина
  • Издржлива и безбедна
Печати