КАЛЕИДО КОЛОР – светот на боите на РЕХАУ

Прозорците и вратите значително ја обликуваат сликата на фасадата и на секоја зграда ѝ даваат уникатен изглед. КАЛЕИДО КОЛОР на РЕХАУ нуди огромен избор на бои и дизајни, така што фантазијата е неограничена за индивидуалната изведба на вашите објекти.

Покрај бојата, стилот го дефинираат и обликот и големината на прозорците и вратите. Пластичните профили од РЕХАУ нудат можности, за кои можеби до денес не сте ни помислувале. Со системите од иновативните материјали (како што е ГЕНЕО од РАУ-ФИПРО), може да се изведуваат големи градби, кои не беа можни со досегашните конвенционални начини.

100 % РЕХАУ квалитет

Сите фолии и бои темелно се анализираат пред нивната прва употреба, се изведуваат долготрајни тестови и се изложуваат на  највисоки оптоварувања. Откако ќе се потврдат сите тестови, тогаш зборуваме за РЕХАУ квалитет.

За вас тоа значи дека добивате производ со највисоки индустриски стандарди, и тоа со целосна гаранција од производителот.

КАЛЕИДО ВУДЕК – Извонреден изглед и чувтсво на вистинско дрво

Мат површините на КАЛЕИДО ВУДЕК не се само убави за гледање, туку се чувствуваат особено вистински. Ќе бидете изненадени, зашто со КАЛЕИДО ВУДЕК е навистина тешко да ги разликувате пластичните од дрвени прозорци. Кај пластичните прозорци, исто така вложувате минимални напори за одржување.

На располагање ви стојат три вида на модерни површини: турнер оак малт, шефилд оак конкрете и шефилд оак алпине.

КАЛЕИДО ФОИЛ - Посебни акценти на дрво, метал и универзални бои

Каширањето веќе неколку години е докажана стандардна постапка на боење. РЕХАУ декорите се изведуваат со лепило и со специфична постапка, со помош на машини со високи перформанси, се нанесуваат врз профилот на прозорецот. ПВЦ-фолијата се изработува во два слоја: Основната фолија останува во една боја или се пресува, транспарентниот горен слој од PMMA (поли(метил метакрилат)) ги штити боите и декорациите од избледување поради УВ зраците или од други влијанија на временски услови. Декорите може да се нанесуваат на внатрешната и/или надворешната страна.

КАЛЕИДО ПЕИНТ – брилијантно бојосување на вашите РЕХАУ прозорци

Со КАЛЕИДО ПЕИНТ прозорците целосно се бојосуваат во една боја, по ваша желба. Благородната боја се нанесува во неколку слоеви и на прозорецот му дава посебна завршна обработка со сјајна или мат површина. Палетата на бои сѐ повеќе се шири – актулена е нпр. структурираната боја, во која, заради посебни оптички ефекти, се додаваат микрочестички.

КАЛЕИДО КАВЕР - Класичен и благороден: совршен изглед на алуминиум

Алуминиумските поклопци овозможуваат комбинација на профили со технички предности на PVC-профили со изглед на алуминиум. КАЛЕИДО КАВЕР е совршено прилагоден на формата на профилот и цврсто се поврзува со него. Површината на алуминиумските поклопци може да се лакира, да се обложи со прав или да се елоксира и истовремено е силена и отпорна на различни временски услови. КАЛЕИДО КАВЕР може да се изведе во над 170 RAL нијанси.

Облици

Форми на прозорци | Големи и мали, едно-или двокрилни, прозорци со пречка или без

Со пластичните прозорци на РЕХАУ, можни се облици кои би биле незамисливи со други материјали.

Изберете соодветен облик на прозорец за вашиот објект, со соодветна боја и ќе добиете навистина нешто посебно.

Печати