Kanalrohre

Канализациски цевки

АВАДУКТ цевки – долгорочни системи на цевки

Безбедност за работа со децении

Нашите АВАДУКТ цевки, многупати досега се докажани, со своите најдобри вредности за статичка и динамичка отпорност. Поставени на околу 40.000 km во Европа, тие се грижат за трајно безбедна канализациска мрежа. Долготрајно, отпорно на удари и со отпорност на корени, тие ги одигруваат своите предности дури и по изминати децении.

Примена

Нашите АВАДУКТ ПП системи на канализациски цевки, со отпорност на високо оптоварување, се во согласност со стандардот DIN EN 1852 што важи ширум Европа, за системите на канализациски цевки на цел ѕид од полипропилен без полнење, соодветни за најразлична примена.

Со eден клик, oдите директно кон производите:

86396_mod - 114290



Зошто ПП?

За канализациски системи, кои трајно ќе  дихтуваат

Ги претставуваме нашите цевки АВАДУКТ ПП од чист полипропилен, ПП, без полнење. Во споредба со цевките кои содржат материјал за полнење, тие постигнуваат врвни вредности за отпорност на удар, динамична отпорност и отпорност на избраздување. Тие се 40 пати поотпорни на удари од каменот или бетонот, а до 250 пати повеќе, може да се оптоварат од пластичните цевки со минерални адитиви. Тоа е резултатот, од испитувањето на независниот експерт, д-р. Фишер. Пукнатините и скршениците, кои често настануваат кај крутите системи од цевки од камен или бетон, кај чистиот полипропилен речиси целосно да може да се исклучат. За трајното дихтување се грижи системот за безбедно заклучување: Дури и со мала деформација или свиткување, спојувањето со цевката дихтува до внатрешен притисок од 2,5 бари. Поради тоа, АВАДУКТ ПП може да го користите и во зоните за заштита на водата за пиење II и III.

Зимска пауза на градилиште? Не, со системот на канализациски цевки од РЕХАУ!

Порано, нискоградбата мируваше во зима - сосема разбирливо. Во денешно време, снегот и ледениот студ не ја спречуваат градбата: Изведувачите се брзаат, градежните компании не добиваат „пари за лошо време“, општините поставуваат најтесни временски рамки за реализација - времето е пари.

Добро е да се знае, дека висококвалитетните и модерни градежни материјали овозможуваат градежни работи дури и под точката на замрзнување - под услов да се избере вистинскиот производ. Бидејќи, материјалот ја прави одлучувачката разлика!

Втиснатите „ледени кристали“ не се гаранција за добра отпорност на цевките од студ, а високоотпорниот материјал ПП, на ниски температури, станува кршлив како стакло ако му се исполни со минерални материјали.

Без експерименти! Верувајте во високиот квалитет на АВАДУКТ ПП според DIN EN 1852. Оригинал од РЕХАУ, од ПП со висока отпорност на удари, без материјали за полнење и засилување.

Сила на леснотија

Заштедете време и пари благодарение на максималната стабилност, дури на подлога од груб материјал. Полниот ѕид на нашите цевки останува недопрен, дури и при кога гранулите се со големина до 75 mm. Потенцијалот за заштеда се наоѓа и во нивната мала тежина: Со 90 % помала тежина од бетонските цевки, веќе не е потребна, тешката опрема за поставување на градилиште. На крајот на денот имаме 30 % побрзо поставување на цевките, од вообичаено.


АВАДУКТ – решенија за канализација, со безбедност при работата

  • Без пукнатини, без скршеници: 250 x повеќе, може да се оптоварат од пластичните цевки со адитиви и 40 x поотпорни на удари од цевките од камен
  • 30 % побрза монтажа од бетон
  • Погодни и за подлоги од груб материјал  
  • Силни против продор на корења
  • Трајна заптивност , благодарение на нашиот систем за безбедно заклучување
  • Долгорочни, дури и при растечки обем на сообраќајот
  • Едноставна идентификација, благодарение на трајниот внатрешен потпис – дури и во поставена состојба
  • 10 години гаранција, вклучително и трошоци за монтажа и надградба, согласно условите на Гарантниот сертификат на РЕХАУ
86386_mod - 114289

Преглед на цевки

Отпадна и мешана вода

АВАДУКТ ПП СН10 (SN10): Систем на канализациски цевки со високо оптоварување, од полипропилен за отпадна вода според DIN EN 1852 од ДН 110 (DN 110)  до DN 800

Вистински избор за одвоени и мешани системи. Големиот број на дополнителни делови, овозможува најголема флексибилност во планирањето. Конципирани за големи оптоварувања, АВАДУКТ ПП СН10 (SN10) се соодветни за екстремни услови на поставување, во случај на повисоко ниво на подземни води или во поплавени подрачја.

  • За комунално одводнување, за нов проект, или замена на канализацијата
  • Погодно за градилишта во зима до - 20° C
  • Поставување во течна почва
  • Отпорност кај pH-вредности од 1 до 13
  • Краткорочна отпорност до 90° C
  • Одобрено за зоните за заштита на водата за пиење II и III со докажано дихтување до најмалку 2,5 бари

Достапно и како АВАДУКТ ХПП СН16 (HPP SN16), систем на канализациски цевки со високо оптоварување, од полипропилен од ДН 110 (DN 110)  до ДН 630 (DN 630). Со минимална цврстина на прстенот од 16 kN/m², значи СН16 (SN 16), за долготрајност, како во мали, така и во големи длабочини на поставување.


Дождовница

АВАДУКТ ПП СН10 (SN10) BLUE: Систем на канализациски цевки со високо оптоварување од полипропилен за дождовница според DIN EN 1852 од ДН 110 (DN 110)  до ДН 630 (DN 630)

Без далечински приклучоци во разделните системи: АВАДУКТ ПП СН10 (SN10) BLUE со својот син надворешен ѕид се грижи за јасното разликување помеѓу каналите за дождовница и отпадна вода.

  • За комунално одводнување, за нов проект, или замена на канализацијата
  • Одобрено за зоните за заштита на водата за пиење II и III со докажано дихтување до најмалку 2,5 бари
  • Поставување во течна почва
  • Јасно идентификување со внатрешен потпис
  • Со сеопфатна програма на додатни делови

Достапно и како АВАДУКТ ХПП СН16 (HPP SN16) BLUE за најголеми оптоварувања од DN 160 до ДН 630 (DN 630). Со минимална цврстина на прстенот од 16 kN/m², значи СН16 (SN 16), за долготрајност, како во мали, така и во големи длабочини на поставување.


Отпадни води што содржат масло и бензин

АВАДУКТ ПП СН10 (SN10) OIL PROTECT: Систем на канализациски цевки со високо оптоварување од полипропилен, со дихтунг на  масло и бензин според DIN EN 1852 од ДН 110 (DN 110)  до DN 500

ПП-цевка за специјални посебни примени со отпадни води што содржат масло и бензин со NBR-дихтување. Опремена со црни клик-прстени за визуелно разликување.

  • За апликации во индустриски области како што се големи кујни, прехранбена индустрија или изградба на рафинерии
  • Одобрено за зоните за заштита на водата за пиење II и III со докажано дихтување до најмалку 2,5 бари
  • Поставување во течна почва
  • Јасно идентификување со внатрешен потпис
  • Со сеопфатна програма за фасонски делови

Достапно и како АВАДУКТ ХПП СН16 (HPP SN16) OIL PROTECT за најголеми оптоварувања од DN 160 до DN 500. Со минимална цврстина на прстенот од 16 kN/m², значи СН16 (SN 16), за долготрајност и при највисоките барања – во мали длабочини на поставување и исто така големи длабочини.


Индустриски отпадни води

АВАДУКТ ПП СН10 (SN10) FUSION: Систем на канализациски цевки со високо оптоварување од полипропилен за отпадна вода, дождовница и индустриски отпадни води според DIN EN 1852 од ДН 110 (DN 110)  до ДН 630 (DN 630)

Систем на канализациски цевки со високо оптоварување, АВАДУКТ ПП СН10 (SN10) FUSION за трајни споjки. Погоден за директно заварување или заварување на електричните спојки. Тука припаѓаат и: електрични спојки за заварување, адаптери за заварување, подлоги за заварување, алатки за стегање и дупчење како други додатоци.

  • За термички и хемиски загадени, индустриски отпадни води
  • Одобрено за зоните за заштита на водата за пиење II и III со докажано дихтување, до најмалку 2,5 бари
  • Поставување во течна почва
  • Јасно идентификување со внатрешен потпис
  • Со сеопфатна програма на додатни делови

Достапно и како АВАДУКТ ХПП СН16 (HPP SN16) FUSION за најголемо оптоварување од DN 160 до DN 500. Со минимална цврстина на прстенот од 16 kN/m², значи СН16 (SN 16), за долготрајност, во мали длабочини на поставување но и при големи преклопувања.


Ausschreibungstexte


Тендерски спецификации

За да го добиете производот што го сакате, ние ќе Ви пружиме поддршка со детални тендерски спецификации.

Стапете во контакт со нас доколку Ви се потребни нашите тендерски спецификации како Word или GAEB-датотеки.

Тендерски спецификации

Engineering progress

Enhancing lives