700-D317_01_CL - 86818

Дизајн

400 дизајни за креативни идеи

Индивидуални можности за дизајн – тие се алфа и омега за градителите. Поради тоа, ние од РЕХАУ, инвестираме многу време и инспирација во дизајнот и функционалноста на нашите прозорци и врати. КАЛЕИДО КОЛОР – нашиот избор на бои и површини – нуди 400 опции на дизајн, од суптилни преку класични, па сè до метални. Необичните облици и пространите стаклени површини се лесна игра за нас, благодарение на нашите високотехнолошки материјали и специјалните техники на лепење.

Нашиот свет на бои: КАЛЕИДО КОЛОР

Со фолии или лакирани, алуминиумски изглед или чувство на дрво – во речиси сите RAL-тонови

КАЛЕИДО ВУДЕК
Turner Oak malt

Turner Oak malt

Oberfläche Sheffield Oak concrete

Sheffield Oak concrete

Oberfläche Sheffield Oak alpine

Sheffield Oak alpine

Најефикасниот „дрвен прозорец“ КАЛЕИДО ВУДЕК изгледа како дрво, се чувствува како дрво, а притоа е лесен за негување и издржлив како пластика. Соодветно на актуелниот тренд на дизајнот „Скандинавија“, достапен е во три различни тонови на даб. Меѓу другото, кога се комбинира со нашиот алуминиумски капак, КАЛЕИДО КАВЕР го постигнува изгледот на прозорец дрво-алуминиум.

КАЛЕИДО КАВЕР
КАЛЕИДО КАВЕР
КАЛЕИДО КАВЕР
КАЛЕИДО КАВЕР

КАЛЕИДО КАВЕР алуминиумскиот капак, со обликот и бојата совршено се вклопува во амбиентот: бојосан, прашкесто обложен и елоксиран во повеќе од 170 RAL-тонови. На тој начин, изгледот на алуминиум го има надворешната страна на прозорците, истовремено задржувајќи ја посебната робустност и отпорност на лошите временски услови.

КАЛЕИДО ПЕИНТ
КАЛЕИДО ПЕИНТ
Небесно сина

Небесно сина

Платинеста сива

Платинеста сива

Платинеста сива

Платинеста сива

Мајски зелена

Мајски зелена

Нашето благородно лакирање КАЛЕИДО ПЕИНТ – нанесувано во неколку слоеви – на секој прозорец му дава благородна завршна обработка со сјајна, мат или структурирана површина. Благодарение на огромниот избор од RAL, DB или NCS-тонови, прозорците и вратите во боја, извонредно  се прилагодуваат на другите  елементи.

КАЛЕИДО ФОИЛ
КАЛЕИДО ФОИЛ
Антрацит сива мазна

Антрацит сива мазна

Алукс DB 703

Алукс DB 703

Винчестер XA со текстура

Винчестер XA со текстура

Макоре со текстура

Макоре со текстура

Со КАЛЕИДО ФОИЛ нудиме шмирглани, со текстура или мазни површини, класични дрвени структури или модерен алуминиумски изглед. Нашите фолии со ламиниран декор не оставаат отворена ниту една желба, како за внатрешноста, така и за надворешноста. ПВЦ-фолијата се изработува во два слоја: Основната фолија останува во една боја или се пресува, транспарентниот горен слој од PMMA (поли(метил метакрилат)) ги штити боите и декорите од избледување, поради УВ-зраците или од други влијанија на временски услови.

Облици

Ние во РЕХАУ секогаш ги туркаме границите на дизајнот уште малку подалеку.

Затоа на клиентите ги имаат речиси сите можности за обликување:

  • Кружни, аглести или шестаголни
  • Заоблени, закосени, аглести, крила со израмнувачка или полуизрамнувачка површина
  • Коси, заоблени, закосени или стилизирани лајсни за стакло
  • Пречки кои го делат стаклото, залепени или поставени во меѓупросторот.
РЕХАУ прозорци: Необични облици

Контакт

Имате прашања? Со задоволство ќе Ве советуваме за нашите иновативни системи на прозорци и врати.

Барање за контакт

Engineering progress

Enhancing lives