РЕХАУ ЕКО ПУЛС

Одржливост во пракса 

Како фирма која има производство насекаде во светот, посбено носиме одговорност за околината и човекот. Суровините ги користиме одговорно и при изборот на материјали секогаш го земаме во предвид целиот животен циклус на производот.

Одржливоста е цврсто всадена во вредностите на фирмата РЕХАУ и го одредува нашето претприемачко делување на пазарот. Што значи одржливоста за нас: 


Заштеда на ресурсите

Задоволни вработени

Енергетски ефикасни производи

Долгорочна стратегија за работа 


До 2020 година ќе инвестираме 65 милиони евра во сопствени и надворешни уреди за рециклирање, заради создавање на одржливи прозорски системи кои ги штедат ресурсите. Нашата цел: да го зголемиме уделот на рециклат од 25% денес на 50% до 2020 година во нашите фабрики во Европа. Со користењето на рециклати во внатрешното јадро на прозорските профили обебедуваме одржливо производство. 

Со тоа уште денес ќе достигнеме заштеда на CO2-до 97.000 тони годишно. РЕХАУ ЕКО ПУЛС прозорците се знак на позитивен еколошки белег. 



Затворен круг на материјалот

Од старите прозорци и исечоци од профилите се созадаваат нови, иновативни и одржливи прозорски профили со ист квалитет во споредба со РЕХАУ прозорци направени од свеж материјал. Материјалот се собира, се чисти, се ситни сортира и оплеменува и на крајот се користи за производство на нови прозорски профили.

И за нашиот висококвалитетен материјал РАУ ФИПРО постои посебен кружен тек на рециклирање. Материјалот се сортира со маркер и повторно се користи за висококвалитетни прозорски профили од РАУФИПРО. 

Подетални информации за нашиот партнер за рециклирање на стари прозорци: www.dekura.de

Одликувана одржлливост: етикета Винил Плус (VinylPlus)

За нашето еколошки одговорно производство, нашите мерки за рециклирање и нашиот оджлив развој на производите добивме сертификат од Винил Плус (VinylPlus). Набавката на репроматеријали, обработката и рециклирањето: во текот на целиот синџир на работа ги исполнуваме сите критериуми за сертификат од Винил Плус (VinylPlus) прв сертификат за одржливи ПВЦ прозорци. Со СИНЕГО; Брилант Дизајн, Еуро Дизајн 60, Еуро Дизајн 70, Тотал 70, Аралиа, Титаниум Дизајн и ТриТек 60, голем број од системските решенија сега го носи знакот на Винил Плус (VinylPlus), како дополна на веќе постоечкиот знак за квалитет од аспект на одржлилвоста. Одликувани се и прозорските профили ГЕНЕО, Нефериа и Нордик Дизајн од материјалот РАУ ФИПРО зајакнат со влакна. 

Прес инфомација     Налепница Винил Плус (VinylPlus).        

РЕХАУ ЕКО Пулс за одржливи прозорци кои ја штитат животната средина


REHAU ECO PULS


Печати