Техника

Инженерите и техничарите во РЕХАУ ги следат производите од нивниот развој, па до вградувањето и употребата. Техника на процесот на производство која ја применуваме, обезбедува сериско производство на нашите производи и ги оптимизира производствените процеси. Во тоа голем удел имаат нашите специјализирани и добро организирани производствени алатки. Покрај тоа обезбедуваме и оптимални услови, како на пример во логистика и испораката just in time (токму навреме).

Со понатамошно обработување на полимерните материјали можат да се добијат различни карактеристики на производи. Нашите механички и технички делови располагаат со широка палета на модерни постапки на обработка. Високоспецијализирани инженери за развој и техничари се грижат за усогласеност со нарачателот, која е потребна.

При креирањето на сопствени моќни алатки, самите креатори и инженери се грижат за постигнување на што е можно повеќе резултати. Тие поседуваат големо искуство и најмодерни машини. Идеалните услови и тимската работа на стручни лица од сите нивоа придонесуваат за нашиот успех.

Обработка на полимери

РЕХАУ преработува голем број на различни полимери

  • Во постапка на екструдирање во сите можени изводливи пресеци
  • Во постапка на лиење под притисок, делови на машини со моќност на затворање од 200 kN до 40 000 kN
  • При примена на специјални постапки, техника на внатерешен гасен притисок, двокомпонентно лиење под притисок, вбризгување
  • Во постапка на екструдирање со компримиран воздух во делови на волумен од 1,5 до 250 литри, пред се за системи за проток на воздух, лакирање на задни спојлери и резервоари за вода во автомобилската индустрија
  • Во постапка на правење пена, нова форма на создавање меури, која всушносте е најекономичната постапка за производство на изолирани протоци на воздух

Конфекција/Лакирање

Постапките за финална обработка кои се применуваат во РЕХАУ имаат голем обем на активности, меѓу другото:

  • Лакирање првенствено на надворешните делови во автомобилската индустрија во сите бои за автомобили
  • Облагородување на надворешната површина преку обложување, каширање и печатење
  • Конфекција/монтажа преку обработка со и без копчиња, монтирање и склопување
  • Виткање и поврзување со користење на најмодерна техника на роботи и ласер
Печати