РАУГЕО колект (RAUGEO collect) геотермален колектор

Површински колектори за ефикасно геотермално греење

Со хоризонтално поставен геотермален колектор се добива топлина од почвата во незамрзнувачкиот слој на длабочина од 1,5м. 

Површинските колектори РАУГЕО колект (RAUGEO collect) PE-Xa имаат висока отпорност на механички оштетувања. Како резултат на тоа, материјалот од ископот може да се користи повторно како баласт. Тоа заштедува скапа замена на почвата, со што значително се намалуваат трошоците за инсталација. 

За помали барања на отпорност на температура и точка на оптоварување РЕХАУ нуди геотермални колектори од PE100 и PE100-RC.

Предности

  • Изведба до – 30 °C
  • Подобрен степен на ефикасност поради повторна употреба на материјалот од ископ
  • Нема потреба од дозвола или одобрение 

Можности за примена

  • Греење поврзано со топлински пумпи
  • Користење кај расположива голема површина (од 200m²)
  • Економично поставување со вообичаена градежна механизација
  • Се поставува и во каменита почва без песочна подлога со PE-Xa
  • Оптимално за комбинирање со површинско греење

Програма за испорака

Програмата РАУГЕО (RAUGEO) покрај геотермалните колектори од PE-Xa, PE-RC и PE100, ги содржи сите потребни компоненти до приклучок на топлинската пумпа:

  • Помагала за инсталација
  • Водови за поврзување
  • Разделник и разделни шахти
  • Куќни приклучоци
  • Етилен гликол
Печати