Известување за КОВИД-19

РЕХАУ реагира на ширењето на новиот Корона вирус.

08.07.2020

Во РЕХАУ, сигурноста на вработените, клиентите и партнерите има највисок приоритет. Затоа, ние внимателно ја следиме ситуацијата со развојот на новиот Корона вирус КОВИД-19, кој се појави во декември 2019 во градот Вухан/Кина и се распространи ширум целиот свет.

Вработените и клиентите

Поради постојаното ширење на Корона вирусот КОВИД-19, вработените во РЕХАУ ќе ги ограничат своите службени патувања, a во случаите кога мора да патуваат, ќе носат заштини маски. Состаноци и презентации се одвиваат, пред се преку дигитални канали. Посетите во објектот на РЕХАУ се дозволени исклучиво со носење на маска и дезинфекција на раце. За таа цел РЕХАУ има обeзбедено заштитни маски за една употреба, како и средства за дезинфекција на раце.

На сите вработени итно им се препорачува придржување на стандардите за хигиена како и избегнување на собири на повеќе лица колку што е можно повеќе. Во самиот деловен простор е направена следнава организација:

  • вработените работат само по 1 лице во една канцеларија
  • за работни места каде што е возможно, обезбедени се услови за работа од дома
  • вработените не користат јавен превоз за доаѓање до/одење од работното место
  • носењето на заштитна маска е задолжително во целиот објект
  • постојано се врши дезифекција на работните површини
  • лицата од надвор влегуваат со задолжително носење на заштитна маска

Со овие мерки сакаме, колку што е можно повеќе, да ја намалиме опасноста од зараза на сите вработени и клиенти.

Испорака на материјал

И покрај отежнатите услови во кои денес се работи, ние го даваме својот максимум за навремена и целосна испорака на материјал, кон нашите клиенти. Го задржуваме правото на измени на термините за испорака, во случаи кога самата испорака е засегната од новонастанатата ситуација со КОВИД-19. 

Нашите податоци за контакт може да се најдат на следниот линк: https://www.rehau.com/mk-mk/kontakt

Заеднички и разумно, можеме да го забавиме ширењето на вирусот и да ги заштитиме вработените и клиентите. Останете здрави!

Engineering progress

Enhancing lives

Maximum cart size of 3 items has been reached!

Your sample cart items:
Type
Decor
Collection