Имате уште прашања?

Што е изменувач воздух -земја?
Со изменувачот воздух -земја еден дел или целокупниот потребен воздух се спроведува низ една цевка положена во земјата или пак низ систем на цевки. Со разликите во температура во текот на годината помеѓу температурата на земјата и надворешниот воздух можно е спроведениот воздух од цевките во зима да се загрее а во лето да излади .

Дали изменувачот воздух -вода L-EWT е наменет и за лица кои страдаат од алергии?
Да, АВАДУКТ термо (AWADUKT Thermo)  е наменет и за лица кои страдаат од алергии. Во овој случај на филтерот G4 треба да му се постави дополнително фин филтер F6.

Со што се одликува системот РЕХАУ АВАДУКТ Термо изменувач воздух - земја  (REHAU AWADUKT Thermo L-EWT)?

  • Антимикробен внатрешен слој
    Единствениот и патентиран антмикробен полимерен слој на АВАДУКТ термо (AWADUKT Thermo)  спречува пораст на бактерии на внатрешниот дел на цевката. Испитувањата во институтот Фрезениус (јан. 2003, окт. 2009 и апр. 2012) потврдуваат значително намалување на бактериите.
  • Оптимирана полна ПП (PP) цевка
    Полипропиленот има повисока топлинска спроводливост од ПВЦто. Оптимална топлинска проводливост од дното преку цевката во воздухот.
  • Висока крутост
    Со тоа сигурен одвод на кондензатот
  • Отпорни на радон (Radon)
    Радон (Radon) е природен радиоактивен гас, кој се наоѓа во  карпите и почвата. Тој дифундира преку почвата, се раствора во водата и  излегува на површината на земјата во атмосферата.  Цевката како и Safty Lock-дихтунгот се отпорни на радон.

Колку чини изменувач воздух –вода ( L-EWT)?
Имаме сетови за едносемејни куќи. Цената е  2.700 EUR и 3.775 EUR без ДДВ.
Претходно изработените сетови од РЕХАУ се конципирани така што содржат технички решенија за  филтрирање на воздухот, приклучување на објектот како и одвод на кондензатот .

Што се однесува до трошоците за монтажа обратете се кај стручните инсталатери .

Дали ми е потребна голема градина?
Не , полегнувањето се врши во новоградби со прстени околу објектот во растојание од 1m.

Дали  изменувачот  воздух –вода L-EWT е систем за вентилација?
Да. Системот за вентилација и изменувачот воздух –вода L-EWT се поврзани и мора редовно да се одржуваат.

Дали можам да го чистам и одржувам изменувачот воздух –вода L-EWT?
Да, според инструкциите од VDI 6022 треба да се спроведат соодветни чистења и хигиенски контроли. Можно е да има државни регулативи за интервелите на контрола на вентилациониот систем. Целокупниот систем треба да се планира така што да може да се спроведе целокупно чистење на изменувачот воздух –вода L-EWT по пропис.

Дали изменувачот воздух –вода се исплати само кај нова градба или може и при реновирање?
Во принцип изменувачот воздух –вода наоѓа примена и во двата случаја. Кај новоградба поставувањето може да се комбинира со другите дејности. Кај реновирње мора на пр. да се  направат канали за вентилација.

Кој може да го димензионира изменувачот воздух –вода (L-EWT)?
За димензионирање на едносемјени или повеќесемејни куќе нудиме сетови АВАДУКТ термо (AWADUKT Thermo ). Одредете ја Вашата зона на климатизација и потребното струење на воздухот и побарајте го соодветниот сет. За објекти со поголем волумен на струење обратете се кај нашите стручни консултанти во продажните канцеларии. Стапете во контакт преку Online-формуларот.

Дали може да се направи одвод на настанатиот кондензат во системот на цевки?
За да се овозможи најбрз можен одвод на кондензатот потребно е при полегнување на цевката  да се направи наклон од  ca. 2-3%. Одводот на кондензатот може да се спроведе со поставување на шахта за собирање на кондензат надвор од објектот или со инсталиран одвод на кондензат во објектот.

Печати