Брилант-дизајн

Опис

Топлинска изолација и разновиден дизајн

Брилант Дизајн претставува комбинација на топлинска изолација и разновиден дизајн. Без оглед дали е со длабочина на вградување од 70 mm или 80 mm – овој систем е идеално решение за новoградба или реновирање. Разновидните форми, бои, декори и дизајнираните крила овозможуваат индивидуално обликување на прозорецот.

Карактеристики:

  • Длабочина на вградување: 70 mm (опционално 80 mm рам)/преклопен дихтунг
  • Број на комори: 5 комори (6 комори)
  • Топлинска изолација:
    Uf= 1,3 W/m²K (Брилант Дизајн со стандардно армирање)
    Uf= 1,2 W/m²K (Брилант Дизајн плус со термички разделено армирање)
  • Заштеда на енергија: до 56% (основа за споредба: Дрвен-/
    пластичен прозорец Uw = 2,7 W/m²K)
  • Звучна изолација до Rw,P = 45 dB
  • Заштита од кражба: до спречување на насилно влегување класа 3 (ENV 1627)
  • Заштита од провев: Класа 4 според EN 12207
  • Заштита од поројни дождови: Класа E 900 според EN 12208

Предности

Предности

  • Кос фалц во рамката за подобро истекување на водата и полесно чистење
  • Оптимални статички карактеристики преку челично армирање со голема длабочина на вградување
  • Еднакви армирања во рамот и крилото за полесно одржување на лагерот
  • По избор екструдирани дихтунзи за рационална завршна обработка
  • High Definition Finishing- површина(HDF): висококвалитетна, мазна и лесна за одржување
  • Еколошки производ, со тоа и можност за рециклирање

Дизајн

Дизајн

  • Класични или заоблени крила
  • Разновидни можности на дизајн со различни бои и декор фолии како и со лакирање или алуминиумски обвивки
  • Индивидуални форми на пр. кружен, триаголен прозорец како и коси и испакнати дизајни
  • Светлосивите дихтунзи ги нагласуваат белите профили

Прибор

Прибор

На располагање е следниов прибор и дополнителни елементи за Брилант Дизајн:

  • Аголни спојки:
    Успешно го спречува настанувањето на мувла и кондензација (DIN 4108-2)
    Троаголно решение за 90° агли, 135° агли и варијабилни агли со внатрешен навој помеѓу 90° и 180°
  • РЕХАУ Комфорт- дизајн плус:
    Системот на ролетни нуди ефективна заштита од светлина и погледи. Достапен е и систем на ролетни со интегриран комарник.

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати