РЕХАУ го подржува ракометниот камп "Кирил Лазаров 7"

Neuer Inhalt
Neuer Inhalt
Neuer Inhalt
05.06.2017


РЕХАУ и Кирил Лазаров продолжуваат заедно да инвестираат во градење на вистински вреднонсти кај децата

РЕХАУ, и оваа година е партнер на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, почитувајќи ја идејата за овој вид едукација на децата.   Раководителот на РЕХАУ Македонија г-нот Сашко Даев  го препозна проектот како  комплекс на вредности кои на децата треба да им бидат основа за понатамошниот развој  и како спортисти но и како личности.

Ние уште од самиот старт на овој проект во 2015 година сме дел од  кампот и го подржуваме, за здрави поединци кои само преку своја лична едукација и просперитет ќе бидат полезни за колективот и општеството.

Како општествено одговорна компанија  насекаде низ светот сме активни сме во најразлични области. При тоа нашата цел секогаш е долгорочна.  Ефектот од ракометниот камп на  Кирил Лазаров  е нешто што ќе трае, а нашиот придонес е токму за децата и нивниот правилен развој. Вложувањето во децата е инвестиција во иднината. Вредностите кои го чинат човекот, човек се стекнуваат преку вакви проекти.

РЕХАУ групација

Како врвен бренд за производи и решенија кои се базаираат на полимери, РЕХАУ зазема водечо место во областа градба, автомотиви и индустрија на меѓународно ниво. Со исклучителна иновативната сила, структурата на компанијата која покрива повеќе бранши и ефикасната синергија помеѓу нив, не прави единствени во индустријата со вештачки материјали како модерно и професионално водено фамилијарно претпријатие. Нашите главни компетенци се: развивање на материјали и системи како и техника за нивна примена.   

РЕХАУ постои од 1948 година и е формирана во градот Рехау во Германија. Денес РЕХАУ на светско ниво повеќе од 20000  вработени и има 170 локации ширум светот.

Во Макеоднија РЕХАУ е присутен од 1999 година. Од продажното биро во Скопје се обработува пазарот во Македонија, Косово и Албанија. Продажното биро во Скопје, заедно со преставништвата со Приштина и Тирана брои 21 вработен. 

Печати