Брилант-дизајн за пасивни куќи

Опис

Прв сертифициран систем за влезни врати за пасивни куќи

Пасивната куќа е исплатлива инвестиција во време на пораст на трошоците за електрична енергија, бидејќи како во лето така и во зима, може да се помине без класично греење. Со тоа се поставуваат повисоки критериуми за применетите системи. РЕХАУ успеа да ја изработи првата сертифицирана влезна врата за пасивни куќи. Со системот за профили Брилант дизајн и со исполна за врати од програмата Клима – Клас, не само што се достигнати неопходните вредности на топлинска изолација, туки истовремено се отвара можноста за слободно обликување на влезните врати.

Карактеристики:

  • Длабочина на вградување: 70 mm систем на профили, 92 mm вкупно
  • Број на комори: 4 комори во крилото, 5 комори во рамот
  • Топлинска изолација: Ud = 0,78 W/m²K со исполни на крилото
  • Сертифициран систем од институтот воДармштад како Компоненетна за пасивни куќи”, важи при монтажа на исполни од програмата Клима - Клас
  • Пропустливост на воздух: Класа 3 според EN 12207
  • Заштита од поројни дождови: до класа 9A според EN 12208
  • 3 Нивоа на дихтунзи во областа на прагот

Предности

Предности

  • Кос фалц во рамката за полесно чистење
  • Добри статички карактеристики со примена на челични армирања со голема длабочина на вградување
  • Примена на екструдирани аголни спојници за висока стабилност
  • Зголемена сигурност преку заштитен жлеб за клучеви.
  • Висока топлинска изолација за пасивни куќи
  • High Definition Finishing- површина(HDF): висококвалитетна, мазна и лесна за одржување
  • Еколошки производ, со тоа и можност за рециклирање

Можности на примена

Можности на примена

  • Влезови кај пасивни куќи
  • Еднокрилни влезни врати кои се отвораат навнатре
  • Еднокрилни влезни врати кои се отвораат навнатре со фиксен страничен дел

Дизајн

Дизајн

  • Рамовите можат да се лакираат соодветно на исполната во над 170 РАЛ бои.
  • Комбинација со исполни од програмата РЕХАУ Клима- Клас со висока топлинска изолација кои се покриени со крила од двете страни

ПРИЈАВА ВО ПОРТАЛ

Печати