Размислувајте во нови димензии

GENEO RAU FIPRO X: Прозорски систем за поголеми елементи, поголема сигурност и комфор.

Ново откривање на прозорците. За современиот живот.

Кон понудата на прозорци

Големи прозорски површини

Размислувајте во нови димензии

GENEO RAU FIPRO X: Прозорски систем за поголеми елементи, поголема сигурност и комфор.

Ново откривање на прозорците. За современиот живот.

Кон понудата на прозорци

Прозорци од GENEO RAU FIPRO X - направен за авиони, совршен за Вашите прозорци

Со RAU-FIPRO, REHAU во 2008 година направи револуција на пазарот за прозорци. Принципот на композитни материјали засилени со стаклени влакна, досега првенствено познат во светот на авто-трки и авионската индустрија, за првпат се користи кај прозорците. RAU-FIPRO ги комбинира најдобрите својства на вештачките материјали и стаклените влакна во материјал од нов вид. Самите профили притоа се до 40 % полесни од конкурентските системи. Тоа ги олеснува обработката и монтажата.

Рецепт за успех

Максимални големини на прозорците
до 50% поголема стабилност споредено со прозорците од чист ПВЦ.

Најдобра енергетска ефикасност
со значително помалку термални мостови.

Индивидуални форми
, целосно армирани сè до аглите – и тоа без челик.

Досега се сменети многу нешта во светот: од новите архитектонски стилови, преку индивидуални барања за дизајн и функциите на прозорците, па сè до желбата за поголема одржливост.
Но, REHAU не би бил REHAU ако постојано не работиме на осмислување на прозорци коишто се модерни како и вашиот живот.

Прозорски систем за повеќе големина

За нашиот најнов високоефикасен материјал RAU-FIPRO X, ја зголемивме содржината на стаклени влакна за 50%.

Новата генерација го додава X факторот на добро познатите предности и ги комбинира исклучиво во системот на профили GENEO RAU-FIPRO X.

РАУ-ФИПРО ИКС

Ново откривање на прозорците. За современиот живот.

X-тра големи за максимална светлина

Прозорците со огромни површини никогаш порано не биле толку барани како денес. GENEO RAU-FIPRO X ги редефинира границите на она што е возможно во поглед на големината и така ви овозможува целосно ново чувство на комфорен живот.


прозорски елементи до 2,80 m

Благодарение на поголемата содржина на стаклени влакна, може со целосна функционалност да се реализираат прозорски елементи со големина на крилата до 2,80 m. Отворете нови архитектонски можности со максимална природна светлина. Особено тенките профили дополнително ги зголемуваат прозорските површини.

IFF_00213_MK - 111133

Економски најдобро решение за дизајн

GENEO RAU-FIPRO X овозможува големини на прозорци коишто претходно биле можни со алуминумот. Со поклопецот пак, прозорците добиваат висококвалитетен алуминиумски изглед. Покрај поклопецот, достапни се декори од благородни метали, како и лакиран изглед за структурирани и сјајни површини.

Дизајнерско решение за прозорците

X-тра комфор и безбедност

Стабилизирачката содржина на стаклени влакна во прозорските крила помагаат за голема заштита од бучава и сигурносно застаклување и истовремено овозможуваат особено висока енергетска ефикасност.


IFF_00217_MK - 1078848

Извонредна топлинска изолација

90 % од сите рамки изработени од GENEO RAU-FIPRO X доаѓаат без метално армирање, така што неповолните термални мостови воопшто ги нема. Во комбинација со тројното стакло пак, се постигнуваат Uw-вредности за пример до 0,60 W/m2K и со тоа се заштедува енергија* дури и до 76%“. Големите стаклени површини дополнително го помагаат влезот на сончевата светлина.

Schallschutzfenster

Врвна заштита од бучава

Бучавата знае да му наштети на вашето здравје дури и кога не сте свесни за неа. Прозорците направени од GENEO RAU-FIPRO X го подобруваат квалитетот на живот бидејќи ја намалуваат бучавата за до 48 децибели. Тоа е еднакво на 26-кратно намалување на бучавата.

* Намалување на губитокот на енергија на прозорецот при промена на старите прозорци од дрво/пластика од 1980-тите години (Uf = 1,9; Ug = 3,0) со прозорци од профилите GENEO RAU-FIPRO X (Uf = 0,86; Ug = 0,5), големина на прозорец 123 x 148 cm


Прозорските профили од RAU-FIPRO X се сертифицирани од страна на Институтот за пасивни куќи во Дармштат (Passivhaus Institut). Градежните компоненти со овој печат за квалитет по правило се два до четири пати поефикасни од најчесто користените производи.

Благодарение на тенкиот изглед, за повеќе светлина во зградите, и најдобрите вредности за топлинска изолација, профилите без проблеми ги исполнуваат и најстрогите барања за швајцарскиот сертификат Minergie P.


IFF_00218_07_MK - 1113236

Безбедност до класа на отпорност RC 3

Прозорците од GENEO RAU-FIPRO X без проблем ги исполнуваат условите за класата на отпорност RC 2. Преку соодветни дополнителни мерки едноставно се реализира и класата на отпорност RC 3. Прозорците со класа на отпорност RC 1 покажуваат помала заштита од насилно влегување и поради тоа може да се пробијат за релативно кратко време. Кај повисоките класи на отпор потребно е значително повеќе време, а пред сѐ се потребни и тешки алатки.

Прозорци што лесно се отвораат

Лесно ракување

Малата тежина на профилите од RAU-FIPRO X го олеснува ракувањето и во случај кога крилата се поголеми и потешки. Па така, новата геометрија на заптивањето го намалува притисокот при затворање и помага отворањето и затворањето да бидат исклучително лесни.

X-тра разновидност

Дајте ѝ на Вашата зграда или куќа уникатен изглед што го заслужува и изберете свои лични акценти со помош на нашата сеопфатна програма на бои KALEIDO COLOR, како и целосно индивидуални форми на прозорците.



Висококвалитетни дизајнерски решенија за Вашите прозорци и прати

Програмата KALEIDO COLOR содржи огромен избор од варијанти на бои и дизајни. Зависно од саканиот изглед и структурата на површината, се применуваат различни постапки, како лакирање или ламинирање на фолијата. Со алуминиумскиот поклопец, прозорците добиваат висококвалитетната алуминиумска оптика. Резултатот е - повеќе од 400 можности за дизајн. Се разбира, притоа може да комбинирате различни изгледи внатре и надвор.

КАЛЕИДО ФОИЛ

KALEIDO FOIL

Докажана стандардна постапка со двослојна ПВЦ-фолија: основната фолија ја обезбедува саканата боја, транспарентниот горен слој штити од избледување и други влијанија од околината.

Повеќе

КАЛЕИДО ВУДЕК

KALEIDO WOODEC

Мамливо вистински: уверлив изглед и чувство на вистинско дрво со мат завршна обработка и особено длабоко обликување. На овој начин, едвај може да се разликуваат прозорците од пластика од прозорците од дрво.

Повеќе

КАЛЕИДО ПЕИНТ

KALEIDO PAINT

Неограничени можности: благороден лак со сјајна или мат завршна обработка во речиси сите RAL-бои. Посебна карактеристика: Текстурирани бои за специјални ефекти.

Повеќе

КАЛЕИДО КАВЕР

KALEIDO COVER

Совршениот изглед на алуминиум​: Соодветните алуминиумски фасадни ѕидови го комбинираат благородниот изглед со техничките предности на прозорците од пластика на REHAU.

Повеќе


Активна одржливост

Како активна компанија ширум светот, REHAU има посебна одговорност кон луѓето и животната средина. На овој начин, ние постојано ја оптимизираме нашата употреба на ресурси, како и енергетска ефикасност во нашите фабрики и производи. Прозорските профили на REHAU со ознаката за производ EcoPuls веќе денес содржат содржина на рециклат од 40 % до 75 % и се залагаат за позитивен еколошки отпечаток.


Наша средина, наша одговорност


Како компанија што произведува ширум светот, REHAU има посебна одговорност за луѓето и за животната средина. Затоа се подразбира дека ние постојано го оптимизираме користењето на нашите ресурси и енергетската ефикасност во нашите фабрики и нашите производи. До 2020 година, REHAU ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во постројките за рециклирање во сопственост на компанијата, како и во надворешни постројки за рециклирање, со цел одржлива заштита на ресурсите.

Повеќе за EcoPuls

Одржлива кружна економија
EcoPuls
762602_Eng - manual upload
РЕХАУ EcoPuls


Семејството на системот GENEO

Совршено координирано портфолио, кое не остава отворени желби.


Технички податоци

GENEO прозорци, балконски врати и врати од тераси


ГЕНЕО прозорци, балконски врати и врати од тераси


Технички податоци

Видливост на рам/крило:

107 mm до 179 mm

Длабочина на вградување:

86 mm

Топлинска изолација Uf (EN 12412-2):до 0,84 W/(m²K) GENEO PHZ до 0,80 W/(m²K)

Звучна изолација Rw (ISO 10140-2):

до 48 dB

Заштита од провалување (EN 1627):

до класа RC 3

Отпорност на ветер (EN 12210):

до класа B5

Непропустливост на пороен дожд (EN 12208):

до класа 9A

Пропустливост на воздух (EN 12207):

до класа 4

Сила за отварање (EN 13115):

Класа 2

Подигачко-лизгачки врати GENEO


Подигачко-лизгачки врати ГЕНЕО


Технички податоци

Видливост на рам/крило:

175 mm

Длабочина на вградување на рам/крило:

203 mm/86 mm

Топлинска изолација Uf (EN 12412-2):

до 1,3 W/m²K

Звучна изолација Rw (ISO 10140-2):

до 43 dB

Заштита од провалување (EN 1627):

до класа RC 2

Отпорност на ветер (EN 12210):

до класа B3

Непропустливост на пороен дожд (EN 12208):

до класа 9A

Пропустливост на воздух (EN 12207):

до класа 4

Влезни врати GENEO


Влезни врати ГЕНЕО


Технички податоци

Видливост на рам/крило:

169 mm

Длабочина на вградување:

86 mm

Топлинска изолација Uf (EN 12412-2):

до 0,75 W/(m²K) GENEO PHZ до 0,54 W/(m²K)

Звучна изолација Rw (ISO 10140-2):

зависно од користеното полнење

Заштита од провалување (EN 1627):

до класа RC 2

Отпорност на ветер (EN 12210):

до класа B2

Непропустливост на пороен дожд (EN 12208):

до класа 4A

Пропустливост на воздух (EN 12207):

до класа 3

Додатоци за прозорци и врати

Исполнете го Вашиот дом од соништата со дизајн со вкус и пакети со индивидуална опрема. Решенијата што се прилагодени според Вашите желби се уникатни како што сте Вие и Вашиот стил.


Вашите додатоци за прозорци и врати


RAUCERO

Нашиот поден праг без бариери RAUCERO – со висина на прагот од 0 mm – ги обединува функцијата и дизајнот. Лесен е за чистење и невидлив кога вратата е затворена.

RAUCERO

SKYFORCE

SKYFORCE е заштитата од пад за највисоките дизајнерски барања: Сите видливи делови може да се усогласат со Вашата индивидуална боја на прозорецот.

SKYFORCE

INSILL

Со нивната ширина на фронтот од 40 mm и длабочини од 150 до 500 mm, под-прозорските даски, одлично се прилагодуваат на секоја просторија.

INSILL

LINEA

Рачките за прозорци и врати LINЕА се грижат за дополнителната безбедност и со својот едноставен изглед ги потенцираат јасните линии на современите прозорци.

LINЕА

Превентивна заштита од провала

Алармниот модул REHAU Smart Guard, кој е вграден во рамката, ги препознава натрапниците и активно ги одвраќа, пред да направат некаква штета. Во итен случај, главниот аларм се активира безжично. Опционално, може да се направи поврзување на индивидуалните програми за аларм со системот Паметен дом.

Smart Guard

Паметно проветрување

GENEO Smart INOVENT: прозорци што проветруваат додека се затворени. Целосно интегрираниот систем се грижи за поволна клима со чист воздух, поголем мир и безбедност. Во комбинација со вашата централа на Паметен дом и сензорите, GENEO Smart INOVENT изведува целосно автоматско проветрување во период од 24 часа.

GENEO Smart INOVENT


Вашите додатоци за прозорци и врати


Прагови на ниво на подот

RAUCERO

Нашиот поден праг без бариери RAUCERO – со висина на прагот од 0 mm – ги обединува функцијата и дизајнот. Лесен е за чистење и невидлив кога вратата е затворена.

RAUCERO

Заштита од пад од стакло

SKYFORCE

SKYFORCE е заштитата од пад за највисоките дизајнерски барања: Сите видливи делови може да се усогласат со Вашата индивидуална боја на прозорецот.

SKYFORCE

Стилизирани прозорски плочи

INSILL

Со нивната ширина на фронтот од 40 mm и длабочини од 150 до 500 mm, под-прозорските даски, одлично се прилагодуваат на секоја просторија.

INSILL

Елегантни прозорски рачки

LINEA

Рачките за прозорци и врати LINEA се грижат за дополнителната безбедност и со својот едноставен изглед ги потенцираат јасните линии на современите прозорци.

LINEA

Смарт Гард - превентивна заштита од провала

Превентивна заштита од провала

Алармниот модул REHAU Smart Guard, кој е вграден во рамката, ги препознава натрапниците и активно ги одвраќа, пред да направат некаква штета. Во итен случај, главниот аларм се активира безжично. Опционално, може да се направи поврзување на индивидуалните програми за аларм со системот Паметен дом.

Smart Guard

ГЕНЕО ИНОВЕНТ - самовентилирачки прозорци

Паметно проветрување

GENEO Smart INOVENT: прозорци што проветруваат додека се затворени. Целосно интегрираниот систем се грижи за поволна клима со чист воздух, поголем мир и безбедност. Во комбинација со вашата централа на Паметен дом и сензорите, GENEO Smart INOVENT изведува целосно автоматско проветрување во период од 24 часа.

GENEO Smart INOVENT


Понуда за Вашите прозорци - брзо и бесплатно

Едноставно. Лично. REHAU. Добијте ја овде, во само 6 чекори, индивидуалната понуда за Вашите прозорци. Контактирајте со нас сега!

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection