РАУВИТЕРМ Топлоснабдување

Опис

Ефикасен, сигурен и флексибилен начин на топлоснабдување

За децентрализирано топлоснабдување потребно е систем на цевки кои имаат највисока флексибилност со одлични карактеристики на топлинска изолација и максимална сигурност. РЕХАУ ги исполнува сите барања со развојот на новиот изолиран систем на цевки РАУВИТЕРМ.

Предности

Предности

Хибридниот систем на цевки РАУВИТЕРМ ги обединува најважните карактеристики на спојни и лизгачки цевни системи:

  • Градежно соодветен волумен со зголемена јакост на ѕид и водоотпорност по цела должина
  • Максимално едноставна инсталација со ребреста кошулка, поместувачки слоеви на пена и флексибилна РЕХАУ медиум цевка
  • Максимална топлинска изолација во својата класа со масивно изолациско тело од изолирано јадро и кошулка до 50 mm
  • Лесна инсталација со милион пати докажаната техника на подвижна навлака РЕХАУ и со интелигентен систем на спојки

Компопненти на системот

Компоненти на системот

Хибридниот систем на цевки РАУВИТЕРМ нуди целосна програма на цевки и на профили со единечен и двоен вод и сите соодветни делови, профили и фитинзи:

  • РАУВИТЕРМ двоен вод  од d25 до 63 mm, единечен вод од d25 до 110 mm со должина на прстенест сноп помеѓу 100 и 300 m
  • РЕХАУ спојувачки систем на лизгачка чаура со сите вообичаени изводи, премини како и специјални куглести вентили и блок арматури
  • РЕХАУ спојувачки систем на спојка со електрично заварување FUSAPEX за поврзувања помеѓу d50 до 110 mm, агли, премини и конектори на фланша
  • РЕХАУ универзален систем на спојка за поврзување и извод на РАУВИТЕРМ и сите вообичаени цевни системи на пазарот

Примена

Примена

Хибридниот систем на цевки РАУВИТЕРМ е решение за распределување на топлина во објект, за помали топлински мрежи и поврзување на индивидуални приклучоци:

  • Транспорт на топлина во биогас централата со приклучок на штала, станбени објекти итн.
  • Изведба на помали и средни топлински мрежи, приклучок на индивидуални корисници на топлина односно куќни приклучоци поврзани со спојниот цевен систем RAUTHERMEX
  • Приклучок односно распределба на топлина од BHKW, системи на пилевина и котли на биомаса на индивидуални корисници на топлина
  • Инсталација на надворешно поставени топлински пумпи-воздух-вода, греење на пелети или елементи за складирање
  • Распределба на топлина во индустриски и ладилни системи, оранжерии и производни системи
  • Поврзување на геотермални енергетски извори

Видео

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати