Раупиано плус: цевка со звучна изолација

на прв поглед

Комплетен систем за едносемејни куќи и големи објекти

Нашиот асортиман на цевки, фитинзи и додатоци РАУПИАНО ПЛУС е универзално применлив и компатибилен со конвенционалните ХТ и КГ системи во сите димензии од DN 40 до DN 200 - со оптимална звучна изолација и заштита од пожар.

17dB

Лесно монтирање со РАУПИАНО ПЛУС

F90

Заштита од пожар со РАУПИАНО ПЛУС

30%

побрза монтажа со РАУПИАНО ПЛУС


Премиум цевка со звучна изолација 
одобрена од институтот Фраунхофер:

Тивка како шепот, РАУПИАНО ПЛУС значително го намалува законскиот минимален услов за звучна изолација на санитарните инсталации. Исполента е и заострената VDI-директива 4100 .


Заштита од пожар: Брзо, едноставно и во согласност со нормите

Дури и кога мора брзо да се работи  на градилиштето, не смее да се случат грешки во однос на заштитата од пожари. Нашите решенија за противпожарна заштита се дизајнирани за едноставно планирање, едноставно склопување и на тој начин едноставен тест за прием.


Времето за монтажа е редуцирано на минимум

Исклучувањето на грешките при планирање и инсталација и намалениот трошок за монтажа заштедуваат до 30% од времето за работа во споредба со СМЛ-гусените цевки.

Звучна изолација: Одобрено од институтот Фраунхофер:

Тивка одводна инсталација

Нашиот систем на цевки со звучна изолација РАУПИАНО ПЛУС е со ниво на звук од само 17 db (A) под бараните вредности од Директивата VDI 4100 за звучна изолација. Потивко од шепот, бидејќи сите компоненти – цевките, лиените делови и технологијата на прицврстување – придонесуваат РАУПИАНО ПЛУС да функционира без бучава.


Звукот се апсорбира со технологија на повеќе слоеви на ѕидот на цевката

Најтврдиот среден слој на цевките достигнува густина на цевката од 1,9 g/cm поради материјалите со кои е исполнет и кои го апсорбираат звукот. На тој начин во голема мера се намалува нивото на звучност.


Нема звуци на вртежи од вода во деловите каде се пренасочува водата

Тие едноставно се губат на местата каде е задебелен ѕидот. Хидраулички оптимизираните внатрешни контури на разграноците ја намалуваат и бучавата од протокот.


Нема бучава во структурата благодарение на стегачите со висока изолација

Нашиот патентиран систем на стегачи обезбедува уште поголема тишина. Тој го намалува преносот на звукот врз ѕидот на кој е монтирана инсталацијата.

Дали знаевте?

Уште потивко благодарение на редуцирањето на јачината на звукот

Нашиот патентиран прицврстувач со високо ниво на изолација ја редуцира бучавата што ја пренесува инсталацијата. Составен од стегач за поткрепување и прицврстување го редуцира преносот на бучавата на ѕидот на инсталацијата. Точниот момент на затегнување на водечкиот стегач се одредува со затворачот на клипот и држачот на растојание. Покрај тоа, специјалната геометрија на гумената подлошка обезбедува центрирање на цевката на исто растојание од сите страни на стегачот.

Заштита од пожар: F90 со нулта растојание

Најмал потребен простор при највисока безбедност на планирање

Нашиот систем на цевки со звучна изолација РАУПИАНО ПЛУС е одличен и при заштитата од пожар. Во комбинација со нашите РАУТИТАН  цевки за вода за пиење и греење, се исклучува потребата од проверка на минималните растојанија што треба да се почитуваат. И двата система ги проценивме заедно, а експертското мислење потврдува нула растојание речиси за сите комбинации. Тоа важи и за комбинацијата на РАУПИАНО ПЛУС со незапалливи метални водови.

Нашите решенија за заштита од пожар се одобрени од градежната инспекција и исполнуваат период на отпор на пожар од најмалку 90 минути.

100% топлинска изолација

Без да се занемари топлинската изолација, нашите решенија за заштита од пожар може да се користат и кај топлинско изолирани тавани, како на пример, во подземни гаражи.

Заштедуваат простор и се безбедни

New Content Item


Лента за заштита од пожар која заштедува простор, DN од 40 до 90

Дизајнирана за вградување на плафон со заштеда на простор, нашата рамна лента за заштита од пожар е паметно решение за монтажа од само едно лице - без бушење и дупчење. Исечи, залепи и готово.


Нашите манжетни за заштита од пожар DN 50 до 125 и DN 40 до 200

Без оглед дали се монтирани под плафонот или на ѕид, манжетните за заштита од пожар се идеални со особено ниска висина на поставување од само 30 mm. Поголемите манжетни за заштита од пожар се погодни за вградување во плафон или во ѕид.


Аголни манжетни DN 75 до 125

Осмислени за агли: Аголната манжетна за заштита од пожар е идеален избор кај особено тесни простори и за кабли кои излегуваат во аглите. Се монтираат под плафонот.

Економичност: Без компромиси

New Content Item

35% заштеда на простор

Заштедете до 35% простор: Во споредба со СМЛ, РАУПИАНО ПЛУС заштедува простор притоа зафаќајки помалку место. Решенијата за заштита од пожар на РЕХАУ особено заштедуваат простор. Освен тоа, се елиминираат потпорите на доводните цевки кои се задолжителни кај СМЛ лиени цевки. Тенкиот РАУПИАНО ПЛУС стегач овозможува слободен простор за монтажа - дури и кога е тесно.

9 наместо 5 бањи

Бидејќи онаму каде што димензијата е 80 кај СМЛ-лиените цевки, кај РАУПИАНО ПЛУС димензијата е 90. Со повисок проток од 20% може да се поврзат 9 наместо 5 бањи на една одводна цевка.

Побрза монтажа за 30%

Во споредба со гусените цевки, се  заштедува до 30% време за работа цевките со звучна изолација. Тоа е овозможено со исклучување на можни грешки при планирање и инсталација, како и со намален трошок за монтажа.

Плус помали трошоци за материјали

РАУПИАНО ПЛУС ги редуцира трошоците за материјали - во споредба со класичната комбинација на СМЛ-лиени и ХТ-пластични цевки до една третина. Заедно со тоа, заштедата при монтажа е важна за инсталатерите.

Намалените трошоци за монтажа и материјали може да се докаже со реализиран голем објект со 313 станбени единици, каде што инвеститорот и изведувачот ја пресметале инсталацијата со СМЛ и ХТ. Пресметката се заснова врз спецификација на материјалите. Времето на монтажа потекнува од надворешна, независна студија на Инунг Шпенглер, техничар за санитарија и греење во Минхен.

Видео

Видео за РАУПИАНО ПЛУС. Системот.


Видеозаштита од пожар со нулта растојание

Видео за РАУПИАНО ПЛУС звучна изолација


Печати