Вентилација на стамбен простор

0% ширење на бактерии

Луѓето и објектот слободно дишат

Без разлика дали училишта или градинки, универзитетски институти, семејни куќи, болници, општини или канцелариски објекти: сите простории, објекти и луѓето во нив имаат потреба од свеж воздух – и колку е поголем објектот, толку повеќе луѓе работат или живеат во него и има потреба од повеќе воздух. Затоа важи правилото: сеедно дали е новоградба или постоечка, станбениот простор станува се потесен. Ние носиме свеж воздух во објектот!



 

Предности

Цевката е одлучувачка

Зошто системот за вентилација од вештачки материјали е подобар отколку бетонскиот

Доводните цевки од усисната кула кон објектот имаат често дијаметар од два метри, особено кај големи објекти. Преку нив се всисува целиот воздух. При тоа е важен составот на цевките односно нивната внатрешна страна. Тука се наталожува кондензирана вода и микроскопски мали честички од воздухот и со тоа да се размножуваат микроби и бактерии. Непишано правило е дека: колку е погруб внатрешниот ѕид на цевката, толку е поголема опасноста од контаминација и загадување. Внатрешните ѕидови на АВАДУКТ термо цевките од РЕХАУ се мазни.

Тие се единствени на пазарот кои се обложени со антибактериски слој. Кај нив не може да се појави контаминација и загадување. Но тоа не е единствената предност наспроти бетон.


Антибактериска, единствена на пазарот!

АВАДУКТ термо цевките од полимер се мазни однатре, ниту на најситните тела не им дава површина за наталожување. Во внатрешната страна се вградени мали сребрени јони. Тие имаат антибактериски ефект.

Резултатот е: РЕХАУ цевките не се загадуваат. 


Бетонските цевки се груби и имаат голема површина. Многу појдовни точки за наталожувања - а со тоа и потенцијално легло за размножување на бактерии, кои потоа преку воздухот се пренесуваат насекаде

Целиот АВАДУКТ термо систем

За разлика од бетонот, АВАДУКТ термо системот 100% одговара на барањата согласно VDI 4640-4 и VDI 6022-1.2.

Меѓу другото, тоа значи дека:

  • Хигиенски и здравствено е идеално
  • Нерѓосувачки материјал
  • Брза дренажа на кондензатот
  • Можност за чистење и дезинфекција
  • Заптивност од надворешни влијанија

90 % полесни

АВАДУКТ термо цевките се 90 % полесни а со тоа и 30 % побрзи за инсталација од бетонот. Освен тоа за бетон е потребен дополнителен алат за прецизна монтажа на тешките цевки

робусни и еластични

АВАДУКТ термо цевките се еластични и отпорни на удар. Наспроти нив бетонските цевки се тврди, кршливи, осетливи и при транспортот. Колку се осетливи покажува и една едноставна бројка: кај одводните бетонски шахти на пр. секој втор дел е веќе оштетен пред да биде вграден*.

100
години

АВАДУКТ термо цевките остануваат цели 100 години без ограничувања. TÜV Рајна односно LGA (Регионална комора) Нирнберг го имаат тоа и сертифицирано. Бетонските цевки со тек на време се кршливи. Нивниот рок на траење е само 50 години.

Производи

Довод на воздух

Свеж воздух – проблем? Во минатото едноставно се отвораа прозорците. Денес кај новоградбите и енергетски санираните објекти тоа најчесто веќе не е можно. Од различни причини:

  • Греење, клима и вентилација претставуваат осетлив компактен систем од енергетска гледна точка. Отворени прозорци веднаш го изменуваат.
  • Безбедноста е важно прашање, особено во високи згради.
  • Во болници или училишта се избегнува бучава.
  • Рачно проветрување е не само поскапо, туку и тешко се контролира.


кон производот

Топлоизменувач воздух-геотермија

Зголемувањето на цените на енергијата и намалувањето на ресурси доведе до тоа градителите, проектантите и архитектите да се пренасочат во размислувањата. Со зголемениот недостиг на фосилни горива енергетски ефикасните градежни концепти добиваат сѐ повеќе на важност. Клучна компонента е контролирана вентилација на станбени, канцелариски и работни простории.

  • Волумен на проток на воздух
  • Длабочина на монтажа
  • Материјал на цевки
  • Својства на почвата
  • Клима на локацијата

Со задоволство ќе Ви помогнеме во планирањето на Вашиот проект со нашиот Центар за проектирање РЕХАУ.


кон производот

Печати