Профил ГРАДБА

РЕХАУ - иновативен системски понудувач за ГРАДБА

РЕХАУ во Европа е водечки понудувач на единствени системски решенија кои се засноваат на полимери и тоа во полето на прозорски и фасадни системи, куќна и објектна техника како и системи на цевки во нискоградбата. Со техничките капацитети на центарот за иновации ГРАДБА, како и компетентноста за обука на РЕХАУ академијата, фирмата нуди техничка и продажна подршка за своите муштерии.

REHAU

РЕХАУ го подржува успехот на своите муштерии и е нивен долгорочен и доверлив партнер. Главната копметентност на деловното поле ГРАДБА е да се создаваат системски решенија кои соодвествуваат на критериумите за екологија и економија, дизајн и функционалност, сигурност и удобност. Со тоа фирмата добива синергија и додадена вредност. Широката палета на услуги од проектирање, планирање па се до подршка при изведба, го заокружуваат нашиот пакет.

За прозорци и врати РЕХАУ произведува програми на профили и услуги соодветни според барањата на пазарот. Нашата понуда опфаќа техника, дизајн, маркетинг и сервис. Сите системи на профили се засноваат на една заедничка платформа за да се постигна оптимална продуктивност кај муштеријата.

Во објектната техника РЕХАУ развива и произведува интегрални и копмплетни решенија за модерено греење и ладење, инсталации за гас и вода, индустриски цевки и цевки за висок притисок, како и електроинсталации. Овде РЕХАУ дава и услуги,специфични и за целната група, и на своите партнери им нуди зрели и кокурентни програми за планирање, тендери, изведба и путање во работа. Од сето тоа профитираат: архитектите, проектантите, инсталатерите и трговците.

Во нискоградбата, фирмата придонесува за економски и еколошки напредок со интелигентните решенија за стопанисување со води, техника за пренос на податоци и енергија, како и градба на патишта. РЕХАУ дава подршка при анализа, концепција, проектирање, планирање, изведба и спроведување на дадените проекти.

РЕХАУ системите и услугите даваат сигурност и заштита на околината за генерации. Високата компетентност во техника, логистика и близина до муштеријата, обезбедуваат траен успех за фирмата и нејзините партнери во градбата.

Деловното поле ГРАДБА е носечки столб на РЕХАУ како светски активно претпријатие во обработката на полимери. Спечифичното Know-how од трите деловни полиња: Градба, Автомотиви и Индустрија, консеквентно го вмершува РЕХАУ со цел да ја зајакне водечката позиција во светот на ниво на производ, советување и сервис. Околу17.000 вработени низ целиот свет, придонесуваат за нашиот успех. На повеќе од 170 локации, ова независно фамилијарно претпријатие постојано се труди да биде блиску до пазарот и своите муштерии.

Печати