20 години РЕХАУ Скопје

Оваа 2020 година претставништвото РЕХАУ Скопје одбележува 2 децении од своето основање.

10.08.2020

Во Македонија стартуваше со работа на 28 јуни 2000 година, а негов прв вработен е нашиот управител г-дин Сашко Даев, кој приказната во РЕХАУ ја започна во август 1999 година. Почетоците беа поврзани со развојот на секоторот прозорски системи на пазарите  во Македонија и Косово. Во исто време беа развиени и другите сектори:  градежна техника и управување со води и телекомуникации. Во 2000 година, кога го отворивме нашето прво претставништво, бевме само 4 вработени - од кои тројца го покриваа пазарот во Македонија и еден во Косово. Во април 2005 година, во Македонија беше отворена и ќерка фирмата на РЕХАУ ГМБХ Австрија , РЕХАУ ДООЕЛ која денес брои 22 вработени и ги покрива Македонија, Косово и Албанија.

Поради пандемијата со Ковид- 19 , не бевме во можност достојно да го одбележиме за нас големиот јубилеј: 20 години РЕХАУ во Македонија. Управителот Сашко Даев одржа краток говор за вработените, со почитување на мерките за заштита од корона вирусот и официјално им се заблагодари на сите за посветеноста, лојалноста, и сигурноста, која ја даваат. Меѓу другото тој потенцираше:

" И секој пат започнува од првиот чекор. Работевме неуморно во овие изминати 2 децении. И ништо не е тешко ако во работата гледате задоволство а не само обврска. Постојано се боревме со цифри, но не ги чекавме очекувањата, туку ги создававме. Најголемото богатство на РЕХАУ се луѓето кои се дел од него. Со нашиот професионален однос и одговорност во и кон работата ја добивме довербата кај сите наши кленти и соработници. Најголемиот мотив за РЕХАУ и партнерите е задоволството на крајните корисници од изборот на нашите системски решенија со кои се зголемува вредноста на објектите во кои се поставени. 

Нашиот натпревар не е со конкуренцијата, туку со самите себе си. И во годините кои се пред нас, продолжуваме по тој пат. Работиме на истиот начин со тенденција секогаш повеќе и подобро. Го даваме својот максимум и во услови на ковид кризата. Животот мора да продолжи., кажа г- динот Даев.

Заради минатиот труд, остварувањата и довербата од клиентите се гледаме како важен стратешки партнер. Партнер, кој нуди додадена вредност покрај индивидуалните полимерни решенија и системи. Ние не само што продаваме индивидуални производи, туку на нашите деловни партнери, им нудиме системски решенија и услуги. Започнувајќи со обработка на објекти, преку совети за проектирање и поддршка при планирање. За нашите партнери овозможуваме технички обуки  и обуки за продажба, со цел да бидат поуспешни во нивниот бизнис. Ова значи потврда за сигурна единствена позиција на пазарот. Нашите долгогодишни партнери имаат доверба во квалитетот на нашите производи, во нивната функционалност и во нашата сигурност. Денес ние сме лидер на пазарот во нашата област.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection