Извонредна одржливост

REHAU erhält Produktlabel von VinylPlus
16.04.2018

РЕХАУ добива етикета Винил Плус (VinylPlus) на своите производи

Еколошко производство, рециклирање и развој на производите: За своите одржливи процеси во производството РЕХАУ, како специјалист за полимери, на саемот Фенстербау Фронтале ја доби етикетата Винил Плус. Сертифицирани беа сите четири фабрики за производство на прозорски профили како и многубројни системски решенија на РЕХАУ, меѓу кои и прозорскиот профил ГЕНЕО зајакнат со вмрежени влакна. 

Набавка на материјали, обработка како и рециклирање: РЕХАУ, како специјалист за полимери, низ целиот ланец на создавање на нови вредности, ги исполнува сите многубројни критериуми за сертификат од Винил Плус. На саемот Фенстербау Фронтале, господинот Карстен Хоиер, раководител на дивизијата Прозорски решенија, господинот Михаел Дитц, раководител на техничкото одделение Прозорски решенија, Др. Михаел Штогер, раководител на оперативното одделение и одделението за набавки, како и одговорните раководители за пазарите го примија сертификатот за одржливи ПВЦ решенија. Фамилијарното претпријатие, чии прозорски профили оваа година слават јубилеј од 60 години постоење, ги сертифицираше сите свои четири европски фабрики за прозорски профили. Со СИНЕГО, Брилант Дизајн, Еуро Дизајн 60, Еуро Дизајн 70, Тотал 70, Аралиа, Титаниум Дизајн и Тритек 60, сега голем број на системски решенија од РЕХАУ го носат знакот на Винил Плус (VinylPlus), како додаток на веќе постоечкиот знак за квалитет во смисла на нивната одржливост. Исто така одликувани беа и прозорските профили од материјалот РАУ ФИПРО зајакнати со вмрежени влакна: ГЕНЕО, Нефериа и Нордик Дизајн.  Специјално за РЕХАУ модифицираниот уред за сортирање, овозможува раздвојување и чистење на материјалите што овозможува повторно добивање на чисти суровини за производство. 

Етикетета од Винил Плсу (VinylPlus) РЕХАУ ја гледа како потврда на косеквентиот ангажман за се поголема одржливост. Енергетски ефикаснот систем за вентилација ГЕНЕО ИНОВЕНТ, чии функции РЕХАУ во меѓувреме ги направи уште попаметни, за кратко време ја доби наградата Плус ИКС (Plus X) во категориите иновација, висок квалитет, функционалност и екологија. И понатаму фирмата си поставува амбициозни цели: така РЕХАУ планира во 2020 година 50% од прозорските профили во европските фабрики да ги произведува со рециклиран материјал во нивното јадро. 

Налепница Винил Плус

Дознајте повеќе како со РЕХАУ ќе ја искусите одржливоста и со тоа позитивно ќе влијаете на еколошкиот печат:
РЕХАУ ЕКО ПУЛС

Печати