Собен регулатор НЕА

27.08.2013

Одличен дизајн и лесно користење

На светскиот саем ISH 2013, оваа година во Франкфурт, РЕХАУ за прв пат го презентираше својот нов собен регулатор НЕА. Уредот служи за регулирање на собна температура кај системите за површинско греење и ладење и има атрактивен дизајн, едноставно се користи и монтира како и многубројни дополнителни функции.

Интернационалниот прозводител, преработувач на полимери (РЕХАУ) кој делува, оваа година на светскиот саем за иновативен дизајн за бањи, енергетски ефикасна техника за климатизација и греење и обновливи енергии, го презентираше новиот собен регулатор за регулирање на собна температура кај повшинските системи за греење и ладење, НЕА. Покрај модерниот и атрактивен изглед, уредот има едноставно ракување и монтажа како и соодветни функции. Регулаторот ги има во три варијанти: НЕА Х (Nea H) за греење, НЕА ХТ (Nea HT) греење со временско вклучување, НЕА ХЦТ (Nea HCT) за греење и ладење со временско вклучување. Собниот регулатор НЕА го има во две варијанти со напојување од 24 волти и од 230 волти.

Одличен дизајн - едноставна монтажа

Висококвалитетниот регулатор е компактен и тенок и има осветлен и добро видлив екран. Монтажата е едноставна и сигурна а регулаторот може да се монтира во дозна или на самиот ѕид.

Лесно ракување- многубројни функции

Ракувањето на собниот регулатор се врши само преку три копчиња. Со деталниот приказ на статусот со јасна симболика корисникот едноставно сам се води низ системот. Уредот има безбедносен систем кој го штити од неправилно и недозволено користење а со нивото за краен корисник, нивото за сервис и нивото за експерти нуди најразлични параметри.

Функции - одлични
Дополнителните функции на регулаторот ја олеснуваат работата со уредот. Така на пример со програмата за временско вклучување во варијантите ХТ и ХЦТ може да се програмираат до три временски зони. Исто така на уредот за прикажува и часот. Индивидуално можа да се направат различни модуси како што е "модус на престој "(Präsenz-Modus),"модус на одмор"(Urlaubs-Modus),"модус на забава"(Party-Modus). Собниот регулатро НЕА ХЦТ може оптимално да се комбинира со РЕХАУ далечинскиот сензор.

Комплетен систем

НЕА е наменет за поврување со сповршинските системи за греење и ладење и ја дополнува понудата на РЕХАУ за оваа намена. На пазарот во Македонија ќе се појави од почетокот на октомври 2013.

РЕХАУ групацијата

Како врвна марка за решенија кои се базираат на полимери РЕХАУ е лидер во областите градба, автомобилска индустрија (мотиви за автомобили) и индустрија на меѓународно ниво. Со иновативан сила, присутност во повеќе области и од тоа произлезената синергија, нашето фамилирјарно претпријатие е единствено во индустријата со вештачки материјали. Нашите главни компетенци се развивање на материјали и ситеми и техника за површини. Со своите 19.000 вработени на преку 170 локации ширум светот РЕХАУ завзема значајно место како поттикнувач на иновации.

Во Македонија РЕХАУ е присутен од 1999 година. Од продажното биро во Скопје се обработува пазарот во Македонија, Косово и Албанија. Продажното во Скопје, заедно со претставништвата во Приштина и Тирана брои 21 вработени.

Печати