Над 400 можности за дизајн





Индивидуален дизајн на прозорците со KALEIDO COLOR

 

Ваш дом. Ваш стил. 
Во Ваш индивидуална комбинација.


Со KALEIDO COLOR, сеопфатната програма за површини и бои за прозорци и врати, можете да ги имплементирате тековните трендови во дизајнот и безвременските стилови, подеднакво едноставно и некомплицирано за Вашиот дом – па дури и флексибилно да ги комбинирате надворешноста и внатрешноста.

Бројни можности

Во целост, Ве очекуваат повеќе од 400 можности за дизајн за Вашите прозорци: од мамливиот изглед на вистинско дрво до ексклузивни алуминиумски површини до класични, безвременски бели тонови за стилско реновирање – се разбира постојано со убедливите предности на прозорците од вештачки материјали.

Кон Вашата лична понуда на прозорци


Висококвалитетна техника, идеални резултати

Со програмата за површини и бои KALEIDO COLOR, се потпирате на материјали, коиподлежат на најстрогите стандарди за квалитет. Прецизните анализи и долгорочните тестови под најголеми оптоварувања осигуруваат дека ќе можете да уживате во Вашите REHAU прозорци долго време. Според индивидуалната желба притоа се применуваат различни методи и површини.

КАЛЕИДО КАВЕР

KALEIDO COVER

Совршениот изглед на алуминиум​: Алуминиумските капаци го комбинираат благородниот изглед со техничките предности на прозорците од пластика.

Повеќе

КАЛЕИДО ПЕИНТ

KALEIDO PAINT

Неограничени можности: благороден лак со сјајна или мат завршна обработка во речиси сите RAL-бои. Посебна карактеристика: Бои со текстура за специјални ефекти.

Повеќе

КАЛЕИДО ФОИЛ

KALEIDO FOIL

Докажана стандардна постапка со двослојна PVC-фолија: основната фолија ја обезбедува саканата боја, транспарентниот горен слој штити од надворешни влијанија.

Повеќе

КАЛЕИДО ВУДЕК

KALEIDO WOODEC

Мамливо вистински: уверлив изглед и чувство на вистинско дрво со мат завршна обработка и особено длабоко обликување – на овој начин, едвај може да се разликуваат прозорците од пластика од прозорците од дрво.

Повеќе




КАЛЕИДО ФОИЛ алуминиумски фасадни ѕидови

KALEIDO COVER

Класичен и благороден: совршен алуминиумски изглед

Со алуминиумскиот капак, Вашите REHAU прозорци стануваат економична алтернатива за алуминиумските или дрвено-алуминиумските прозорци. KALEIDO COVER е совршено прилагоден на просторот на профилот на прозорецот и цврсто е поврзан со него. Површината на фасадниот ѕид може да се бојоса, може прашкесто да се обложи или да се елоксира и истовремено е силна и отпорна на временски услови. KALEIDO COVER може да се изведе во над 170 RAL нијанси.

Примери на бои:

Прозорска рамка и рамка за врата - Антрацит сива - RAL 7016

Антрацит сива
RAL 7016

Прозорска рамка и рамка за врата - Сив алуминиум - RAL 9007

Сив алуминиум
RAL 9007

КАЛЕИДО КАВЕР
КАЛЕИДО КАВЕР
КАЛЕИДО КАВЕР

  

KALEIDO COVER е достапен за следниве системи:

  • GENEO прозорец, влезна врата и лизгачка врата
  • SYNEGO прозорец, влезна врата и лизгачка врата
  • BRILLANT-DESIGN прозорец и врата на домот
Примерок агол КАЛЕИДО ПЕИНТ

KALEIDO PAINT

Брилијантно лакирање за Вашите REHAU прозорци

Со KALEIDO PAINT прозорците целосно се лакираат во една боја, според Вашите желби. Благородната боја се прска во неколку слоеви и на прозорецот му дава посебна завршна обработка со сјајна или заматена површина. Палетата на бои дополнително се проширува – актуелно на пр. се боите со текстура, кај кои за посебни оптички ефекти се мешаат вообичаените микро-честички од лакот. Достапни се повеќе од 150 тонови на бои (RAL, DB или NCS).

Примери на бои:

Елка зелена (слична на RAL 6009)

Елка зелена
RAL 6009

Сафирно сина (слична на RAL 5003)

Сафирно сина
RAL 5003

КАЛЕИДО ФОИЛ

KALEIDO FOIL

Посебни акценти со дрвени, уникатни и металик декорации

REHAU декорациите се изведуваат со лепило и со специфична постапка, со помош на машини со високи перформанси, се нанесуваат врз профилот на прозорецот. PVC-фолијата се изработува во два слоја: Основната фолија останува во една боја или се пресува, транспарентниот горен слој од PMMA (поли(метил метакрилат)) ги штити боите и декорите од избледување поради UV-зраците или од други влијанија на временски услови. Декорите можете да ги нанесувате внатре и/или надвор.

Примери на декори:

Ливадски даб 2 со текстура

Ливадски даб 2 со текстура
REHAU 4914
Ренолит 9.2052.089 - 116700
континентал F436-2007

Антрацит сива со текстура

Антрацит сива со текстура
REHAU 4443
Ренолит 02.11.71000041 - 116700
континентал F436-5003AR
слична на RAL 7016

КАЛЕИДО ВУДЕК

KALEIDO WOODEC

Изглед и чувство на дрво – без никакво премачкување со боја

Мат површините на KALEIDO WOODEC не се само убави за гледање, туку се чувствуваат како да се од вистинско дрво. Ќе бидете изненадени, зашто со KALEIDO WOODEC е навистина тешко да ги разликувате пластичните од дрвени прозорци. Кај пластичните прозорци, вложувате минимални напори за одржување.

Примери на декорации:

Sheffield Oak concrete

Sheffield Oak concrete

Sheffield Oak alpine

Sheffield Oak alpine


Однадвор и одвнатре

Уникатен изглед

Основните eлементи во боја се грижат за постојано високиот квалитет на изгледот на Вашите прозорци. Профилите се целосно обоени, со што се постигнува исклучително хармоничен изглед, особено кога елементите на прозорецот се отворени.

Зависно од дизајнот и бојата на површината, основните елементи се употребуваат во антрацит, бела, кафена или карамел боја.

Антрацит (слична на RAL 7016)

Антрацит (слична на RAL 7016)

Бела (слична на RAL 9016)

Бела (слична на RAL 9016)

Кафена (слична на RAL 8019)

Кафена (слична на RAL 8019)

Карамел (слична на RAL 8001)

Карамел (слична на RAL 8001)


 


Индивидуален јазик на формите

Модерната архитектура се фокусира на јасните форми и линии. Поради сложените планови на основата, често се потребни специјални прозорци. Добро е што REHAU прозорците благодарение на KALEIDO COLOR не само што изгледаат убаво, туку и со нивната стабилност самите може да реализираат необични форми. Не ограничувајте се, туку дајте ѝ слобода на Вашата креативност.

Форми на прозорци

Casa JOP 12 - 54861

Casa JOP 15 - 54865


Над 400 можности за дизајн

Нашата комплетна програма за површини и бои KALEIDO COLOR може да ја најдете овде.


Инспирирајте се.

Кај повеќе од 400 можности за дизајн, за фантазијата нема поставени граници. За да Ви дадеме впечаток за тоа што сè е можно со KALEIDO COLOR, составивме мал избор на различни примени.

Брзо и бесплатно до понудата за Вашите прозорци

Добијте ја во само 6 чекори, личната понуда за Вашите прозорци. Незадолжително и некомплицирано.

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection