РЕХАУ на тема заштита на податоци

РЕХАУ се радува на вашата посета на нашата веб-страница и вашиот интерес за нашата фирма и нашите производи. Заштитата на вашите приватни податоци ја сфаќаме многу сериозно и сакаме да се чувствувате пријатно при посетата на нашите интернет-страници. Сигурноста на вашите лични податоци, како што се име и презиме, адреса, телефонски број и e-mail адреса за нас е многу важна, и затоа ја земаме предвид при нашите деловни процеси. Нашите веб-активности ги извршуваме во согласност со законите за заштита и за сигурност на податоците. Во следниот текст ќе дознаете кои информации евентуално ги собираме и како постапуваме со нив.

Веб-страниците на РЕХАУ може да содржат линкови за веб-страници на други понудувачи, на кои не се однесува оваа изјава за зашита на податоците.

Лични податоци
Без вашата согласност, на нашите веб-страници не собираме лични податоци. Самите вие одлучувате дали во рамките на некоја регистрација, порачка или анкета, сакате да ни ги соопштите тие податоци или не. Вашите лични податоци ги користиме по правило за да одговориме на вашето барање, да ја обработиме вашата нарачка или да ви овозможиме пристап до специјални информации или понуди. За да се негуваат односите со клиентите може да е потребно

  • да ги зачуваме, обработиме или на пример да ги соопштиме вашите лични податоци на друга фирма од РЕХАУ-групата, за да можеме подобро да им излеземе во пресрет на вашите желби или да ги подобриме нашите производи и услуги,
  • или ние (или трето лице по наш налог) да ги употребиме овие податоци, за да ве информираме за понудите на РЕХАУ, што и користат на вашата работа, или да спроведеме Online-анкети, со кои
  • подобро им излегуваме во пресрет на вашите барања.

Секако дека го почитуваме тоа ако не сакате да ни ги предадете вашите лични податоци за поддршка на понатамошниоте односи со клиентите, посебно заради директно пуштање на пазарот/продажба или истражување на пазарот. Се разбира дека вашите лични податоци нема да ги продадеме на трети лица или на друг начин да ги понудиме на пазарот.

Автоматски собрани информации, кои не се лични податоци
Кога ќе влезете на нашите веб-страници, понекогаш информациите се собираат автоматски (значи не преку регистрација), а кои не се поврзуваат со определено лице (на пр. користен интернет-пребарувач (Internet-Browser); име на домен (Domain-Name) на веб-страницата, од која доаѓате; број на посети, просечно време на задржување на страницата, повикани страници). РЕХАУ ги користи овие информации, за да ја испита атрактивноста на нашите веб-страници и да ја подобри нивната содржина. Ако посетите некоја од нашите веб-страници, може да се случи во вашиот компјутер да ставиме информации во форма на „Cookie" (колаче), кое ве препознава автоматски при вашата следна посета. Овие Cookies дозволуваат на пр. некоја веб-страница да се приспособи кон вашите интереси или да ја зачува вашата лозинка, за да не мора секој пат одново да ја давате. Ако општо го одбивате користењето на Cookies, имате можност да го наместите вашиот интернет пребарувач, така што ќе ги брише овие Cookies од матичната плоча/хард дискот на вашиот компјутер или ќе ги блокира сите Cookies, пред да се зачува кое било од нив.

Сигурност
РЕХАУ презема мерки да ги заштити вашите податоците, со кои располага, од случајни или намерни манипулации, губење, уништување или од пристап од страна на неовластени лица.

Право на информација
Ако имате прашања во поглед на обработката на вашите лични податоци, можете да се обратите на нашиот овластен службеник за заштита на податоци, којшто стои на располагање и во случај на барање за информација, поплаки или жалби. На барање, РЕХАУ ви соопштува писмено, во најкраток можен рок, соодветно на важечкото право, дали и кои лични податоци за вас се зачувани кај нас. Ако и покрај нашите напори за точност и актуелност на податоците, се зачувани погрешни информации, на ваше барање ќе ги коригираме.

Овластено лице за заштита на податоци:

Пандора Савиќевиќ

РЕХАУ ДООЕЛ
Првомајска 7 бб
МК - 1000 Скопје
Македонија
E-Mail: pandora.savicevic@rehau.com