Животна среднина

Одговорно делување

Во оваа смисла, ја развиваме свеста на нашите вработени, за континуирано подобрување на животната средина. Поставуваме заеднички цели, кои ги реализираме преку успешни програми и поединечни мерки. Нашите муштерии ги информираме за еколошките аспекти на нашите производи, исто како што ги земаме во предвид еколошките критериуми при изборот на наши добавувачи.

Сите форми на загадување на животната средина ги сметаме за сериозни. На сите локации низ светот, тие се строго набљудувани. Уште во фаза на планирање на нови активности, нови производи и процеси ги проверуваме можни сите влијанија врз животната средина. Притоа превземаме огромни мерки за да ги спречиме емисиите кои би настанале при дефект.

Одговорност

Суштината на нашата одговорност е политиката за животната средина на РЕХАУ. На сите седишта нашето претпријатие спроведува еден систем за управување со животната средина и во многу делови е сертифициран со сертификат ISO 14001.

Сигурност

Нашиот Оддел за сигурност/животна средина сериозно има сериозна задача за спроведување и следење на законските прописи, како и за подобрување на управувањето со животната средина. Активностите на рециклирање и проценка се во тесна координација на деловните области градежништво, автомотиви и индустрија со одделот за хемија.

Активноси

Уште од педесеттите години на минатиот век РЕХАУ го собира отпадот од производството и повторно го користи. Веќе од седумдесеттите години нашите производи носат ознаки за материјалите од кои се изработени. Кон крајот на осумдесеттите години нашето претпријатие иницираше концепти за отстранување на опасните материи.

Еден друг пример за целосна одговорност на РЕХАУ во однос на производите, претставува изработката на концептите за рециклирање на производите и градежните елементи од доменот на автомобилската индустрија. Уште во развојниот стадиум беше разработен детален концепт од страна на наѓите инженери, за подоцнежно користење на градежните делови.

Меѓутоа, свесност за заштита на животната средина за РЕХАУ не претставува само развивање на артикли кои можат да се рециклираат, туку и произведување на производи кои овозможуваат користење на рециклираниот материјал кој е со потекло различно од тоа на производите. Па така, ние меѓу другото ја развивме и Recycling контролната шахта RAURECO, која овозможува квалификувано внесување на DSD- материјалот во еден технички висококвалитетен производ.

Исто така РЕХАУ многу интензивно се занимава со развивање на нови полимерни бленди, што овозможува комбинирање на карактеристиките, својствени за материјалите и обезбедува висококвалитетно рециклирање на материјалот на производите. Намалувањето на разновидноста на материјалите што е поврзано со тоа е соодветно на размислувањата за рециклирање.

Политика за животна средина

РЕХАУ развива и произведува производи и системи од полимерни суровини, кои во целост ги исполнуваат критериумите за заштита на животната средина.

РЕХАУ ги почитува сите законски регулативи за заштита на животната средина. На сопствена иницијатива и одговорност се раководиме според законски регулативи.

Предизвиканите еколошки оптоварувања се оценуваат и колку што е можно повеќе се избегнуваат. Се превземаат мерки за избегнување на емисиите.

Влијанието врз животната среднина на новите активности, производи и процеси се проценува уште во фазата на планирање, и се спречува до онаа мера која е можна и економски заменлива

Ние го поттикнуваме чувството за одговорност за екологија кај нашите вработени и ги информираме нашите муштерии за еколошките аспекти.

Исто така и при избор на нашите добавувачи ги земаме во обзир еколошките аспекти.

За постојано подобрување на заштитата на еколошката средина, поставуваме цели. Нивното реализирање е овозможено преку еколошки програми и поеднинечни активности.

REACH

На 01 Јуни 2007 г. стапи на сила новата европска регулатива за хемикалии REACH. REACH е единствен систем за евалуирање, регистрирање и авторизирање на хемикалиите со цел подобрување на заштитата на човековото здравје и животната средина. Затоа сите суровини произведени во ЕУ како и увезените материјали во ЕУ подлежат на процес на регистрирање.


Бидејќи РЕХАУ произведува исклучиво производи а не суровини, не сме затечени многу од REACH. За спроведување на конкретните обврски се ангажира посебен проектен тим.

Доколку имате конкретни прашања за РЕХАУ производите и REACH обратете се на reach@rehau.com.

Печати