РАУДРИЛ ПВЦ дренажна цевка

Опис

РАУДРИЛ ПВЦ дренажна цевка
РАУДРИЛ ПВЦ дренажна цевка

Цевки во форма на тунели со полн ѕид за одводнување на сообраќајници и ниско градба, DIN 4262-1, тип C2

РАУДРИЛ дренажните и транспортните цевки одговараат на DIN 4262 -1, C2. Тие се особено погодни за вградување во подрачја со динамично оптоварување (улици и аеродроми) и оптоварување од подземна вода (подземни гаражи).

Честото испирање на цевките, како и затрупувањето со груб зрнест материјал (филтерски слој) нема негативно влијание врз компактните цевки од ПВЦ.

Карактеристики:

  • Стандардни димензии на дренажната цевка DN 100 и DN 160, на дренажната и транспортната цевка DN 200, 250 и 355
  • Изглед на шлицот на дренажната цевка: попречен шлиц, редови на шлицови поставени на 220° од разделот на цевката
  • Изглед на шлицот на дренажната и транспортната цевка: попречен шлиц, редови на шлицови поставени на 107 ° од разделот на цевката
  • Стандардна ширина на шлицот: 1.2 mm
  • Површина на влез на вода > 50 cm²/m
  • Статички пресметлив според ATV - DVWK - A 127
  • Боја: Азурно сино

Предности

РАУДРИЛ ПВЦ дренажна цевка
РАУДРИЛ ПВЦ дренажна цевка

Предности

РАУДРИЛ дренажните цевки од ПВЦ со децении се докажано решение за одводнување при изградба на сообраќајници или при дренажа на градежна почва:

  • Голем капацитет на проток и одвод
  • Не се создава талог и се спречува затнувањето како резултат на мазниот внатрешен ѕид
  • Голема способност за примање на вода и одлични вредности на одводнување
  • До 10% поголема апсорпција на вода преку подложни ребра на горната површина од цевката кои ја насочуваат водата во попречните шлицови
  • Едноставно поврзување на цевките благодарение на 5 метарските должини со претходно монтирани муфови на навлекување
  • Сеопфатна програма на фитинзи
  • Голема носечка површина и голема сигурност при вградувањето благодарение на формата на тунел
  • Може да се испираат под висок притисок до 150 бари, а можен е и повисок притисок на испирање со посовремени постапки

Испорака

РАУДРИЛ ПВЦ дренажна цевка
РАУДРИЛ ПВЦ дренажна цевка

Испорака

Системски компоненти:

  • Дренажни цевки DN 100 и 160
  • Дренажни и транспортни цевки DN 200, 250, 355, заптивање со кружен прстен
  • Програма на фитинзи
  • Дренажна шахта DN 315 од ПП, со или без песочен таложник – Со 3 оформени влеза (муф) од DN 100 до DN 160, 90° со адаптери за приклучок со РАУДРИЛ
  • РАУРЕКО Рисајклинг контролна шахта со интегрирани РАУДРИЛ приклучоци за поврзување со цевки

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати