Проветрување

Neues Dokument

Уморен од работа Антон се враќа навечер дома, кај своето семејство. Конечно може да се одмори во својот дом. Неговите четири ѕида во домот се негова оаза за уживање. Како?

Антон дознава: За пријатен престој во домот потребен е свеж воздух. Проветрувањето е решение. Но, не секогаш сме во можност да го правиме тоа. Затоа е потребно иновативно решение: Различни системи за проветрување кои ги има на пазарот обезбедуваат размена на застоениот воздух во просториите и со тоа спречуваат собирање на влажност, која пак понатаму може да доведе до создавање на мувла. 


А никој не сака мувла. Таа предизвикува постојани главоболки и други заболувања. Посебно е опасна за лица со алергии. Начините на работа на системите за проветрување се различни. Постојат уреди кои се интегрирани во просторот. Но, тоа не е нешто што Антон го сака.  

Неговото натамошно истражување го доведе до прозорец кој проветрува додека е затворен! ГЕНЕО ИНОВЕНТ. Системот за вентилација е совршено интегриран во рамката на прозорецот и не е потребна никаква интервенција во ѕидот. Предности кои ги нуди самиот систем: 

  • До 71% зачувување на топлина 
  • Помали трошоци за греење 
  • Совршена заштита од провала 
  • Пријатна тишина (бидејќи не мора да се отвара прозорецот) 
  • До 50% од поленот останува надвор
  • Нема мувла 
  • Здрав и пријатен сон 

Системот ја зголемува вредноста на станот. Луѓето кои престојуваат во станот се чувствуваат пријатно поради свежиот воздух кој влегува во просториите непрекинато 24 часа. И најдоброто - системот овозможува проветрување со затворен прозорец, што заштитува од провала и кражба. 

Овде ќе дознаете повеќе за ГЕНЕО ИНОВЕНТ  – прозорец кој проветрува додека е затворен 

ГЕНЕО ИНОВЕНТ

Прозорецот кој проветрува и додека е затворен.

Погледнете и други алтернативи за проветрување во домот.

АВАДУКТ Термо (AWADUKT Thermo) топлински изменувач воздух-земја

Вентилација на стамбениот простор

АВАДУКТ Термо (AWADUKT Thermo) обезбедува хигиенски чист и свеж воздух преку цела година. 
Печати