АРМАПАЛ - Армирање на асфалт

Опис

АРМАПАЛ – Армирање на асфалтот за појачување на сообраќајници и аеродроми

АРМАПАЛОТ овозможува долготрајна и финансиски исплатлива санација.

АРМАПАЛОТ е ткаенина за армирање на асфалт од стаклена волна за појачување на битуменските сообраќајни површини.

Благодарение на неговата голема отпорност на кинење, појачувачката ткаенина ја намалува склоноста кон создавање на пукнатини во површината на коловозот и ја зголемува долговечноста на асфалтниот слој, преземајќи го напрегањето од затегнување.

Можности за примена:

АРМАПАЛ армирањето на асфалт е погодно за следниве области на примена:

  • Делумно санирање, или санирање на целата површина на битуменски сообраќајници за појачување на новиот асфалтен слој, исто така и на лиен асфалт
  • Проширување на асфалтираните сообраќајни површини за појачување на врската стара со нова лента
  • Подоцнежно копање на канали за цевки и инсталации во битуменските сообраќајни површини - за зацврстување на површините врз рабовите на каналите
  • Преградување на бетонски сообраќајници со битуменски покривен слој за зајакнување на целата површина на новиот покривен слој

Предности

Предности

АРМАПАЛ Г И ГЛ ги имаат следните предности како елемент за појачување на асфалтните слоеви кај градбата на сообраќајници и аеродроми:

  • Го преземаат притисокот од затегнување кој настанува во битуменската горна структура и го пренесуваат на поголема површина
  • Го намалуваат создавањето на рефлексивни распукувања
  • Ја подобруваат динамичната оптоварливост и заморувањето типично за битуменските слоеви
  • Го одложуваат настанувањето на рефлексивни распукнувања
  • Го одложуваат создавањето на пукнатини врз приклучните фуги при проширувања на сообраќајниците и канали за инсталации
  • Ги продолжуваат интервалите на санирање за 3 до 4 пати во споредба со непојачаниот асфалт
  • На тој начин, гледано на долгорочен план, ги намалуваат трошоците за санирање
  • Имаат многу малку пукнатини од растегнување, околу 2% и како резултат на тоа, можат да ги преземаат оптоварувањата од затегнување и при мали растегнувања на асфалтните слоеви ( за разлика од синтетичките решетки или геотекстилот)
  • Отпорни се на висока температура до 840 ° и заради тоа се погодни за вградување во лиен асфалт
  • Појачаните површини повторно можат да се фрезираат без проблеми и материјалот од фрезирањето со ARMAPAL може повторно да се искористи
  • Немаат влијание на животната средина

Испорака

Испорака

Понудената програма за испорака ги покрива сите случаи на примена:

  • АРМАПАЛ Г 5/5, отворена решетка со најмалку 50 kN/m затегнувачка цврстина во должина и попреку
  • АРМАПАЛ Г 10/10, отворена решетка со најмалку 100 kN/m затегнувачка цврстина во должина и попреку
  • АРМАПАЛ ГЛ 5/5, решеткаста структура со исполна од влакна и најмалку 50 kN/m затегнувачка цврстина во должина и попреку
  • АРМАПАЛ ГЛ 10/10, решеткаста структура со исполна од влакна и најмалку 100 kN/m затегнувачка цврстина во должина и попреку
  • Ширина на ролните АРМАПАЛ: 1,12 m, 2,25 m и 4,50 m

Должина на ролните:

  • Кај производите со затегнувачка цврстина од 50 kN/m – 100 m
  • Кај производите со затегнувачка цврстина од 100 kN/m – 50 m

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати