Чувство на задоволство во сите области на животот - Подно греење и ладење РЕХАУ

Околу 90 % од нашето време го поминуваме во затворен простор. На тој начин пријатната и здрава внатрешна клима одредува голем дел од квалитетот на нашиот живот. Модерните системи за подно греење и ладење РЕХАУ претставуваат најдобар предуслов за пријатен дом. 

До 20 % заштеда на енергија

Благодарение на пониската температура на водата, подното греење од РЕХАУ е вистински чувар на енергијата. Набавката е исто толку поволна како онаа на конвенционалните радијатори. 


Удобност и комфор

При греење со радијатори, и покрај високата топлинска енергија, просторијата се грее нерамномерно. Во некои делови може да биде непријатно студено, во други претопло. На овој начин не може да се создаде пријатна клима во просторијата.

Подното греење на РЕХАУ обезбедува рамномерна распределба на топлината низ целата просторија.

Флексибилно дизајнирање на просторијата

Топлина која ја чувствуваш, но не ја гледаш 

  • Слободен простор:
    Модерното греење на РЕХАУ се карактеризира пред сѐ со фактот што не зазема место, туку е сместено во подот или ѕидот. Со тоа создава простор за мебел, отвора нови можности за дизајн и дозволува едноставно просторот да изгледа посреден. 
    Освен тоа: Подното греење на РЕХАУ не фаќа прашина, не мора да се лакира и при чистење со машина не создава тешкодостапни агли
  • За сите видови на подови:
    Дали се плочки, паркет, теписон или ламинат – подното греење и ладење на РЕХАУ е практично за сите видови подни облоги
  • За новоградби и реновирање:
    Системите за подно греење и ладење на РЕХАУ се идеални за која било примена. 
    Посебно при реновирање, ниските висини на вградување се особено практични и овозможуваат опремување по индивидуална мерка. 
Печати