РАУТРАК геотекстил

Опис

Опис

РАУТРАК е двослоен геотекстил кој се состои од бел горен слој отпорен на триење и син слој со голема пропустливост на вода.

РАУТРАК врши распределба на настанатите притисоци и со тоа овозможува поголема носивост на површината.

Покрај тоа, функцијата на разделувач и филтер спречува мешање на нисечкиор слој од шодер со финозрнестата почва.

Благодарение на специјалниот горен слој, РАУТРАК располага со поголема отпорност на триење и може да се стави директно под носечкиот слој на шодер.

РАУТРАК геотекстилот ја апсорбира водата од површината и со помош на големата способност за дренажа на долниот слој ја одвлекува на страна, без да се омекне подлогата и порната вода која тече одоздола истекува на долното ниво. Високата апцорпција на сила на РАУТРАК во случај на многу мека почва ја растоварува подлогата и ја зголемува нејзината носивост.

Карактеристики:

  • Механички изработен и термички преработен неткаен матријал (геотекстил)
  • Двослоен состав од ПП и ПЕ
  • Бел горен слој отпорен на триење
  • Син слој со голема способност за пропуштање на вода
  • Долгорочна хемиска стабилност како резултат на 100% матријал ПП и ПЕ
  • Ја исполнува директивата TM 2007-236 I.NVT (K)

Предности

Предности

РАУТРАК го заменува заштитниот слој на планумот при изградба на железници и може да се вгради директно под носечкиот слој од шодер. Геотекстилот комбинира 4 функции во еден производ: Го разделува насипот од шодер од планумот, филтрира за понатамошно истекување на водата, појачува за растеретување на земјениот планум и дренира за истекување на вишокот вода.

  • Економична алтернатива за конвенционалниот заштита на слојот на планумот
  • Висока отпорност од триење на површината
  • Зголемена носивост како резултат на високата апсорпција на сила во случај на многу мека подлога и распределувањето на настанатите притисоци
  • Подобрена заштита од забрзнување како резултат на извонредните вредности на дренажа на вода
  • Намалување на прекумерниот притисок од порна вода : порна вода којашто тече одоздола странично се дренира како резултат на големата пропустливост на вода на ниво на производот
  • Големата пропустливост на вода на долниот дел овозможува апсорпција и странична дренажа на водата од површината и земјата, со ова се спречува омекнување на почвата
  • Помало загадување на животната средина бидејќи не е потребна замена или подобрување на почвата на самото место

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати